Муви

post.jpg

Ова е Македонска пародија на Miley Cyrus – Wrecking Ball. Не, не сакав оној сексипилен изблик од Мајли да го унакажам со Владетелот, како го јава  судството и со нивни амин руши сè пред себе. Не сакав и со портокаловите лопати, со токмаците и ебените зандани во кои нè одгледуваат да се занимавам. И за мувите не знам дали сакав да кажам, ама па тие, секогаш се тука кога смрди, не ти даваат избор. Сакав за пеперугите, за круната, или за цицињата од Мајли кои се наѕираат да направам пародија.  Ако некој успее во тоа, нека ми пиши, ќе ја бришам мојава.

Директни линкови каде што е хостирано видеото:

You Tube: http://youtu.be/_g0lVBC2DBw и Vimeo: http://vimeo.com/85707027

 

Хитлер, слободен за преземање


Ова е моја адаптирана анимација од епската сцена од филмот за Адолф Хитлер – Downfall.  Од овој линк (десно долу во категоријата About this video), можете слободно да го преземите и да го адаптирате видеото со ваш превод. Лиценцата вели да го наведите изворот, па ако не ви е тешко, пишете само кој е заслужен (www.ribaro.mk) за анимацијата и ништо друго.

[note: За да го данлоудирате видеото треба да имате Vimeo акаунт. Минута работа е тоа, ако навистина имате желба.]

Интернет мемето со Хитлеровата сцена, е едно од најискористените видео сцени на Јутјуб. Направени се стотици пародии и различни адаптации на оваа сцена. За прв пат (од македоската интернет заедница) вистинската сцена ја имам искористено уште во 2008 година во видеото Досие – Именденска б.б. Потоа, по повод настаните на Кале, ја направив и анимацијата со наслов Свирипичинска б.б.

Некаде во 2010 година Constantin Films – продуцентската и фирмата задолжена за дистрибуција на филмот Downfall  (original title – Der Untergang), затскриен зад копирајт регулативата, се заканија дека ќе ги тргнат сите видеа од Јутјуб, кои ја содржат оваа сцена. Tака, некои видеа беа целосно избришани од Јутјуб, а некои само парцијално беа цензурирани. Многу лузерска проценка направиле дистрибутерите. Наместо да ја искористат популарноста на мемето за да се зголеми продажбата на филмот, тие, доброволно се откажуваат од една вирална кампања со епидемиски потенцијал.

Како и да е, ова е мојот скромен придонес контра сите PIPA, ACTA, SOPA и слични копирајт драконски рестрикции кои ни се закануваат. Па повелете, симнувајте, преземете, адаптирајте..