Хитлер, слободен за преземање


Ова е моја адаптирана анимација од епската сцена од филмот за Адолф Хитлер – Downfall.  Од овој линк (десно долу во категоријата About this video), можете слободно да го преземите и да го адаптирате видеото со ваш превод. Лиценцата вели да го наведите изворот, па ако не ви е тешко, пишете само кој е заслужен (www.ribaro.mk) за анимацијата и ништо друго.

[note: За да го данлоудирате видеото треба да имате Vimeo акаунт. Минута работа е тоа, ако навистина имате желба.]

Интернет мемето со Хитлеровата сцена, е едно од најискористените видео сцени на Јутјуб. Направени се стотици пародии и различни адаптации на оваа сцена. За прв пат (од македоската интернет заедница) вистинската сцена ја имам искористено уште во 2008 година во видеото Досие – Именденска б.б. Потоа, по повод настаните на Кале, ја направив и анимацијата со наслов Свирипичинска б.б.

Некаде во 2010 година Constantin Films – продуцентската и фирмата задолжена за дистрибуција на филмот Downfall  (original title – Der Untergang), затскриен зад копирајт регулативата, се заканија дека ќе ги тргнат сите видеа од Јутјуб, кои ја содржат оваа сцена. Tака, некои видеа беа целосно избришани од Јутјуб, а некои само парцијално беа цензурирани. Многу лузерска проценка направиле дистрибутерите. Наместо да ја искористат популарноста на мемето за да се зголеми продажбата на филмот, тие, доброволно се откажуваат од една вирална кампања со епидемиски потенцијал.

Како и да е, ова е мојот скромен придонес контра сите PIPA, ACTA, SOPA и слични копирајт драконски рестрикции кои ни се закануваат. Па повелете, симнувајте, преземете, адаптирајте..

 

 

Свирипичинска бб.

За настаните на Кале видени низ моја диоптриа, ја анимирав и адаптирав една од најискористените сцени на легендарниот Dounfall.

За да се појави преводот, од плеерот одберете “CC”.


Што точно се случува на Свирипичинска бб. никој нема да дознае, но реата почна неподносливо да штипи. Дали Газазова ќе се налути што нема улога, колку Карло ја заслужува славата, ќе следи во наредното продолжение.

Објавено и на Окно.мк

You Tube линк.

Влог: Досие – Именденска б.б.

Тониќ му испраќа писмо на Премиерот со детали од евентуалното исценирано гостување во емисијата…
Сценариото е обработено од повеќе аспекти и треба да ја прикаже наводната опсесивна љубов на народот спрема својот премиер.
Како дошол предлогот на Тониќ во рацете на интернетџиите…?

Што е превземено…?

Погледни:


(За превод на македонски, клик на стрелката во десниот долен агол на плеерот, и одбери “CC”)

линк, ако сакаш да ја видиш целата содржина на документот за која е врзано сижето во филмот.

Technorati tags: , , , , , , , , , , , , ,