Хјустон, имаме проблем

Ликовите во овој Спејс шатли со име Тралаладонија, сами се одбраа за да ја претставуваат нашата вселенска мисија. Разликата помеѓу Идиократијa и Тралаладонија е од морфолошки карактер и без еволутивни влијанија.

Користени фотографии: Мите Кузевски од настанот #protestiram.http://goo.gl/nPylq

Аудио: Idiocracy http://goo.gl/VHHU

Погрешивме ли – #протестирам


Моето лично видување за Протестите против полициската бруталност. Искористени се и сите видео снимки испратени за поддршка на протестите, како и други снимки и фотографии.

Kомпилациското видео од сите партиципиенти кои испратија видео со поддршка за #protestiram можете да го погледните тука .

Remember – remember the 8-th of september

Како оваа шарада од парада, што ја викам Инуендо се најде во сценариото на Anonymous, не е тешко да се претпостави. Но, зошто броенка, побогу?

Поставено и на Окно

 

Табу #protestiram

“A taboo is a strong social prohibition (or ban) relating to any area of human activity or social custom that is sacred and forbidden based on moral judgment and religious beliefs.” – Википедија

Ако за социјалните мрежи и дел од традиционалните медиуми темата #protestiram  е главен настан, тогаш зошто Протестите се табу кога се работи за јавните личности, експонирани (т.е. експлоатирани) медиумски ѕвезди. За хронологија на настанот, обратете се тука, а на блогот justiceformartin.blogspot.com ги агрегираме содржините постирани на нет поврзани со протестите за Мартин Нешковски.

Туку, популарниве ни јавни фаци ми беше муабетот и како тие се вклопуваат во сликава. Едноставно, не се вклопуваат, бегаат од големава слика. Повеќе од 20 дена се случуваат протести и тоа кај нив в комшии (околу кафичите каде што се шемат), а тие, ниту еден од нив не се одважи да си го каже својот став без разлика поддржувал или не. Оние фацки кои не можеш со стап да ги набркаш од Ексклузив, Тротоар, Бекстејџ  или како им се викаат тоа збиранките шмизлави, е тие немаат став за #protestiram. Значи, или табу им е таа тема или не ги сметаат за свои обожаватели протестирачите, па не им е битно . Ако се земи фактот дека нашиве ѕвезди во просек продаваат по 1000 копии од своите носачи на звук, а концертите ги полнат со гратис влезници даени на стрини и вујни, тогаш единствено останува она првото – табу тема им е. Зошто табу побогу, би се прашал секој нормален? Нит ќе ги избркаат од шанк, нит некогаш платиле казна ако ги запри некој џандар за вожња во надринкана ситуација, нит нешто слично. Нема да ги ангажираат за да тезгарат во изборни кампањи? Па секогаш ја имаат и другата страна, ако не лево, десно ќе ги приберат. Нив сè им е дозволено. Затоа, кој ги ебе таа шака џанаци што се мрцварат +20 дена по улици за едикојси таму што ни името првите денови не можеа да му го научат – мора тоа да го мислат. Едино тоа би бил логичниот заклучок, од нивната летаргичност и индолентност. Чим не им ја ремети нешто сенката додека го сркаат своето прво утринско кафе во 13.00 часот во… (ајде речи некоја шемаџиска дупка?), сè до тогаш сè е ок. во нивниот свет. Или, ај да еуфемизирам: така угужвани во тараските фотељи ем табуретки се еготрипаат во стилот – алал да им на децава бе, изгинаа. Ама малку се збираат бе маму им ебем, шо му е на народов шо не излегува, која багра сме бе за ништо не не бидува… и срк од кафето и дим од малборичот, онака задоволни што прогресивно поддржуваат нечија(?) борба. И едниве и другиве никако да се изјаснат јавно бе, кој кукавичлук, не ми се верува.

Јована пак, умислила дека може да ја дадат својата поддршка со видео, оти нели, инаку – по улици, на ѕвездиве им се реметел комодитетот. Еј, 20 дена континуирани протести не им беа довони да го помрднат курот/пичот од место, па сега треба нешто, као да се молат, а бе… Еден, наводно и изразил спремност да се сними, ама немал со што. Како бе, немал со што, а од телевизор не може да го извадиме?!  Искрено, мислев (се надевав) дека бар ќе го искористат моментот за себепромоција, или, ако не друго ќе го следат колегите од Србија 1 2 3 4 5 кои јасно даваа поддршка за не толку слични случувања. Нцки, #cicki…!

Аха, ме прашуваш каде е останатиов 2 милионски патриотски граѓанштилук да си ги брани своите чеда од полициска тортура? Ене ги, ми ѕвонат на мобилен и ни даваат поддршка, пцујат ‘искрено‘ против апатијата, во тек се со случувањата. Не, не го обичат тие ни Латас, ни Сарма, ама дремат дома.  Знаете, тие се зафатени! Знаеш, мора да работат, да ги чуваат децата, пресно лакирани нокти имаат, го мочаат кучето точно во 18.00 часот, мора да ги разбереме. На другиве им е страв да не ги види шефот, па можат да летаат од работа. Третиве имаат син за вработување, па не си играат со судбината. Четвртиве, така нешто во тој стил, ама сите тие имаат закачено беџ на фејсбук  и нон-стоп стискаат лајк на настаните, еј! Ние соросоидниве немаме ни работа ни сабота, избркани сме од дома, се молкниме по улици и сè ни е рамно зашто Сорос чекира грчка исплаќа и кур не боли. Или, децата ни се во странство, сопругите здраво нафатирано од кај мама и тато, сметката полна, и сега едино ни останува да запалиме лимузината, да се преоблечиме во Бетмени и Робини и да протестираме со вувузелите, и мегафоните финансирани од Б.Ц.

Шо да ви кажам? Јас пак, си умислив дека е можно, ако не друго, бар овие зафатениве а поддржувачи, бар по еден клип да си снимат, онака ко за подома и да ја покажат поддршката на тој начин – со својот лик, за да се покажеме дека не сме безлична раја, туку народ незадоволен што не се плаши. Читни тука повеќе за што ми е муабетот.

Но, тука е табу и кога се бара право на живот ебате, не знам што се замислувам!