Реума

Од линк на линк, вјавнав валиспетот за да стасам до вистинскиот линк и…

БААППП… глем катанец и над него лист?!

Се пулам да видам колку кажува сато кај мене и гледам вели 11:05. Се пулам пак во вратата и… врата ко врата, затворена. Се налутив пес и сакав да ја акнам.

Ај, си викам, шо ми е крива вратава, таа само си ја исполнува функцијата за која што и е наменета, ама таа тетката (обично е тетка во такви установи) не го почитува работното време, таа е за акање, ама како да ја акниш уште 2 години има до пензија (обично такви се тетките шо пијат кафе без време). Зедов точакот и правец в кладилница (таму нема кафе пауза си работат луѓето нон-стоп). Купив билтен и збичив назат кон галеријата. Врни цело време дур ви расправам за случкава, а врнеше и дури се одвиваше настанот. Заебанцијата да биди поголема, немам калници, а кладов бела блуза, демек ко за в музеј.

Ај стасав како шо стасав пред галерија и шо да видам:

пак истото само шо сега не се ни обидов да влезам и да пробам да не е отворено. Не од друго ме фати страм од една забрадена баба шо подзабаено си го метеше дворот и ме гледаше под око, како да сум лопов.

И се подиспулив прашално и ми заличи на тетката шо ја чекав да ми отвори за да влезам во галеријата. Од кај ми заличи сега бабава на теткана шо ја неам видено, а?  Па во Прилеп не се мети двор во 11:35, ами во 6:00, подумај се мож че ти текни сега. Ги подзатресив ногајците, штракнав две фотки и ја спраштив.

Муабетот ми беше:

– Тргнав да ја погледам изложбата на празнични чорапи од 20 век кои потекнуваат од мариовскиот крај на Прилеп и фино лепо да пишам овде на блог или да и ги пратам фотките на Arwena зашо таа знае поарно да пиши за овие работи. Реков, да види светов шо убајни праеле Мариовциве наши и дека не мајтапеле само, ами и работеле или како и денеска шо е – кој работи работи, кој мајтапи мајтапи.

Се арно, ама не дава теткава да ги види светов убајниве Мариовски.

Накиснат, го вјавнав валиспетот и си заминав.

Ај утре че му се вратам, не за друго, туку ептен ме интересира дали навистина че ме пречека таква тетка или  пак че ја бацам врата.

А сакав само да кажам:

– Лујџе културни, културолошки окултурени и институционализирани!

Не туку се жалете само на владава која и така ич кур не ја боли ни за вас ни за нас, ами само за власт, туку земете метлана од бабана и исчистете си сами внатре од тетки и чичковци, оти и вас че ве пречека некоја врата, како онаа шо ми го скрати погледот мене и на светот.

Па после, крив е дождо оти тетката имала реума.

Абе…