Оркестар Титаник – Војдан Чернодрински

Едноличноста на утрата копирани како мое секојдневие, беше болна…

Беше болна, зашто кертриџот беше препотентен и непрестануваше да го храни чувството на бескорисност. Тоа чувство што оправдано ме обземаше присвојувајќи си ја улогата на печатач, имаше стремеж да згасне со доаѓањето на 20 часот (со почетокот на првата претстава)… но што по завршувањето на претставата?

Кога мајчиниот кертриџ ќе почни да се празни?

Да го викнам другарми Златко да му ја смени програмата на печатачот, за тој да почни  да печати поинакви утра?

Да си купам ласерски печатач за до го зголемам интензитетот и така да се ги скратам маките?

Ќе го фрлам печатачот во канта  и ќе го сменам текот на работите… но не сега, сега е 19:30 часот, немам време…

Да издржам уште неколку денови…

Во петок завршува Фестивалот

Од петок започнува Светското Првенство

Што ги врзува овие два настани?

Јас ги врзувам, а се надевам дека тие ќе ме одврзат од едноличноста на утрата…

Ма што ми е крива техниката?!

Наместо печатачот, главата да си ја фрлам или да ја извадам од песокта?!

Тоа ќе го направам… но не сега, сега е 19:45, немам време. Колата ми е кај Антонио (ми го менува амортизерот… е тој де, од пред некој ден), а мене ми требаат 15 минути до Народниот Театар “Војдан Чернодрински”-Прилеп.

И пак исто…

Стасавме едвај.

Претставата почна како што почнува се кај нас…

… Со задоцнување…

“Оркестар Титаник”    (Народен Театар- Куманово)

Христо Бојчев е името, а презимето- Љубиша Георгиевски (толку е добар режисер колку што е лош политичар)

Сите си имаме свои бродови. Сите сакаме нашите бродови да пловат по пространството кое немора да биде водно. През таа пловидба среќаваме и други бродови: помалку или повеќе како нашиот. Тие се или карневалски или пиратски, но никогаш трговски… а најчесто се бродови на духови. Овој го крстиле Титаник и беше од оние карневалските- демек си имаше оркестар. Неговата несреќа беше што немаше судбина.

Неговата среќа  беше што беше пијаница (се испиваше себеси) и илузионист, така да не беше сам како што вушност беше. Сопствената илузија за Илузионистот му помогна да не си се доиспие до последна капка, но веќе беше доцна…

Неговот брод тонеше, тонеше, но тој си имаше музика, си имаше оркестар…

Беше страшно, но небеше тажно

Можете ли да замислите, како им е на тие бродови кои никогаш не испловиле од своите пристаништа?

Јас, така си ги прочитав: Дац, Александра и другарите, а вие као сакате читајтеме мене.

Женидба – Војдан Чернодрински

Пороен дожд ја измива улицата

Кратерот се гости со неговите сеќавања

Асфалтот плачи по својата целост

Јас сум на годишен курс по велеслалом, а треба да полагам за слалом – дотолку се нагостиле кратерите

Од толку гостења, како јас да сум им на гости

Иако неканети фрлаат чифтиња

Градоначалникот го полни стомакот, дождот – дупките а јас џебот на Антонио –  автомеханичарот.

Ми ја упропасти пртставата уште непочната

Да му е… матер! (се мисли на градоначалникот, а можи и на Антонио… ме одра)

Сега, една “Женидба” ме чини 100 евра + 100 денари (толку чини еден амортизер и тоа лев)

Театарот на улиците ќе ме закаснеше за на претстава

Стасавме едвај

Претставата почна како што почнува се кај нас…

…Со задоцнување…

“Женидба” (Народен театар- Битола)

Николај Василевич Гогољ е името, а  презимето – Лилија Абаџиева

Длабоката едноставност на Гогољ, кој од една обична ситуација прави величина пресликана од неговиот духовен немир, Лилија ја поедноставува до гротеска. Ликовите пренесени од младите џамбази од Широк сокак се чини и ја отворија душата на Абаџиева која се расплини до солзи радосници на крајот. На моменти сцената играше, на моменти тоа беше светлото, а за цело време беа: Степановска, Петрушевска, Муратовски, Мирчевски и другите. Приказната е позната класика, а адаптацијата модерно кабаре.

Се на се извонредно комшии, како и секогаш.

Црнила 005 – Војдан Чернодрински

Во аромата од тутунот се помеша гужвата од гостинот и темнината од ноќтта. Тутунот е исконот на напатените ми сограѓани, гостинот е паталникот на сродната ни душа, а темнината ни е друшка и повез на одродената ни радост.Тие во едно, иако можеби чудно се мојот град тие се ние, тие сум јас.

Гостинот уште се и: умните филозофи кои еднаш во годината се сеќаваат на мојот град, а на еден од нив дури и како во шега му текна дека: – “Во Прилеп, говедарите се филозофи, а филозофите говедари” – на што ние слатко се насмеавме и подзамсливме.

Излегуваќи од филмот наречен животна драма, нешто ми ги помилува ушите и ме натера на радост. Себично се препуштив… Со звук од искрена блискост – Фолтин ја понесе и ја пренесе непосредната искреност својствена само на вонвременските и вонгенерациските музичари или својствена само на Фолтин. Нивниот уличен перформанс, збогатен со илјадната публика, мирисот на росните липи, скромниот огномет, искрените думи од Кирил Ристески ( јас си го викам Прилепски ) и надокрај наградите за животно дело на: Ленче  (Иванова) Делова и Бранко Ставрев беа само пупка од која треба да се роди цветот на годинешниов Војдан Чернодрински во Прилеп.

И пропупи пупката, како што и запупи…

– “Црнила 005”.

Намерно или не, Унковски не потсети на нашиот континуитет – на нашата немоќ, дефетизам и себенегизам. Преку ИванеЕЕЕЕЕЕЕ и другарите ја претстави димензијата на времето и неговиот пат:

– “Одот на времето го мерат куршумите што влегуваат и излегуваат од шаржерот”.

Во тој ‘од, ИванеЕЕЕЕ и другарите беа куршумите и како што е редот, тоа и ги сотре, но за жал ја сотра и Македонија, се сотревме самите.

Актерите: Николина Кујача (го доведе  својот сензибилитет до работ на болка што ја почувствував дури на 17 ред стол 5, второ место десно), Тони Михајловски (за кој не сум сигурен дали го мразам или е најсилниот жив актер во Македонија, а тоа во претставата и го покажа), Јовица Михајловски,  и другите,ја издржаа својата големина и  креативноста на Унко, помогната од фантазијата на Мета Хочевар.

На крајот, подразбуден од аплаузот на говедарите и филозофите, зашто два часа бев подзинат од впечатокот, си реков како што вели и Војдан Чернодрински во Македонска крвава свадба:

– “Ах! … Сон беше, али навистина?(…) Ах, сон требит да беше! (…) Саглам сон требит да е бил…”

Војдан Чернодрински – гласот на народот

Деновиве, на пеколниве горештини кои некогаш се нарекуваа пролет, а денес  само календарски се идентификуваат со пролетта, зашто наликуваат на афричко лето, освен топлотен ме потресе уште еден ШОК. Македонскиот Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп е истовремено со предизборната кампања за парламентарните избори.

Еве зошто тоа е шок…

Единстевена, пред сé медиумски и  донекаде финансиски на ниво на држава, покриена манифестација во Прилеп é Македонскиот Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински”, кој секоја година, иако е четириесет и приви по ред, ги преживува повторно и повторно ембрионалните болки,

Во целата таа шарада, која се влечка со години,.за тоа: дали фестивалот треба да се одржува во Прилеп или во друг град, кој треба да ги селектира претставите, како да се делат наградите, кој е во жири комисијата, кој да го отвора фестивалот, дали говорот треба да го напиши БУКАРО или ВЕНКО, дали на Кирил Ристески (симнувам капа, зашто ако не е тој, нема ни фестивал) да му ја пораснеме косата и мустаќите за да ни личи на Крали Марко и уште повеќе да си го сакаме и такви се нешта и… ништа.

За да не го нарушат впечатокот од предходните години или за да не ни останат покуси, годинава удрија и на нас гледачите.

Како?

Нас, ни криви ни должни, неспособноста на организаторите ќе не чини по цена двапати поголема од таа во предходните години. Имено: една влезница за претстава која се натпреварува во официјална конкуренција и која лани чинеше 50 ден. годинава е 100 ден, а за претставите кои се “офф програма” влезницата е  50 ден. а лани беа бесплатни.

Ако тоа е цената за на нашите актери да им се зголеми двојно хонорарот, тогаш: пеки, пардон, се извињавам ,… но знаеќи дека тоа нема благе везе со нив, туку со неспособноста на  предизборната лакрдија и пазарења, препукувања, префрлања на топката од градоначалник на министер и обратно, за надокрај онака исшутена од шутурање и игнорантски тврда се удоми на главата те. на Нас (недолжната публика), е тогаш боли.

А театарот живее за публиката, актерите живеат за (од) публиката, градот Прилеп живее (културно) од (за) Театарскиот Фестивал … Ајде да речеме дека тоа со цената боли по џеб, ама  нема везе, но, ако им е целта да не задржат на плоштадите наместо на претставите, е тогаш се заебале!

Нивната улична претстава која се вика: “Тран.. тран.. дотран(чена)зициска бајка” ни е веќе гледана (абе барем актерите да ги сменеле или сценографијата), на репертоарот е през целата десетолетка и повеќе и сакале – нејќеле ја знаеме до последна реплика,

Значи ветва е, гледана ни é и не ја сакаме… МАРШ!!!

Ние сакаме театар, а не поли(пропилен)тичари.и разни синтетички влакна и ткаенини со кои се китат сцените на нивната дрвено – метална ујдурма и пивтиеста бљува(ч)ница, наречена политичка кампања.

Но ако… нека тераат, но нека не не мешаат Нас… барем годинава нека не одминат.

Нека не остават да си се потиме во неклиматизираната сала на Домот на Културата Марко Цепенков, нека не остават натрупени еден на друг од гужва и онака на раат да ја впиваме влагата на руинираниот театар кој го носи името на Театарскиот Фестивал, нека немаат испечатено брошури и плакати за Фестивалот на два дена пред почетокот, нека младата вистинската публика, виси по ходниците и скалите од салите, а дебелите мевловци кои добиваат билети по партиска заслуга и кои се тука само за да бидат видени – нека мешетарат на првите редови со вклучени мобилки, нека вклучуваат претстави по *Рамковна застапеност*… ако бе, ако.

Единствено што бараме Ние е: само една година, а за наредната… наредната ќе преговараме повторно, ако дотогаш не се доистребиме, вие од пеколна  амбиција , а Ние од анемична индолентност.

КУЛТУРНО ве МОЛИМЕ!!!

Исклучетене годинава од вашите предизборни галами, зашто само така ќе не оставите на раат да ги поминеме деновите од втори до деветти јуни, колку што трae Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп.

Ако не… културно ви порачуваме  Е…… МАТЕР….

за официјалната страна на фестивалот тука

( За текот на фестивалот ќе следат дневни продолженија и блогерски критики со истиот наслов -Фестивалот почнува в петок 02-06 2006г. ).