CC – ц ц ц..

Image Hosted by ImageShack.us

Абе, кај дојде мајчин јапонец, кај се запусти, па ни ги разниша информатичките редови?

Ако се прашувате што е муабетов, уствари за што се расправа кај Би во нејзиниот пост, поточно во коментарите?… ич не се мачето. Тоа сигурно е некоја од оние веќе видени работи – „си ги мерат на кој му е подолг.“

Мене ич кур не ме боли за тој нивни куропецачки натпревар, но еве шо ми засмета како посматрач  и корисник на лиценцата, а се однесува на нашата „интернет елита“:

Зошто бе нема никој (освен Метаморфозис – објавени македонските лиценци Криејтив комонс, кои беа и организатори за вчерашниот настан во Холидеј Ин и Струмјан што покрај другото дава и линк до првиот нацрт од лиценцата на македонски) да ја искористи промоцијата за комплетно, критички или нека биде и критизерски осврт на тоа: што и какво е значењето на користење на лиценците Криејтив комонс (CC). Па да каже – кои се придобивките на авторите, што добива заедницата, како да им се објасни на луѓето да ја користат, зошто да се користат Криејтив комонс лиценците и слично, а?

… Или вие сé си знаете, па нема потреба од објаснување?!

Ај да не бидам обвинет за дежурен мрчач, еве едно видео постирано на dotSUB со превод на македонски, кое го објаснува сето тоа околу Криејтив комнос линценците, а ова е веб сајтот:

WWW.CREATIVECOMMONS.ORG.MK

Уз муабетов, врската до видеото која на Кајмакот ја постави Гемиџи достигна рекордни 21 гласа!? Незнам зошто не може да се разбере од пооделните корисници на интернетот во Македонија потребата од користење на оваа можност што ја нуди Кајмакот за афирмација на македонските содржини достапни во електронска форма?

Навистина не ми е јасно, како е можно толку малку корисници (па и блогери корисници) да го користат Кајмакот за промоција на интересни содржини од нет… Зошто?