Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

ЗНМ со предлог за самозабрана

Независниот синдикат на новинарите на Македонија, како резултат на последните случувања и немоќта на новинарите да препознаат веродостојна вест и истата соодветно да ја пласираат, излезе со предлог до Здружението на новинари на Македонија. Имено, Синдикатот предлага ЗНМ да и предложат на Владата на Македонија, да се донесе закон со еден и единствен член:

Самозабрана за вршење на новинарска дејност.

Се претпоставува законот да е времено регулиран – една година, а едновремено се предлага тој период да се искористи за доедукација на комплетниот новинарски кадар во Македонија. Понатаму, се предлага посета на курсеви, семинари и работилници, кои ќе им помогнат на новинарите да ги совладаат вештините за препознавање на веродостојните вести и информации. Еден од најпознатите српски сајтови Njuz.Net, кој на последните Парановинарски бисерни вести, одржани годинава во главниот град на Нарнија се закити со златен медал, се понуди да посредува во доедукацијата на македонската новинарска фела. Едновремено, УСАИД договори комплетно отворање на архивата на престижниот The Onion.com, сè со цел да се сподели искуството и правилно да се искористи периодот на самозабрана. Нашиот репортер – Кромид Бучин, јавува дека на вонредното собрание на ЗНМ одржано вчера, со акламација биле прифатени предлозите на Синдикатот. Единствено останало да се разгледа дали периодот на самозабрана од една година е доволен, или треба да се пролонгира. Од службите за контраинформирање на Владата, јавуваат дека ќе биде проблем да им се објасни на дипломатите од ЕУ дека тоа не е нивна, туку идеја на самите новинари, но и дека се спремни да излезат во пресрет. Ако не се донеси законот вака како што е предложен, од ЗНМ се закануваат со генерален штрајк во траење од една година, што би го постигнал истиот ефект. Како поткрепа од неопходноста од донесување на законот, се повикуваат на една од основните цели и задачи:

- ЗНМ го заштитува угледот и достоинството на новинарот и новинарската професија и ја заштитува и поттикнува слободата на критичкиот и креативниот труд.

На прашањето од Кромид Бучин, зошто е потребно самозабраната да се регулира со закон, од ЗНМ досега без одговор.

Пара пост

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Categories: Пара пост

Коментирај со Фејсбук:

6 Responses so far.

  1. ЗНМ со предлог за самозабрана – [пара пост RibaroMK] http://t.co/Zisr1Ay8

  2. RT @ribaro: ЗНМ со предлог за самозабрана – [пара пост RibaroMK] http://t.co/kNxSvwuM

  3. ЗНМ со предлог за самозабрана – [пара пост RibaroMK] http://t.co/Zisr1Ay8

  4. Aleksandar says:

    ЗНМ со предлог за самозабрана – http://t.co/NXtv1dWe http://t.co/NXtv1dWe

  5. Kihu Potru says:

    RT @ribaro: ЗНМ со предлог за самозабрана – [пара пост RibaroMK] http://t.co/xW4iE7Nq

  6. @Potru @ordanoskiv @olivermk @salatoski фала на сподели! – http://t.co/F85cwI86


  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива