Жими тилов

mirror.jpg

Барав да видам лице

видов тил

барав сеќавања барем

видов тил

барав дури и да не најдам

видов тил

да, барав и тил лицен

видов тил тилен

натилен побарав да се видам  паднат

ме гледаа огледала

две огледала едно наспроти друго

не се гледаа тие туку мене

тие беа тилни

левото блееше во десниот одраз

за да не се види

одразот беше ист и за двете

јас бев тој што ја расипа хармонијата а

барав само да си се погледнам во лице а

видов тил

и расипав хармонија

Пали-Гаси

sijalica9gb1.jpgКога се ќе се собере и одземе, животот е како сијалица. Не има, па не нема; клик-клак; штрак-штрак.

Штраканици сме нашлакани од двете основни бои (црна и бела).

Бараме спектар, а се давиме во сивило.

Како ли само им успеало да се измиксираат?…

На крајот останува само „Sepia“ како трага на она што сме биле.

Ако сме биле.

Тој Јуриј Г.

– Оваа поза и проезија(како што тој милуваше да ја категоризира) ја посветувам на мојот пријател по мисла и збор Горан Иванов Крстевски 1971- 2003

Еден здив
средба
еден збор
како Тор

Две раце
желба
четири очи
како Ра

Една клупа
души
осум усти
две уши

Две мисли
а една е иста
четири ѕида
како Јас
gagarin.jpgЕдна болка
од здив
од една средба
збор
болка Тор
Иста болка
од две раце
секна желба
очи
сетне и Ра

Еден сандак
една душа
безброј усти
уши
О Исусе
Вечна мисла
една е и иста
нема ѕидови
спас
зошто Горан господине Господе
Зошто не јас

додаток:

Тој што ме натера да пишувам.

Тој беше оној кој сега и засекогаш е мојата ѕвезда водилка во светот на зборот, а преку него и на мислата, а од неа до душата, до душите, до  мене, до вас, до нас.

Цветот во него овена на негови триесетина години, но неговата “Јас Јуриј Г.” е плодот кој ни го остави за да не не остави.

Ќе ја пренесам неговата “Јас Јуриј Г.” на блогот кој од скоро го уредувм за негов вечен помен.

Молк

Ниеден звук, глас, не може да биде слушнат се додека некој не почне да слуша.

molkМолк.

Предлог?

Констатација.

Тишина…

Его копачката е опасна п*ч*а

Бистра солена капка… копа.

Копа по трагите од покосениот цвет

со иронија и стрес на циникот

не го признава зборот дело што е

со талог од понорни сили

и тежнеат во цреша, а таа е црвна… (пиздае матер)

Земиме со срж од девица

низ раскошот на рајот од бањи со морничава крв

и врела со парчиња на човечки тела

и понесиго занесот од стварноста

на идиотскиот креле… (кој го ебе)

Легло од змии

а пердув внатре

нежен и згрижен… (ич кур не му дреме)

Лижев црно стило од длабината на твојот поглед

Нијанси на зачаурено вденати чувства

се шират во недоглед… во недоглед… во недоглед

Не е еротика, ама јако беше

Влага лие

ко прилив на дланот

Се мие ладно во мраморот лелек

пред прсти во тињата и назад

прстенот грби

– лелек погоден без сјај

Здрвен со сила

буден од цитати мрсни

виуглаво исправа гради

и крили со плач

Во сенка и сува надеж

ѕирка од врелото му легло

депримира болно во празно

а далеку е

Клекнат сега а друг моли

иронија без мераzabi.jpg

соборен поглед  пронижа во мигот

и ја примив влажно до моите крици

сосе поривот од нејзиниот сок

Го вкусив

толку е исполнет

Трепериме ние со здив на нежност

се движиш а си тука

сеќаваш  нешто гори

тврдо е сега

а и мазно

на дното допираш

сетиш те гризе

па се до бескрај во занес…

Повторно бара…

(Тажи стариот запад во крв од многу, а можеше да биди само од нејзината)

пс: Протече и проплака на голиот југ.