Тик-Так

Сега сум клатно

Тик:

– Со моите 34 се заробив во дете.jpg_OldClock.jpg

Сакам сé наеднаш да примам, а тоа сé е толку многу… толку многу – многу, а јас сум толку многу назад… недостижно многу – многу заостанат.

А се стасува, велат.

Е да, но од каде треба да се почне?

Страм ми е дека се уште немам почнато, но нели е пострамно да не се почне воопшто или да мислиш дека си завршил, а ти всушност в место тапкаш…

тап, тап, тап, тап… ТАП(А).

Так:

– Тапа или затка и запек или тапкарош.

Тапа или затка е едно исто. И двете се фрустрирачки средства за контрацепција со таа разлика што не го спречуваат нештото да влезе, туку го спречуваат да излезе. Некој ќе рече дека ова е бесмислено и дека тапата ги има и двете функции, но јас се држам до нејзината изворна или подобро речено ја користам таа функција за да ја искомплицирам поентата.

Од друга страна *запек или тапкарош * немаат благе везе едно со друго.

Е немаат, но ако ѕирнеш малку во мојава глава, едно чудо топкароши ќе изнаскокаат пласирајќи затки за запек по сезонска цена.

Тик:

– Тапкарошите се надвор од законот и имаат двојна улога:

1. Во првата улога нудат тапи за сераторите.

Сераторите кога какаат анално се почвено неподобни. Такви се бидејќи изметот го консумираат неколку пати по ред, па така и тој ја губи секоја енергетска вредност (како кај ноевите). Кога серат орално, се хумано неподобни, бидејќи недоџвакано серат. Феноменот е во тоа што канибалски ги доџвакуваат каканиците и ги сервираат како психо храна. Најстрашното е што таквата храна е наменета за нас, а ние во недостаток на друг извор на енергија или од незнаење, ја консумираме. Улогата на тапкарошите овде е да ги затнат сераторите и да ги угушат во сопствените каканици.

Колку е успешна нивната улога?

2.Другата улога им е да не затнат нас другите од секакви информации, а не само од каканици. Оваа улога незнам дали им е наметната со сила, но нивна е.

Так:

– Значи, тапкарошите ја имаат улогата на  хумана смртоносна инјекција за пациент кој е клинички мртов. И во двата случаи тие не прават ништо противзаконски (освен што не плаќаат данок), а сепак се надвор од законот.

– Зошто?

Таквата илегала е резултат на компромис помеѓу погодените страни од првата и втората улога и тапкарошите како трета страна – како медијатори.

Во секој случај:

– двајца се караат, а третиот им го спопикува.

Ова е историска вистина, нема што да се чудиме.

Проблемот е како во оваа пред-утакмичка гужва од каканици да ги препознаеме тапкарошите и да им ги спопикаме тапите во нивните ануси?

А ние?!…

Ние ќе си се договориме некако, Ако не друго, ќе си измислиме   тапкароши кои нема да тапкаат затки или тапи, ами филтри. Ние тогаш ем ќе си сереме ем ќе си папаме, ама исфилтрирарано, за да се поднајадеме или подзагадиме, но никогаш сити или презаситени.

Коркачи сме ние

Трошкаџии

Тапкаме,

тап… тап.. тап…

…ТАПА сме!

Јас си го најдов рицинусот.

Со моите 34 се затворив во дете и сега сум:

плукална
канта
депонија
пепелник

чанта

отворена книга сум
чекална во чистилиште
лајална
лајнална
гнасална
балкална
и
глобална серална…

Како жена сум сега или како маж.
(жената го прима, а мажот го подава, тука е компарацијата)
сега, пак сум клатно
тик:
– или како жена…
так:
– или како маж..
тик:
– како жена…
так:
– како маж…casovnik.jpg
тик:
– жена
так:
– маж
тик:
– ж
так:
– м
тик-так:
– жими куров сум.

пс: Нема што да се затвораш во дете идиоту еден!…
Биди човек!
Биди бебе!

бе-бе
тик-так,
бе-бе
тик-так…

Лапни – голтни

(Понекогаш ме загрижува мојата едноставна рамнодушност кон работите што ме опкружуваат, да не речам ме ужасува…)

Се нема спас.
Ете ги и овде или ете ме мене овде кај нив.
А што ако јас сум натрапникот?

МА КОЈ ГИ ЕБЕ!

Се дури не ми го знаат password – от од мојата ментална инсталација, јас сум безбеден. Уствари и да им го кажам, нема да знаат да го напишат бидејќи имам направено намерна генетска грешка.

Тука сум за да бидам вирус и да ја заразам вашата еднолична едноставност и матрична несвесност, но вие сеуште не сте свесни за тоа или не сте подготвени. Првата лекција е одамна помината. Време е да го повторите градивото. Време  е да се отворите себеси, а не да се мачите блееќи пред цртичката на мониторот сакајќи да ја кажите вашата недостижна мудрост преку копирање на некои генијални мисли или преку извртување на истите и давање на лажна автентичност.

Време е да се прочитате себеси, а не  “Страв од претање”… или недај боже ..”Изродот на Да Винчи.”
Или…braaiins.jpg

Кој ве ебе?!?

Тие  Денбрауновците и Оливерстоуновците ве ебат!
Зашто тие сакаат да ве ебат?!?
Зашто им се може!
Кој им дава таква ебачка потенција?!?
Нашата восприемачка импотентност и желност за сензација
Нека не ебат бе, ако е навистина така… нека не ебат.
Ама зошто сами си го напикуваме е вистинското прашање?

Лекциите следат…
Тие не се во насловот,
тие се во содржината,
тие се во вас,
тие се содржина,
суштина,
превласт и власт
тие се…
Вас и Вие
тие сум недај боже… Јас.
Ја-ас?…Јас?…
Ја-ас?…

Евнусите и кастратите си имале своја улога во историјата, а каква е нашата:
– Да пееме додека не ебат?!?

Во нашиов случај кастрацијата е единственото решение. ама важно е кој ја води операцијата… хирургот или пациентот? Ако погоре ја зедовме улогата на пациент, хирургот ја згршил професијата, зашто конците сега се во наши раце.

Операцијата е во тек…

Поради хигиенски причини (немање на соодветна санитарна култура и специјализирана депонија за медициски отпад), предметот (органот) на кастрацијата го консумураме заеднички и се надеваме дека дел од неговите моќи ќе се пренесат на нас консументите. Нели се испотепавме да ги докажиме нашите античко – пагански корени,  редно е и да ги покажеме.
Гадна е нашата вистина… тешка е за голтање.

Па ај, аирлија работа мајстори, побааѓи работа ќе си имаме за џвакање или работава е лапни-голтни.

Како и да е…
… ко преживи причаче!
(Понекогаш ме загрижува мојата едноставна рамнодушност кон работите што ме опкружуваат, да не речам ме ужасува…)

ДИЈАЛОГ во МОНОЛОГ

Седев нарцисоидно пред огледалото во напуштената руина од колиба, која беше опседната со самата себе, а истовремено беше и мое засолниште. Колибата сите ја заобиколуваа. Јас пак, некако се чувствував спокоен тука.

Се прашував зошто?

Кога, однекаде, а како да беа од внатре, слушам гласови или можеби беше еден глас…(..хм..)

ПРВИОТ:       –  Зошто престанав да размиалувам во стихови?

ВТОРИОТ:     – Затоа што стиховите ја изгубија вербата во тебе.

ПРВИОТ:       – Како престанав да размилувам во стихови?

ВТОРИОТ:    – Ја потиснуваше различноста што те двоеше од светот

ПРВИОТ:       – Кога престанав да размислувам во стихови?

ВТОРИОТ:    -Тогаш, кога ти беше тешко да ја пренесеш мислата што ти ги                   стегаше градите.

ПРВИОТ:       – Зошто ми беше тешко  да ја пренесам мислата?

ВТОРИОТ:  -Затоа што сакаше да ја нема, зашто одбиваше да го        прифатиш нејзиното постоење.

ПРВИОТ:      – Не одговараш на поставеното прашање.

– Ајде повторно:

– Зошто ми беше тешко да ја пренесам мислата?

ВТОРИОТ:   –  Затоа што тоа би било залудно потрошена мисла.

ПРВИОТ:      – Не сум задоволен од одговорот.

– Обидисе за последен пат:

ВТОРИОТ:   – Затоа што градите си имаа други планови со мојата мисла.

Затоа што беа жедни за поинаква мисла.

Зато што тоа беше една од последните мисли, а тие го   знаеја тоа.

ПРВИОТ:     – Како е бе можно градите да имаат свои планови?!…А?

ВТОРИОТ:   – Ти што се правиш на удрен?!

А можно е да водиш дијалог во монолог?

Абе се си ебало мајката.

Ти велев да не поставуваш глупави прашања?!

(Краток молк…)

ПРВИОТ:    Се обѕира околу себе – Гледаш сега што направи, оној мутавион што блее пред огледалоно не сети..

А зошто сето ова?

Затоа што си ја изгубил способноста да размислуваш во стихови.

Како некој да го боли кур  за тоа.

Светов отиде у пичку матер, а ти се палиш на шизофренија како млад мајмун.

Оди бе… лечисе!

Бре манијачишта, сакаат да не ебат на здрав мозок!

ВТОРИОТ:     Гледа збунето во првиот:

– А што ти е тебе бе, јас уста не отворив?

Што не ќе слушне човек деновиве.

Сешто.

Тишината повторно ми го врати спокојот. Одразот во огледалото го регистрираше само моето присуство. Ја зедов дневната доза од лекови и прилегнав на железниот кревет, кој си имаше засебна приказна. Имаше право ПРВИОН со неговиот последен коментар – поимислев пред да потонам во еуфоријата од спокојство.

Интервју

–  “Полека само, оти имам муабет со луѓево”.
– “Оп оп оп… така, така…. ај терај сега”!

Шо ми беше зборот?

А да.

Сакам да знам и јас?

Сакав да знам, како да напишам барем една љубовна песна, а да не се искакам некаде на крајот. Се какам точно тогаш кога треба да се достигне кулминација. Ебиму мајката. Изгледа самата желбата да напишам таква песна не ги прави песните љубовни, најверојатно тоа ги прави љубовта. А имам љубов во мене и околу мене, не дека немам. Еве и сам гледаш.

– “Кажи дека имам љубов, но немој да си климнала со главата во ваква положба”!

Трепна со очите двапати, ја веде? Е тоа значи дека се сложува со моето мислње.

Каде е тогаш проблемот?

Проблемот е шо најверојатно, јас сум инспирација наместо творец.

Ова му дојде како рускиот цртан со волкот – “Ну зајц, ну погоди” – во епеизодата кога волкот сакаше да биде зајак од шо му се нажали за зајакот. Ама волкот си е волк бе братче, неможи зајак да биде.haya3[1].jpg

Слушај го сега ова:

– самовила-виЛА,

раскошна и миЛА

околу извор се свиЛА

убости в пазуви скриЛА

а со устето к**ац дудЛА…

дудла…дудЛА…дудЛА

Ене, песна е, така? Има ЛА ЛА ЛА ЛА, има и природа… и самовила дури кладов и идила од пазуви.

И шо напрајв после?

Пак ја покакав. Арно што е само до средина дојдена песнана. После  прсканици и бербат од самовилана  че сторев. Еве ги, ми се мотаат низ глава и пред очи сеќавањата од минатиот викенд и бељата шо сакав погоре со песнана докрај да ја ка (сла) жам. Овај примеров со стихов, колку да не речиш дека те лажам.

Пичка му матер, од друга страна заљубен сум, до инспирација сум заљубен ебаго.

–  “Уште малку… уште малку…уште маааалкуууу…бегај, бегај, вадиго… уффффф…

Шо кажував?

А да.

Стасан сум да бидам целосна инспирција.

Ако не сум бил, немало да има ни љубовни поезии, а ако се сите инспирации како мене, тогаш тешко на поезијата.

Уствари…затоа ни е до ова дереџе дојдено творештвово, од мене и од вакви како мене.

После немало поети.

Камо инспирација бе брат?!

….Извини ме за момент.

– “Пази од кај че се избришиш оти нова ми е фотељата. Оди ајде в купатило и побрзај че ми почни фудбало”!

Абе, женски брат, сите се исти.

Растури-суреди по цел ден.

После ние не чиниме.

Ама чутиси…


(А да не го пикам простум, таму каде шо и лежечки не го собира?

А, и да не кажувам многу дури ме држат за мадиња?

– Ајде сега бидна, ама битно е шо ми текнува).

Во потрага по Јан Ман

А долината не беше цела негова.
Тој беше задоволен од неа, но не и од себе.
Исправен, но не и горд, тој се викаше Јан Ман.

На Јан Ман, никако не му се допаѓаше тоа што го гледа кога ќе се наведнеше, а се наведнуваше постојано откако го сретна Литро Пан. Распослан околу и постојано во журба, тој се викаше Литро Пан. Литро Пан неможеше да се изначуди што тоа се случува со неговиот компа и просто немаше капацитет да ја дефинира маката на својот (од некаде, а од каде и до каде сеуште не знаеше)  придружник.

Немаше или несакаше?
Литро Пан со својата осредност оддаваше впечаток на меланхолично еднолична и најчесто посредна појава. Дотолку повеќе Јан Ман, иако окупиран со својата себенегација на моменти подзастануваше и огледувајќи се во својата придружба се прашуваше: зашто е тој оној што мора да го следи движењето на Литро Пан кога овој ни за момент не подзастанува, а згора на тоа и многу често му ја расипува перспективата иако знае дека тоа многу го нервира, можеби дури и повеќе од самото тоа што Јан Ман неможеше да ја реши дилемата за својата појава.

Кога сме веќе кај тоа, неговата појава беше сосема нормална, само што Јан Ман несакаше да ја прифати реалноста на своите големи уши и сплескан нос.
Но, така се и започна…
“Ќе застанам” – си помисли.
“Се отепав од трчање”!
“ Па што ако останам сам”?
“Како да сум сам  и сега”.
“Откако се сретнавме со Литро Пан ми нема проговорено ни збор, а кога ќе се навратам наназад  му немам ни јас нему. А од каде тогаш знам дека се вика Литро Пан”?
Хм… чудно!?
“Ќе продолжам уште малку” – се премисли Јан Ман.

Во не толку далечната близина се вишеше рид, така поставен небаре е откапок од свеќа, а во неговото подножје се ѕиркаше  не толку голем црн понор, кој со својата чистота повикуваше на предизвик. Замаен од тоа, за момент заборави на битката со себе во која во добар дел Литро Пан му одмагаше, ( кога и да погледнеше во него некако му се чинеше како да се гледа себеси дури и малку подискривен), или можеби му помагаше да се соочи со сопствената реалност.

Како и да е …
На момент заборави на Литро Пан, но на понорот никако неможеше да заборави. Некако го влечеше да ја проголта неговата утроба што му се чинеше топла и трчаше кон неа иако сакаше да сопри. За момент се обѕирна околу себе барајќи одговор од каде доаѓа таа хипноза, но се што успеа да долови беше присуството на Литро Пан кој иташе кон истиот понор, со таа разлика што него како тоа и да му беше целта.
Не застануваа и обајцата
Едниот обезглавен, другиот потполно концентриран
… Бревтаа!

Литро Пан почна се повеќе да се распењува, а едновремено и да се шири и стеснува, се подаваше себеси како во транс, буквално се предаваше и повторно и повторно… Во занесот не ни забележаа дека се на самото подножје од ридот и на влезот од понорот кој сега на Јан Ман му се виде нестварно огромен и ладен но неможеше да  сопре, а на Литро Пан удобно целен и несакаше да сопре.
Изгорев ли во сопствениот копнеж – помисли Јан Ман?
Но во моментот на нештата се случи необична појава. Од некаде свеж млаз на вода го заплиска влакнестото и младо лице на Јан Ман и тој се стаписа. Така вкочанет го виде последното нурнување на својот придружник кој сепак му бил пријател – заклучи подоцна. Не стасаа ни да се поздрават. Се сврти наназад како нешто да не му е јасно, а впрочем ништо не му беше јасно и  тогаш се сети дека откако се сретнаа првпат се врти назад.

И…….што ќе види:
Телото на Литро Пан  распространо во несовршени виуги  по целата долина.
Се насмевна.
Одеднаш се му стана јасно.

Го заобиколи понорот и се искачи на врвот од ридот без ников напор зашто неговите тригодишни копитца беа доволно јаки. Го насочи својот  поглед кон широката река и во неа ја позна нијансата на нејзиниот син а негов пријател Литро Пан кој штотуку се беше сплотил со неа и кој од безгрижно поточе какво што беше додека се дружеа со Јан Ман стана моќна река. Горд на тоа што има толку моќен другар, Јан Ман ја свати целта на неговото патешествие, го свати молкот на Литро Пан през целото време, неговиот  поздрав со оној  свеж млаз што го одшемети, и надокрај – чистотата на нивната дружба.

Но… сите ние продолжуваме по патот на сопствената судбина колку и да ни се чини дека на другите е подобра” – констатира Јан Ман.

Литро Пан понирајќи продолжи по неговата судбина, а Јан Ман се сврти среќен што не продолжи по Литро Пановата  туку по својата.

ЈАС(ЛИ)

Комоцијата му ги диктираше неминовните природи.

Накиснат; абе каков накиснат – искиснат бев.

Заслепен; ма какви заслепен – слеп бе, ќорав – мрак.

Замислен; кој ти имаше време за мислење – давај лапачка ваму.

А тоа – што да ти кажувам: едно црево, провиснало и се стиснало и шиба ли шиба, што алкохолно-никотинести непроветрености, што разни смесесто недоречени сештости и што ли уште не.

А, малендав бев, јас.

Се бев или ништо, само глув не бев.

Еднаш наслушнав дека ме викаат Сутеф, а да не беше Тефус или така некако. Не е битно, битно е да течи од тоа  цревото, а да нî беше врвца … ма кој му ебе матер, што сакало било важно капеше, течеше, гргаше и се така си повторуваше.

А и сам бев, јас.

Не дека се бунам, ама сам си е сам.  Ми фалеше дијалог, од еднонасочни ми е “преку кур”, чекај, чекај да се испулам подолу, уфф,уф…- добро е, не било само фраза. Туку, немам сетено близина бе братче, жива душа не поминува.

Еднаш еден ќелав така наврати за миг, ѕирна и фит фиделија фати. Не дека го видов, ама го сетив. Како да имаше идено тука повеќе пати, се му беше познато, ич не се збуни од околината, е сега, дали пред мене бил овде задомен или колку за беља само праел влези – излези, незнам, ама сетив дека само што ме виде, ја спрашти. Зинав да викам, ама веќе беше предоцна, а и ништо од устава не излегуваше…

Де бе, зар и нем сум да му ебам  мајката! – заклучив безнадежен.

Многу е мачно се сам да си откриваш и ете  затоа не е убаво да си сам, а посебно, не јас. Видов невидов иако слеп, зедов и си молчев во мисливе, иако нем. Терав од тоа цревото и прчев курето којзнае уште колку време, се дури не и се нажали да ме пушти надвор, па и јас свет да чујам, а не само поблиска околина. Минаа така едно побааѓи темници и не само што и се нажали, туку вика корни со солзи и кара врни, по мене ли или не…- незнаев, ама ме разбуди.

Само шо кренав тоа главата, кога ме опна едно блескавило и таман си се изначудив ќефлисан на мојот опул за кој мислев дека го немам, ко ме зграпчи еден мајчин – море двајца беа, како со пипци  или  слично – не е битно, знам само дека не беа како ќелавиот и…-  молкнат ли молкнат.

Вака јас, за да се задржам се грабнав за тоа ѕидовите кај шо бев мижел којзнае колку и…- гребам, тие молкнат, јас гребам споасувам глава, а некој слушам плачи – јачи и се ми изгледа како да плачи од мене. Страв не страв престанав да гребам ама замижав, не дека се небев навикнал на светлото што ѕиркаше меѓу пипците па ми е страв да нé не го видам пак, туку од страв за животецов мижев.

Престана да јачи.

Ме измолкнаа!

Абре – дебре, дури ми текна…- ШТРАК нешто и ми го скина цревото.

– Шо прам сега без црево?!

Сета автентичност на мојата колку-толку кумулативна (тогашна) индентификација му ја должев на сега штракнатото црево, а сега наеднаш го немам, се снемав или се сменив, ми се раздени или ми се достемни…

Во мигот од хаос, знаев дека добивам а губам, знаев дека штракот е крај, а единствено не ми беше јасна неговата брзина, зашто мислев (незнам зошто, можеби заради мојата дотогашна лежерност)  дека големите нешта неидат стихијно. Немав време за анализа, па се препуштив на инстинктот: анимлен и краен, но и тој беше се предал завалијата.

Мојата немоќ иссилена со грч, крепаше…

Мрдав и грабав…

Цревото назад!

Овде студи, у пичку матер! – мислев да кажам, а од мене излегуваше само пискот, неартикулирано грозна врева, па така, сиот ќеиф што не сум ниту нем (од толку многу возбуди веќе ништо не ме изненади), а и за да не си се избудалам од сопствениот вик – престанав.

Престана Се.

По некое време фрлив опул и видов еден голем со коса, коса – косиште, како се ѕвери подзинато окезен во мене. Откако му се подиспулив (иако уште гледав наопаку, а и бои некако слабо распознавав) со малку фантазија ми заличи на ќелавиот.

Уште кога го сетив тогаш дури бев слеп, искиснат и нем, знаев дека и тој има замешано нешто, но си реков – Ајде бе, грд е овој, кај е да го пуштиш внатре за вистински…

Грд – негрд, тој бил и арно што бил, ако не бил, не ќе сум бил ни ЈАС… во ЈАСЛИ.