Од Каролина до Светот на тишината

Сакав да го постирам ова:
****

1. Ги гледав вестите кои се наменети за лицата со оштетен слух на МТВ1 во 18.00 часот. Ударна вест беше пласманот на Каролина во финалето во Хелсинки поткрепена со звуk и слика од полуфиналната вечер.

2. На  МТВ се прикажува емисијата „Светот на тишината“, а на сајтот има статија во која се вели:
clipped from www.mrt.com.mk

Глувоста на која и се посвети: науката,човештвото,болката е состојба која доаѓа и не си оди.Ве преселува во еден помал и поинаков свет во кој птиците не пеат,џагорот не допира до душата.. Ви нуди нов јазик во кој рацете ви стануваат главно оружје и битката во тишината е пред Вас.Во неа се вклучија сите, сакајќи даи се спротивстават на гостинката што сака да молчи.Да му припаѓа-те на тој ,,Свет на тишината,, значи дека слушате со срце,а вашето постоење го красат други мелодии.

blog it
Коментари по двете точки:

За првата точка (види го клипот на каналот на МРТ на youtube, односно првата вест од вестите, зашто клипот е долг):
Критикава ја насочувам директно кон уредникот кој е потпишан како Димитар Пачемски.

– Како е можно да се нема сенс за тоа што треба, а што не треба да оди како ударна вест во овие вести. Уште повеќе, да се нема осет и за тоа која е „публиката“, односно кој е нивниот хендикеп. Јас знам дека иако гледачите со оштетен слух не се во можност да ја слушнат песната ја чувствуваат радоста за пласманот на Каролина во финалето, но и сигурен сум дека во вакви моменти  се огорчени поради својот хендикеп, а вие го силите тоа чувство на хендикеп кое со самиот концепт на вести сакате да го елиминирате. Каков парадокс господине Пачемски, тотално промаршување.

Знаете, тоа му иди исто како кога мене (а јас сум кратковид – да не речам ќорав)  ќе ми кажат другарите: – „Пеер види го она п**е (тоа далеку  на пример 50 метри, за мене километри), абе бонбона, уф башка каква танга набацила…“. Тогаш мене ми е ќеф шо е фино чупето и сé. а од друга страна пак, криво ми е што не можам да ја видам таа финоќа Јас. Можи да е глупа компарацијава, ама колку да ми се свати поентата…?

За втората точка (мора да ја видите целата статијата во оригинал за комплетен впечаток):

Не навлегувам во содржината на напишаното, но:
– Не велам дека не се можни печатни грешки и лапсузи (и јас ги правам многу:) но во континуитет да не се употребува спејс после интерпункциски знак, e тоа е веќе многу и се работи за неписменост. Треба да се има малку чувство за естетика и да се чувствува одговорност кон читателите – публиката. Многу е глупо сега јас проС Рибаро да солам памет за писменост, но не ми преостанува ништо друго.

Ало… абе луѓево ако се глуви не се глупи, а вие  не заборавајте: пишувате на националниот сервис кој е огледало на медиумите во Македонија и вашата одговорност е многу поголема од сите други медиуми заедно… или барем треба така да e?!
****

После некое време сватив дека ваквиот пост –  сувопарна критика, е толку безначаен во споредба со тоа што мојата „деструктивна идеја“ изроди  многу значајна и хумана практика: презентација на вестите за лица со оштетен слух на каналот на МРТ на youtube која се надевам ќе има континуитет.

Од денешново искуство дојдов до овој заклучок:
– Секоја споделена идеја раѓа друга идеја или барем отвора простор за да се роди нова… блогов е токму тоа.

Чудни се патиштата б/л/ожји,  уште повеќе, ако ги одиш со вистински пријатели.

пс: Не ме прашувајте како мојот намислен и несуден пост помогна да се презентираат вестите на youtube, зашто тоа не е воопшто важно.

Technorati Tags: , , , , , , ,