Медиумско тезгарење – Отчет

Предизборна медиумска калакурница 2011, би бил поднаслов на постов.

Што се случува:
Во 5 минути до 12 часот, се сменуваат правилата на маркетинг огласувањето.
Во 4 до 12 се бараат оправдувања.
Во 3 до 12 се објавуваат промените.
Во 2 минути до 12, веќе се чувствува мирисот на кешот.
Во една минута до дванаесет, ништо друго освен шушканицата во џебот/сметката не е битно.
Во 12.00 часот, веќе е доцна драги мои.
Во ова издишано морално-изјебано време, да бараш некоја логика и грижа за корисниците, е наивно, знам! Затоа, во името на ‘наивните‘, глупавите, изебаните… а во рубриката пронајди ги сличностите, погледнете ги скриншотовите (снимени 04,05,2011г.) од некои од највлијателните портали, агенции и ТВ куќи во Македонија. И тоа, онака – ждрагао во ист ден, на прва позиција, волеј!

(благодарност на Салатоски за линковите)

НЗС од сите горни скриншотови би бил, Пи-шаница. Но, ајде де…

До сега, не сум забележал ваква медиумско-морална и политичко-партиски зачинета аномалија. Комуниколозите, маркетинг агенциите… ќе знаат да ја оправдаат ваквата опсада, секако, гледано низ призмата на пазарната логика, но бруталната моќ на парите која се манифестира со „Отчетот“  на ВМРО  ДПМНЕ спроведен на бескрупулозен начин (ај да те видам одби 1400 евра за една недела на пример?) одма и сега е куриозитет кога се работи за Македонија.

На што ме асоцира ова?
Нели, партиските каравани се шетаат од еден во друг град и со себе покрај другите камили ги влечат и естрадните ни ѕвезди како циркуски експонати. Во тие случаи се шпекулира со четири, па и 5 цифрени суми во евра за секој естраден кловн одделно и во зависност дали кловнот е амбасадор на културата, или победник на Гоце фест, Калинка, маалски пич, нејм ит. И ги шетаат и тапшаат до секој забит на забитлинава. Тие од друга страна ги гушкаш запотените мишки на работодавачот и сонуваат за Банско, Ибица и ги боли кур, се дури тие им го овозможуваат сонот. Но, нели, тие велат: Тезгариме! Велат, немаат врска со кампањата на налогодавачите, туку ја анимираат насобраната толпа. Велат – без идеологија, туку за пари, кој понуди повеќе. Како стока.
Каде е тука асоцијацијата? Па, тезгарите и вие драги мои (горенаведени) портали, агенции…
Тезгарите и коленичарите! Ќе не удостоите ли и вие со Отчет за вашите неславни ‘5 минути‘? А, или ќе помине за месец дена, кој видел-видел, башка од нешто мора да се живее.

Онака, на прва, вие ми личите на Цеца!
Но, кога веќе немате газ да истраете, дајте бар цицки да се изнагледаме, опа-цупа, наааа…..
Ама цицки не гледам, Цецо?!

Ајде, Цецо мори!

Додаток  05.05.2011

На горната дружина им се придружиле и Сител, Вечер, Дневник, Курир, Спортденес, Нетпрес и Бркајработа (инфо klikstermkd). Позициите на поставените банери и кај другиве се исти. Новост е што временски ротираат два банери. Едниот е тој со „Отчет“, а другиот е уште „поинвентивен“ и фактички е антиреклама за конкурент насловен како „Ексклузивно! Директен пренос од штабот на Бранко Црвенкоски“.