Ме цензурираа

CensureМе цензурираа!

Видеото „Ти се Македонија – Проект на студентите на Р. Македонија“, (линк до цензурираното видео: http://youtu.be/P11uVKNRcNg), инаку, вторoто видео од трилогијата за студентските протести на тема ‪#‎СтудентскиМарш,‬ веќе не можете да го гледате на мојот канал на YouTube.

Од YouTube, ме известија дека извесен “zoreski” пријавил “copyright takedown notice”. Прво мислев да не се заморувам со интриги и дека “zoreski” е некој фиктивен акаунт, но откако и по сугестија и на моите Фејсбук пријатели проверив, се работи за лицето Љупчо Зорески, линк до неговиот Јутјуб акаунт.

Гугл вели дека Љупчо Зорески, човекот што пријавил на Јутјуб за да го тргнат видеото, до неодамна (според Марнет, до 07-05-2014) бил единствениот администратиевен и технички контакт на официјалниот сајт  на владеачката ВМРО ДПМНЕ

glavno

(линк до регистерот Марнет од каде е земен скриншотот http://reg.marnet.net.mk/registar.php?dom=vmro.mk

После ова, јасно ми беше сè и не продолжив понатаму, зашто нели, нема никаква потреба од дополнителни објаснувања.

Се сеќавам дека јас овој човек Љупчо, го знам (не лично) уште од она убаво време на Блогерај. Тогаш се појавуваше со никот „кичевчанец“ и ми беше така ок. блог пријателче – си комунициравме коректно, бар јас така сум мислел.

Инаку, прво не ми се веруваше, како е можно да ми биде избришан клипот, зашто речиси за сите битни материјали кои ги користев во клипот имав побарано дозвола од авторите, освен за аудиото од кампањата „Ти си Македонија – проект на Владата на Република Македонија“, зашто нели, тоа е правено со наши буџетски пари, а ова мое видео е некомерцијално – активистичко. Во еден клип од 1 минута користам десетици, а некогаш и стотици различни елементи и секако некаде на некого му го имам нарушено „авторското право“, но досега никогаш (освен кога се работело за копирајт на музика) сум немал случај Јутјуб да ми цензурира клип за да не се гледа.

Ако мислат дека така ќе ме замолчат, многу се излажале, напротив: БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

Видеото сега е хостирано на Вимео, и можете да го погледнете на следниот линк: http://vimeo.com/114385305

Пред да биде цензурирано, видеото беше преземено и од порталите: Окно, Канал 77, Плусинфо

Овде можете да го погледнете и првиот клип од трилогијата за студентските протести со наслов: „Заминуваме – проект на граѓаните на Р. Македонија“. линк: http://youtu.be/XN0ZtF_oNms

Линк до мојот канал на Јутјуб: https://www.youtube.com/ribarotube 

Следи ме и на Фејсбук: www.facebook.com/RibaroMK

Модерен Хајд парк – Рибаро во Фокус

korica-3-1-1http://Како се злоупотребува интернетот за политички цели.com

Рибаро: Денес е многу тешко да замолчиш некого на Интернет, а уште потешко е да се најде некој кој има да каже нешто.

Пред околу 4 месеци македонската јавност буквално ја размрда еден клип на македонски блогер, објавен на јутјуб – „ Именденска б.б“ – линк, во кој од инсерт на филм со Хитлер, дијалогот помеѓу актерите беше преведен на македонски, но тој не беше директен превод, туку парафразиран, а главните актери беа премиерот и дел од неговиот владин кабинет. Клипот беше објавен во пикот на масовното рекламирање на Владата во скоро сите медиуми, кога мнозинството од медиуми беа безгласни букви и кога Европскиот парламент реагираше на недостиг од слобода на говор во земјава и опасноста, ако ситуацијата не се подобри, тоа да остане уште еден, нов критериум за влез на земјава во Европската унија.

Дали Интернетот остана нов и засега единствен простор во Македноија кој гарантира слобода на говор,односно слобода на изразување и место каде што секој може да си го каже своето мислење без страв од цензура, од притисоци, закани, тужби? И дали во пракса е така? До каде оди таа слобода? Или и интернетот е „благо“ контролиран, како и сè друго во нашите животи? А, од друга страна дали таа слобода значи дека само небото е лимит?

Continue reading

Влог: Досие – Именденска б.б.

Тониќ му испраќа писмо на Премиерот со детали од евентуалното исценирано гостување во емисијата…
Сценариото е обработено од повеќе аспекти и треба да ја прикаже наводната опсесивна љубов на народот спрема својот премиер.
Како дошол предлогот на Тониќ во рацете на интернетџиите…?

Што е превземено…?

Погледни:


(За превод на македонски, клик на стрелката во десниот долен агол на плеерот, и одбери “CC”)

линк, ако сакаш да ја видиш целата содржина на документот за која е врзано сижето во филмот.

Technorati tags: , , , , , , , , , , , , ,

2.84 милијарди зелени

Good директно од The San Fernando Valley  – Porn capital of the world многу суптилно ги презентира статистиките податоци од кои се здрвува… здивот.   Дали бројката од 2.84 милијарди долари приход само од интернет порно е доволен предизвик за да ја видите Kelle Marie или пак Marie е причината за да ги видите бројките, оставам на душа ви:

(за секој случај еве линк до видеото)

Ако при гледањето на клипот ви бегаа податоците еве ги:
12 % од сите веб сајтови се порнграфски
25 % од сите пребарувања на нет се порнографски
35 % од сите данлоудирања се на порнографски содржини
секоја секунда 28 258 интернет корисници гледаат порнографија
секоја секунда се трошат 89 $ за интернет порно
секој ден 266 нови порно страници се појавуваат на интернет
Зборот SEX е најпребаруваниот збор на интернет.
Приходот на САД од интернет порно во 2006 година изнесува 2.84 милијарди долари
72 % од корисниците на интернет порно се мажи
28 % се жени
Има 372 милиони веб страни со порно содржини
3 % од нив се Англиски
4 % Германски
89 % се од САД
најпосетувана страница за возрасни е: adultfriendfinder.com
земји кои ја имаат забрането порнографијата: Саудиска Арабија, Иран, Бахреин, Египет, ОАЕ, Кувајт, Малезија, Индонезија, Сингапур, Кенија, Куба Кина, Индија.
Нај посетувани страни дневно:
1. MSN.com – 220 милиони
4. youtube.com – 196 милиони
49. adultfriendfinder.com 7.2 – милиони

145. NYTimes.com. – 4.1 милион посети дневно
Kelle Marie презентерка

***

Циле – баче, арен?!
Наместо да ни ја ветеше  Jenna Jameson & компани која ќе ни носеше 2/3 милијарди зеленаши годишно, Ти.. ?!

Знам бе дека каснам години, ама секогаш кога ќе се спомене бројка поголема од милиони „зелени“ мене на срцушот полничок ме потсеќава, зашо таков к*р каков шо кркавме ние од дебелио нема ни Jenna кркано!

Абе каде е сега дебелиот, го видел некој?

Врска: Svakodnevnica

Од Каролина до Светот на тишината

Сакав да го постирам ова:
****

1. Ги гледав вестите кои се наменети за лицата со оштетен слух на МТВ1 во 18.00 часот. Ударна вест беше пласманот на Каролина во финалето во Хелсинки поткрепена со звуk и слика од полуфиналната вечер.

2. На  МТВ се прикажува емисијата „Светот на тишината“, а на сајтот има статија во која се вели:
clipped from www.mrt.com.mk

Глувоста на која и се посвети: науката,човештвото,болката е состојба која доаѓа и не си оди.Ве преселува во еден помал и поинаков свет во кој птиците не пеат,џагорот не допира до душата.. Ви нуди нов јазик во кој рацете ви стануваат главно оружје и битката во тишината е пред Вас.Во неа се вклучија сите, сакајќи даи се спротивстават на гостинката што сака да молчи.Да му припаѓа-те на тој ,,Свет на тишината,, значи дека слушате со срце,а вашето постоење го красат други мелодии.

blog it
Коментари по двете точки:

За првата точка (види го клипот на каналот на МРТ на youtube, односно првата вест од вестите, зашто клипот е долг):
Критикава ја насочувам директно кон уредникот кој е потпишан како Димитар Пачемски.

– Како е можно да се нема сенс за тоа што треба, а што не треба да оди како ударна вест во овие вести. Уште повеќе, да се нема осет и за тоа која е „публиката“, односно кој е нивниот хендикеп. Јас знам дека иако гледачите со оштетен слух не се во можност да ја слушнат песната ја чувствуваат радоста за пласманот на Каролина во финалето, но и сигурен сум дека во вакви моменти  се огорчени поради својот хендикеп, а вие го силите тоа чувство на хендикеп кое со самиот концепт на вести сакате да го елиминирате. Каков парадокс господине Пачемски, тотално промаршување.

Знаете, тоа му иди исто како кога мене (а јас сум кратковид – да не речам ќорав)  ќе ми кажат другарите: – „Пеер види го она п**е (тоа далеку  на пример 50 метри, за мене километри), абе бонбона, уф башка каква танга набацила…“. Тогаш мене ми е ќеф шо е фино чупето и сé. а од друга страна пак, криво ми е што не можам да ја видам таа финоќа Јас. Можи да е глупа компарацијава, ама колку да ми се свати поентата…?

За втората точка (мора да ја видите целата статијата во оригинал за комплетен впечаток):

Не навлегувам во содржината на напишаното, но:
– Не велам дека не се можни печатни грешки и лапсузи (и јас ги правам многу:) но во континуитет да не се употребува спејс после интерпункциски знак, e тоа е веќе многу и се работи за неписменост. Треба да се има малку чувство за естетика и да се чувствува одговорност кон читателите – публиката. Многу е глупо сега јас проС Рибаро да солам памет за писменост, но не ми преостанува ништо друго.

Ало… абе луѓево ако се глуви не се глупи, а вие  не заборавајте: пишувате на националниот сервис кој е огледало на медиумите во Македонија и вашата одговорност е многу поголема од сите други медиуми заедно… или барем треба така да e?!
****

После некое време сватив дека ваквиот пост –  сувопарна критика, е толку безначаен во споредба со тоа што мојата „деструктивна идеја“ изроди  многу значајна и хумана практика: презентација на вестите за лица со оштетен слух на каналот на МРТ на youtube која се надевам ќе има континуитет.

Од денешново искуство дојдов до овој заклучок:
– Секоја споделена идеја раѓа друга идеја или барем отвора простор за да се роди нова… блогов е токму тоа.

Чудни се патиштата б/л/ожји,  уште повеќе, ако ги одиш со вистински пријатели.

пс: Не ме прашувајте како мојот намислен и несуден пост помогна да се презентираат вестите на youtube, зашто тоа не е воопшто важно.

Technorati Tags: , , , , , , ,