Блог Маратон на Gadgeterija

blogmaraton_gadgeterijaШто е БлогМаратон?
Тоа е луд проект на маратонско блогирање.

Кога започнува?
Точно на полноќ во петок, Борис, ќе почни непрестано да пишува постови на својот блог и така ќе шпарта по тастатурата се до сабота на полноќ.

Која му е целта?
Нема цел, ќе го прави тоа што и секојдневно го прави во последните 3 години, но со лудо темпо.

Кој е лудакот кој ќе се нафати на таков предизвик?
Борис го уредува блогот  Gadgeterija повеќе од 3 години. Тоа е еден од најпопуларните блогови во Хрватска и регионот, а главно пишува за гаџети, гаџетолики појави и разни интернетски бизарности што го окупираат секој netizen.

Некој ќе тргни на Хималаи, некој во теретана, некој ќе се дави во
алкохол, а некој во дрога. Јас блогирам… и во тоа уживам.

– Борис Радошевиќ човекот блогерот од Хрватска во интервјуто за Netokracija.

Блог маратонот првично го замислил да трае 12 часа, но благодарение на неговата најдрага, која изреагирала како што нормално реагира жена: „12 часа, 12 часа? Биди фраер па пишувај 24 часа…“, ќе  трае 24 часа.

Блог маратонот започнува в петок 27-ми ноември  во 24.00 часот, завршува  на 28-ми во 24.00 часот.

Како да го следите?
Можете да го следите на www.gadgeterija.net
или преку RSS – www.gadgeterija.net/feed
преку твитер – twitter.com/gadgeterija
Ако се одлучите да го следите преку Search на Twitter, Hash tag-от е #BlogMaraton.
Јас ќе следам директен пренос со слика на каналот www.ustream.tv/channel/blogmaraton тоа во случај да не го оптеретат многу воајериштава блогерски :).

Среќно Борисе!