Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Шарен Роуд-трип

Screenshot_1

За потребите за спотот за песната ЗЕМЈО ЖМРОФСКА од Белизе бенд, Триото – Една јуЖна (Ана, Милена, Јане + снимателот), за 5 дена поминаа повеќе од 2 500 километри, од Шарениот Роуд-трип на релација: Прилеп-Крагуевац-Вишеград-Сараево-Мостар-Сплит-Загреб-Нови Сад-Белград-Прилеп. #Протестирам #ШаренаРеволуција Благодарност до Белизе бенд!

protest_ribaro_prilep

Вчера (06.05. 2015 г.) бев горд на моите сограѓани. Вчера во Прилеп имаше Протест против полициската бруталност. Кај Ѕидот, се собравме околу 1000 луѓе, потестиравме мирно и достоинствено. Протестите против полициска бруталност имаат континуитет од без малку 4 години, се иницирани од семејството на Мартин Нешкоски, кој беше убиен од лице на должност од полициските  [ Read More ]

Мртовечко сокаче

rosemarys-baby

Претпоставувате ли зошто во вечерашната претстава „Швејк во Втората светска војна“, главниот лик – Швејк (Владимир Ѓорѓијоски), не се појави да ги собере аплаузите откако заврши претставата, а на претходната буквално го измолкнаа од сцена колегите кога беше завршниот аплауз, зашто и тогаш упорно објаснуваше дека оваа претстава не е театар, туку она што ни  [ Read More ]

Реума

Од линк на линк, вјавнав валиспетот за да стасам до вистинскиот линк и… БААППП… глем катанец и над него лист?! Се пулам да видам колку кажува сато кај мене и гледам вели 11:05. Се пулам пак во вратата и… врата ко врата, затворена. Се налутив пес и сакав да ја акнам. Ај, си викам, шо  [ Read More ]

Пороен дожд ја измива улицата Кратерот се гости со неговите сеќавања Асфалтот плачи по својата целост Јас сум на годишен курс по велеслалом, а треба да полагам за слалом – дотолку се нагостиле кратерите Од толку гостења, како јас да сум им на гости Иако неканети фрлаат чифтиња Градоначалникот го полни стомакот, дождот – дупките  [ Read More ]

Во аромата од тутунот се помеша гужвата од гостинот и темнината од ноќтта. Тутунот е исконот на напатените ми сограѓани, гостинот е паталникот на сродната ни душа, а темнината ни е друшка и повез на одродената ни радост.Тие во едно, иако можеби чудно се мојот град тие се ние, тие сум јас. Гостинот уште се  [ Read More ]

Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива