Extra ball

Сакаш
гу-гу, пу-пу, пу-пи
сакаш
дај да видам, на да видиш
сакаш
доктор и сестра, мама и тато
Сакаш
да вадиме цувки
сакаш
џамлии да тркаламе
сакаш
да играме морт или
сакаш
на пирли
сакаш
со тегет кецеља
сакаш
по ОТО и Домаќинство
сакаш
на екскурзија или
сакаш
на матурска
Сакаш
фрустрирачко-домаќински
сакаш
кицошки галантно-академски
сакаш
со голи цицки и провиснати мадиња
сакаш
од еден на друг бокс
сакаш
бам-бам-бамп… тиру-ли
сакаш
Кентаур да го тилткаме
Сакаш
сакаш
шајка да ти влези
сакаш
од спун прво црната па белата
сакаш
низ цевка да редиме тапи
сакаш
по една пипка
сакаш
чичко, дај еден жетон!