Муви

post.jpg

Ова е Македонска пародија на Miley Cyrus – Wrecking Ball. Не, не сакав оној сексипилен изблик од Мајли да го унакажам со Владетелот, како го јава  судството и со нивни амин руши сè пред себе. Не сакав и со портокаловите лопати, со токмаците и ебените зандани во кои нè одгледуваат да се занимавам. И за мувите не знам дали сакав да кажам, ама па тие, секогаш се тука кога смрди, не ти даваат избор. Сакав за пеперугите, за круната, или за цицињата од Мајли кои се наѕираат да направам пародија.  Ако некој успее во тоа, нека ми пиши, ќе ја бришам мојава.

Директни линкови каде што е хостирано видеото:

You Tube: http://youtu.be/_g0lVBC2DBw и Vimeo: http://vimeo.com/85707027

 

Свирипичинска бб.

За настаните на Кале видени низ моја диоптриа, ја анимирав и адаптирав една од најискористените сцени на легендарниот Dounfall.

За да се појави преводот, од плеерот одберете “CC”.


Што точно се случува на Свирипичинска бб. никој нема да дознае, но реата почна неподносливо да штипи. Дали Газазова ќе се налути што нема улога, колку Карло ја заслужува славата, ќе следи во наредното продолжение.

Објавено и на Окно.мк

You Tube линк.