Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Сакав само да го постирам видеото, како што обично и правам во последно време, но низ лаф-муабет со Милозвучна, која се кандисува да влогира не знам веќе колку време (смајли), а пред неколку дена и Филип ме потсети, се решив да пишам зошто и како влог, видео, клип… Сум намнисал во тоа интервјуата, но сакам тука да спомнам што јас користам за да реализирам едно видео. Ова, не како: бегај бе, не знаеш шо се треба и колку многу труд, еж се раѓа и бла, бла… некој безвезе себевеличење муабет, туку напротив, колку е тоа едноставно, ако се има идеја што се сака да се направи и постигне. Зошто видео, влог, а не пост. Моите видеа јас си ги викам влог постови. Значи тоа што сум го направил како клип, ако не било во видео формат ќе сум го напишел како пост. Преку видеото ми е полесно да си го реализирам муабетот, или муабетите, кои ми прават џурултија низ глава. Ај забегав, ама простено ми е, зашо неколку години не сум пишал пост подолго од 140 знаци.

За да ви доловам пластично, ќе ви кажам што сè користев за реализација на последнит мој влог пост – Трол.

За видеото:

Напомена: Трол е 100% испран од дневнa политика и такви ликови!

Ова е еден од оние моменти кога мигот е клип, а клипот погледнат со очи широко затворени – аполитичен филм. Еден многу надежен motherfucker Douchebag се обидува да се идентификува како Трол. Зошто се гребе да го постигне тоа преку Кјубриковите очи?! Па нели е douchebag, заебан мајкоебач, и тоа по сопствен избор!

 

Troll from ribaro on Vimeo.

Што е користено:

Сите анимации се онлајн правени. Тоа се готови акции кои ги комбинирам во зависнос од потребите. За тоа го користам Go Animate сервисот, а за да имам поголем избор во теми и ликови одам со платената – GoPlus сметка. Немам намера да учам 3Д анимација, и некои професионални софтвери потребни за правење на високo продукциски клипови. Засега, не ми смета во реализацијата и немам време да губам во курсеви и сл.

Сценариото е она што ни еден софтвер, не може да го направи наместо тебе. Е тука мора да се подиспотиш. Најтешко ми е што мора да го прилагодувам сценариото на она што може да го реализира Go Animate. Но, ако се пушти фантазијата да работи и импровизациите постигнуваат и компензираат и тоа на наивно симпатичен начин (види ја сценава од фоткава погоре). Намерно одбирам наива. Којa висока продукција човече?!  На кого денеска му смета индивидуален естетски израз, за сметка на високо квалитетна продукциска баналштина? Тоа само кај снобовштилакот може да помине.  Спонтаното, непосредното, искреното, е денес во игра во светот, батали фабрики!

За гласовите во Трол ги користев  Text to Speech услугите од Ispeech, па за да не ги м‘млам енглеските фрази сам и да избегам од офшумови ради не/квалитетен микрофон, ги мутирав во Audacity 1.3. Мислам дека ќе продолжам да користам text to speech алатчето, можеби платената варијанта за да ми скрати во време.

Монтирањето е аргатската работа што бара умешност и трпение. Користам WMM 2.6 ама му вадам ѕрцки за да излези ѓоа пристојна монтировка. Далеку од пристојна е, но… На тоа би требало да поработам и бар основите од Adobe Premiere да ги научам #notetomyself.

Среди монтирањето, па сеа сакаш да го гледа народ? Има мал милиони такви сајтов, а можеш да ги хостираш и само на Фејсбук, па од таму да ембедираш, (гледаш не сум пробал тоа ). Комбинирам со хостирање на моите видеа. Користам YouTube и Vimeo. Трол е хостиран на Vimeo и му се мислам да си соберам парталите од YouTube и да се преселам комплет на Vimeo прфилот. Не дека Тубата не ја бива, ама пајачиштата Гуглови ем цинкарошки, душа ми вадат. А бе да не се толерирало ни 30 сек. музички секвенци пичка им матер нивна копирајтерска. Имам пробано финти со менување на име на музичкиот дел уште при монтирање, ама наоѓаат спаканиците начин да те најдат. Ги визирам, како оние од Матрикс, механичките октоподи, како ги викаа? Значи Vimeo е права ствар, без главоболки, бар до сега така се покажа.

И тоа би било тоа, во мојов случај. Ако се приметува, не користам камера за моите видеа, и можи сум и единствениот camera free влогер (смајли). Далеку поедноставно е да се избега анимираниот дел и да се оди како класичен влог, тука нема дилема. За тоа ти тртеба камера микрофон, идеја… Како да ви кажам? Можностите се неограничени, останува само да се експериментира.

Зошто не експериментираш бе?! Free your mind! Оперирај се од предрасуди или, ако не, измисли предрасуди… бирај, креирај! Ништо не губиш, башка и насушно ми треба некој за тркање! (смајли)

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Видео

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. да, да пост подолг од 140 знаци напишав! „Трол (што користев за да го направам влогот)“ http://ribaro.mk/troll-and-how-to/


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива