Другата страна на интелектуалната сопственост

Скоро 200 години се поминати од денот кога Томас Џеферсон, еден од татковците на САД, во своето писмо до Ајзак Мекферсон ќе напише: „Оној кој добива идеја од мене, добива упатство без да ме осиромаши, исто како што оној кој од мојата ламба ќе го запали својот оган, добива светлина без да ме затемни мене“.

(Ова е пост од Новица Накав, кој е превземен од Сподели Знаење)

Денес Соединетите држави и голем број од нивните корпорации се најревносните заштитувачи на идеите преку концептот за интелектуалната сопственост. Ставовите и интересите на големите корпорации со силно лобирање се преточуваат во политики на владите и меѓународните организации. Дел од ова сеопфатно лобирање е затскривањето на различните типови на регулација за информациските добра во терминот „интелектуална сопственост“. Во него се кријат авторското право и сродните права, патентите, трговските марки, жиговите, дизајнот… Постојат различни закони за сите овие, и целта на секој од нив е различна. Но, за пропагандата наједноставно е да ги нарече сите тие интелектуална сопственост и пирати сите луѓе кои на било кој начин прекшиле некоја од сѐ поекспанзивните одредби за заштита, поистоветувајќи ги со стереотипот за крадци и убијци.

Не е потребна длабока анализа за да се открие проширениот опфат на законите. На пример, законот за авторските права (популарниот копирајт) започнал како индустриска регулација. Неговата единствена цел била да им даде поттик на издавачите да прават општествено корисна дејност (издавање на книги) со тоа што им давал временски ограничен монопол над издавањето на некое дело. Тој ги регулирал само нив – издавачите. Немал никакво влијание за активностите на авторите, ниту за активностите на читателите. Денес овој закон регулира речиси сѐ што можете да замислите: дали можете да пеете песна во јавност, дали може да снимите домашно видео со прослава каде се пее некоја песна или на телевизорот во позадина се прикажува некој филм, дали можете да снимите емисија од ТВ за да ја гледате со пријателите, дали можете да снимите веб страница од интернет. Тој е главниот закон во борбата против „пиратите“, а може да се прекрши и само со едно обично инсталирање на легално набавена софтерска програма на вашиот комјутер во една единствена копија. Дополнет со закон или одредби за „менаџмент на дигиталните права“ (DRM) тој може да заклучи дела кои инаку припаѓаат на јавниот домен, културното наследство и народното творештво.

Новите уреди како iPad, iPhone, Kindle, PlayStation и сличните, сѐ повеќе го ограничуваат корисникот во однос на тоа што тој може да прави со содржините на нив. Пример за вакво ограничување има во голем број електронски книги чие авторско право е истечено, како што се делата на старогрчките филозофи или Шекспир. Електронските верзии што се дистрибуираат често ограничуваат копирање, печатење, па и аудио репродукција на текстот. Сличен пример во Македонија со законите кои што на интернет ги објавува страницата pravo.org.mk: копирањето на текст е оневозможено на PDF документите.

Покрај медиумски ескпонираната војна со пиратството, борбата за тоа кој ги контролира идеите и информациите се одвива и на други фронтови. Примерот кој можеби буди најмногу сочувство е оној на Бразил. Јужноамериканската држава соочена со епидемија на СИДА пред неколку години одлучи да ги прекрши патентите на големите фармацевтски компании и да произведува генерички лекови за своите граѓани. „Ова не е објава на војна со корпорациите“, – рекоа тие, „ова е борба за живот“.

Многу време пред Бразил да одлучи да ги земе работите во свои раце, истото го направија и програмерите. Во сега далечната 1984, започна проектот ГНУ со цел создавање слободен компјутерски оперативен систем, систем што на корисниците ќе им дава слободи (да го користат, проучуваат, променуваат и дистрибуираат), наместо да им наметнува ограничувања (да можат да го користат на само еден компјутер). Проектот е предводен од Ричард Сталман, тогашен врвен истражувач на Институтот за технологија во Масачусетс, кој исто така е заслужен за уште еден револуционерен пробив и тоа во правото. Со создавањето на Општата јавна лиценца, главната лиценца со која се дистрибуира ГНУ, Сталман го свртел на глава законот за авторското право – од ограничувачки во ослободувачки – и за чудо тоа им се допаднало на луѓето, и на програмерите и на корисниците. Производот од овој проект денес е познат под имиња на различни брендови. Најпознат, или можеби за Македонија најважен, е Ubuntu.

Тоа што следи во следниот четврт век е живо создавање на екосистем и заедница на слободен софтвер, но и прелевање на ефектите во други сектори. На Томас Џеферсон веројатно би му било мило да знае дека денес имаме неверојатна инфраструктура за споделување на идеи – интернетот и неговиот развој е тесно поврзан со развојот на слободниот софтвер, нивните истории се испреплетени. Но, поместувањето не застанува кај технологијата. Работата на Лоренс Лесиг, професор по уставно право од Харвард, и создавањето на широко движење за слободна култура е доказ за желбите и интересот на луѓето насекаде низ светот за еден поинаков систем за авторски права. Проникливиот рефрен: „I. Креативноста и иновациите секогаш надградуваат над минатото. II. Минатото секогаш се обидува да ја контролира креативноста што сака да надградува над него. III. Слободните општества ја овозможуваат иднината со ограничување на минатото. IV. Нашето општество сѐ помалку е слободно.“ нѐ потсетува дека интересите на општеството секогаш треба да бидат први и дека едно слободно општество треба да го надмине влијанието на големите корпорации кои воглавно пред себе го имаат својот интерес.

Докази дека корпорации и традиционална, строга, заштитничка примена на авторските права не се нужно потребни за создавање се слободната светска енциклопедија Википедија, но и места како Џамендо, каде музиката се објавува од авторите под некоја од лицените на Криејтив комонс, проект што токму Лесиг го предводеше. Влијанието на сите овие граѓански активности носи резултати и во политиката. Веб страница на Белата куќа користи една од Криејтив комонс лиценците, а влијанието во Европа е уште поголемо. Пиратски партии кои ги поврзуваат прашањата за авторски право со слободата на говор и граѓански слободи има во голем број земји на стариот континент, а тие свои претставници имаат во Европскиот парламент

Иако речиси сета бука доаѓа од страна на (условно речено) обичните граѓани и академијата, има и гласови од внатре кои укажуваат на тоа дека моделот на издавачката индустрија денес им одговара на многу малку автори. Стив Албини, еден од водечките продуценти во музичкиот бизнис, вели дека на членовите на просечен бенд повеќе им се исплати да работат во Севен-илевен (7-11). Профитите навистана одат во корпорациите, а не кај авторите.

Битката е далеку од завршена. Можеби крајно бескорисната, но сепак јавно експлоатираната, војна со пиратството продолжува, а паралелно со неа се турка нова, построга регулатива која речиси сигурно ќе биде иста за сите држави во светот.

За сѐ што се случува надвор, имаме локален пример во Македонија. Како мала и невлијателна држава Македонија го следи примерот на големите, па така и кај нас законите стануваат сѐ порестриктивни. Иако можеби ретко во целост применувани, тие ќе стануваат пречка за граѓанските слободи и за развојот на креативноста, а уште денес можат да се прекршат со неколку едноставни клика на компјутер.

Денес е светскиот ден на интелектуална сопственост кој се одбележува по десети пати. Под капата на WIPO (Светската организација за интелектуална сопственост), негова цел е да ја подигне јавната свест и разбирањето за сите овие прашања, но и да ја слави креативноста.

Вообичаено, во Македонија денот се одбележува со палење на музички дискови на Дрисла и некој пригоден говор од претставници од надлежните институции. Овој текст, заедно со уште неколку други настани денес, е обид да се претстави и другата страна на приказната. Музика издадена под лиценци на Криејтив комонс ќе има на скопското радио Канал 103, а неколку документарни филмови за авторските права и патентите ќе се прикажуваат од 19 часот во просториите на Арт институтот и хаклабот КИКА.

Од Cabaret до OZ слободна за симнување

Ribaro koricaОткако Амазонските Прашуми проронаа солзи од цепачите за хартија, а воздух се помалку за цицање, на барање и под силен притисок, како на домашната, така и на меѓународната јавност, мојата книга Од Cabaret до OZ, конечно во електронски формат и слободна за симнување од сајтот на www.cc.org.mk.

Критиката вели: – Видено низ постмодернистичка призма, книгата може да ја сметаме и за структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се зголемува прогресивно низ целата книга.
Јбг. и критичарите се живи луѓе и мора од нешто да живеат.

Ако имаш 5 MB за фрлање, клик тука за да ја превземеш книгата.

Додаток: со краток осврт и на: www.metamorphosis.org.mk

www.mk.wikipedia.org

Јаболко

Како продолжение на претходниот пост и реакциите…

Абе батковци и дадички, организирани или институцијализирани залагачи за слободен софтвер и комплетно и-живеењее и пропагирањето на информатичко опшество во Македонија, дај олабавете малку. Оваа ситуација со “CC” како порачана дојде за да се преброите и прочистите.

Шо ми е муабетот?

Абе кур ме боли мене дали Метаморфозис или некој друг е организатор на дешавката. Битно е тоа дека се случува и дека стануваме дел од големото семејство на Creative Commons. Туку дај вадете ги главите од небо и почнете да ни ја објаснувате нам на неупатените придобивката од користењето на слободниот софтвер и следствено сите придружни алатки.

Не велам дека не работите, работите и тоа многу – колку што можам да видам јас во последнава година, а и сум се запознал со некои активни членови, но мора да го смените пристапот за ширење на зборот, мора! Излезете од „гик“ филмот кој малкумина го разбират а со кој упорно се идентификувате, зашто вие сте тие кои знаете, но дали можете да ширите и споделите, или поточно зошто не можете да ширите е вистинското прашање?

На членовите на заедницата им препорачувам да му се заблагодарат со по еден телевизор во боја на Џедај мајсторот во своите редови кој работи за билдање на своето его, а не од љубов да сподели. Не можи бе Арангел (еден од видните(?) членови на заедницата) во скорешен пост, па колку и да е изреволтиран да пиши:

clipped from ufo.linux.net.mk

Со положена заклетва и потпишан манифест, често несфатени од простата народна маса, луѓето од Слободен софтвер Македонија со надчовечки напори се трудат да направат нешто добро за општеството во кое што живеат.

blog it

и да се однесува со потенцијалните корисници на „производот“ што го пропагира како со овци и притоа да бара резултат. Најтрагично од сé е тоа што се повикува на заедницата.

Бујрум, ако и вие го делите истото мислење со АрангелеТА за простата маса, ако застанувате на браникот на личното познанство со него, кажете да си направиме сите клан заедници и да се бичиме со камења, па кој е по прецизен или кој има потврда глава нека победи, а не вака.

Проста маса еј, абе од ум не ми излегува што прочитав погоре…?! Абе Арангеле, а на кој тоа треба ти да му беседиш за слободен софтвер и отворен код, на простата маса? Како ти – јаден, мислиш да се држиш до: принципите на демократија, транспарентост, плурализам и конзистентност (дел од член 3 на манифестот), па ти бе мамина мазо си антипропаганда за слободниот софтвер и „идеологијата“ за споделување знаење…?

… И за крај, никако не ги поистоветувам другите членови на заедницата со поединецов џедај, но: – едно скапано јаболко во иста корпа со другите може голема штета да направи.

… А ако се прашувате кој кур фактор сум јас да се мешам во проблематика за која сметате дека немам благе везе (а и не сте техничи далеку од вистината), размислете која ви е целната група – размислете за „простата народна маса“ со која се идентификувам, па почнете да се идентификувате и вие.

CC – ц ц ц..

Image Hosted by ImageShack.us

Абе, кај дојде мајчин јапонец, кај се запусти, па ни ги разниша информатичките редови?

Ако се прашувате што е муабетов, уствари за што се расправа кај Би во нејзиниот пост, поточно во коментарите?… ич не се мачето. Тоа сигурно е некоја од оние веќе видени работи – „си ги мерат на кој му е подолг.“

Мене ич кур не ме боли за тој нивни куропецачки натпревар, но еве шо ми засмета како посматрач  и корисник на лиценцата, а се однесува на нашата „интернет елита“:

Зошто бе нема никој (освен Метаморфозис – објавени македонските лиценци Криејтив комонс, кои беа и организатори за вчерашниот настан во Холидеј Ин и Струмјан што покрај другото дава и линк до првиот нацрт од лиценцата на македонски) да ја искористи промоцијата за комплетно, критички или нека биде и критизерски осврт на тоа: што и какво е значењето на користење на лиценците Криејтив комонс (CC). Па да каже – кои се придобивките на авторите, што добива заедницата, како да им се објасни на луѓето да ја користат, зошто да се користат Криејтив комонс лиценците и слично, а?

… Или вие сé си знаете, па нема потреба од објаснување?!

Ај да не бидам обвинет за дежурен мрчач, еве едно видео постирано на dotSUB со превод на македонски, кое го објаснува сето тоа околу Криејтив комнос линценците, а ова е веб сајтот:

WWW.CREATIVECOMMONS.ORG.MK

Уз муабетов, врската до видеото која на Кајмакот ја постави Гемиџи достигна рекордни 21 гласа!? Незнам зошто не може да се разбере од пооделните корисници на интернетот во Македонија потребата од користење на оваа можност што ја нуди Кајмакот за афирмација на македонските содржини достапни во електронска форма?

Навистина не ми е јасно, како е можно толку малку корисници (па и блогери корисници) да го користат Кајмакот за промоција на интересни содржини од нет… Зошто?