Extra ball

Сакаш
гу-гу, пу-пу, пу-пи
сакаш
дај да видам, на да видиш
сакаш
доктор и сестра, мама и тато
Сакаш
да вадиме цувки
сакаш
џамлии да тркаламе
сакаш
да играме морт или
сакаш
на пирли
сакаш
со тегет кецеља
сакаш
по ОТО и Домаќинство
сакаш
на екскурзија или
сакаш
на матурска
Сакаш
фрустрирачко-домаќински
сакаш
кицошки галантно-академски
сакаш
со голи цицки и провиснати мадиња
сакаш
од еден на друг бокс
сакаш
бам-бам-бамп… тиру-ли
сакаш
Кентаур да го тилткаме
Сакаш
сакаш
шајка да ти влези
сакаш
од спун прво црната па белата
сакаш
низ цевка да редиме тапи
сакаш
по една пипка
сакаш
чичко, дај еден жетон!

Онака

lockда читнев сакам

онака не обавезно

ќе те пишам тогаш

онака не обавезно

да искрвариш в рака

онака не обавезно

ќе одам од квака на квака

онака не обавезно

да молам да молиш

онака не обавезно

ќе се створиш

онака не обавезно…

В*******

Солзи од вино
не знае за студенило
да
црното сака собна температура
а јас сакам црно
тешко
темно
аголов каде се скрив
да наздравам
нема за што
ќе спијам
лажев
пиев за мене
мислев на тебе
чисто
другарски
се скрив
плачев
со солзи од вино
ги нема
тоа виното ги стопи
во стих
на собна температура
замижав и те бакнав
во градата
другарски
сега пак пијам
не кажав
пишав

не плачи

Сме

Image Hosted by ImageShack.us

Нешто капна
Дождот го изми  моето лице

а телото
а душата

Оставам да свети
камарата е повторно тука

а ти
а јас

дупка во ѕидот
каде сме

Во душата безтелно
накамарени
страсно наколеничени

Заедно сме извеани
оддувани
надувани

а не сме

Што сме

(за тебе, ти ветив)

Мадина… има Станка

Да се носат мадина е една, а да се имаат и да знаеш да се носиш со  мадлестата ситуација е сосема друга работа.

Кој ја има привилегијата на мадлест човек?
Оној со потечени мадина?
Оној кој ни ги потекува?

Gjurić Stanka знае да ги ланча и да е мадлеста истовремено (клипот трае 2мин. и 31 секунда):

Еднаш рече:

BEZ OPROSTA

Poput odbjegla zatočenika logora, ludnice, zatvora, grabim za težinom svoje gladi i strahova; napuštajući zavjet razboritosti, priklanjajući se obećanju srca, šamarajući obzire, tvrdokornost vrijednosti, uzusa, vjernosti.

Iz perspektive u procijepu rešetaka nijedan zalogaj nije tako golem da ga se
besramnim utiskivanjem u sebe ne bi moglo opozvati, savladati, satrti.
Za mene nema ravnodnevice oprosta.

Мадлеста девојка (?!)

Читајќи го нејзиниот опус – стихови, кои ги има пренесено во  книги и аудио запис, се почувствував обезмаден – разоружан, а истовремено и толку потентен и мадлес што морав да споделам.

Дури го гледав клипот ги мразев пенестите меурчиња и Владо Калембер!

… Или ги сакав можеби, меурчињата?

Ма-ма-ма… мадина требаат а не д‘ткачи… А Станка има мадина дефинитивно!

А-а-а… Ти, а-а-а… јас???

Оток сум човече, си ги потеков мадината!