RHCP – впечаток и отпечаток

Ех…
Небаре малку беше жештината, па се придодад катастрофалната организација од Србите , а и од нашите промотори и организатори на Концертот на Пиперките, па да се отвори небото и летната олуја таман кога заврши концертот.

Ај со ред ќе одам и ќе нафрлам сувопарно, зашо навистина неам концентрација после сето малтретирање.

Се шпекулирашер дека се некаде 19 автобуси кои тргаат од Скопје.
Автобусите не тргаа сите во исто време. Сатницата беше од 7.00 па се до 9.00, и  секој знаеше во кој автобус е и во колку часот трга.
Се тргна со „нормално“ закаснување од пола час – 7.30. Фино лепо си влеговме сите, бидеќи пишуваше на билетот во кој автобус си. Многу оптиместички делуваше сето тоа.

Климата работеше. шоферот – добрица. Не е битно тоа, битно е дека имавме водач на патот ставен од страна на Енко, а така беше и во другите автобуси. Ќе ја биде работава си велев. На граница – на македонскиот премин, стоевме околу 2.30 часа, кај србите поминавме за десет минути. Македонска работа – се прокоментира помеѓу Пиперкашите. Со новиот систем на пасошка контрола еден пасош се проверувал една минута.
Автобусот за да запали на граница моравме да го туркаме.
Се правеа непотребно паузи од 45 минути.
Еен дечко на негово инсистирање го оставивме во Белград да си купел пиво(?) и рече ќе не стасал зашо имаше гужва… се заеба, не не стаса.

Фати една летна олуја која траеше околу еден час или така нешто, но добро беше тоа што од Белград до Инџија (45 км) ги одевме 2 часа па не ја сетивме на гола кожа.
Стасавме во Инџија 17.30, но имајте предвид бевме во првиот автобус. За паркинг ни побараа по 30 денари од човек. До влезот на концертот имавме уште добри 20 минути пат.
Србите требало да знаат дека не е само да се направи паркинг место за предвидените возила, туку и дека тие возила треба некако да стасаат до тој паркинг. Патот до арената кој беше наменски направен можеше да опслужи едвај една четврина од сите возила. Овде за тоа како организаторот го видел тоа.

Јадев полу жива плескавица која ја платив 200 динари.

На влезот одеше извонредно брзо. Можев фино лепо да внесам зоља и никому ништо. Жалев што не понесов. Едо мајка не го видов, а од Кирил Џајковски слушав една песна дури се пробивав во веќе 80% полната арена.. Касабиан беа повеќе од ок но публиката реагираше толку млако што на крај вокалистот разочарано констатира: – Вие сигурно не знаете кој сме ние. А и не беше далиеку од вистината.

21.45, 100 000 запалени фанови на Пиперките се начукаа еден до друг. Имаше мирис на испотени но туширани тела, канабис, една бакља (да бе бакља внесле батината), англиско знаме во близина, наоколу Хрвати, Срби, Црногорци, Босаци, Маџари, Бугари, Македонци… Пиперките каснеа некои 45 минути и во еден момент си реков: – Добро е бар ќе стасаат сите наши кои тргнаа подоцна.

Го извадов знамето и од Српските домаќини почна да се скандира: Горан Пандев… се удри еден рефрен: – Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија, а по некое време качен на подвижната платформа Сергеј Трифунович прашуваше каде е Никола (веројатно мислеќи на Ристановски).
Впечатокот од концертот:
Сцената беше во исто време и видео бим со специфични ефекти на светла и колажи од бои така да сите можеа да прата што се случува. Озвучувањето беше ок, макар што некои кои беа подалеку имаа забелешки од чисто мрчаторска природа.
За мој вкус, Ентони беше просечен, но затоа Фли, Џон и Чед беа макси еуфорични и понесени.
Бев појден да ја споделам енергијата со Фли и успеав.
Фли ти благодарам човеку!

Концертот траеше жални час и половина или помалку. Најавуваниот двочасовен спектакл беше испратен со пластични шишиња, свирежи и Уаа….. Публиката после првиот бис неможеше да се соземи од неверојатниот шок. Просто не можев да поверувам 100 000 народ кој помина низ олуја и пеколни горештини да се остави со свирка од саат и пол.
Си заминаа.
се чувствувавме изневерени.
Ни го напикаа. Како ебани се упативме кон автобусите.
Само што завршија свирежите и урликањата времето „не почести“ со уште една летна олуја која траеше исто како и претходната, но сега бевме надвор и мокри до гола кожа. Низ тоолпата ни требаше еден час да дојдиме до автобусот – Изѕемнавме.

Мајчиниот автобус не палеше, овој пат ни на туркање. По два часа поправки тргнавме. Од паркинзите и се до Белград одевме добри 3 или 4 часа.
Бевме премалени, помалку за 4 и 5 луѓе (кои не успеале да го најдат автобусот кој стоеше на исто место каде што не остави, па се качиле во друг) искиснати, и видно разочарани  не од свирката туку од краткиот концерт. По некое време беше штама во автобусот. Останав буден само јас и девојката која не носеше резервен пар на чорапи и премрзната се туткаше во седиштето. Не можев да и помогнам, немав резервен пар, а и жена ми има лесен сон па не ми се ризикуваше техниката тело со тело… за тоа, како и за дечкото со пивата друг пат

На граница на враќање поминавме глатко, го собравме и дечкото со пивото кој некако дошол до граница и стасавме во Скопје околу 10.30. Во Прилеп бевме некаде околу 15.00.

Резиме:
– Енко заеба со тајмингот на поаѓање – требаше да ја предвиди процедурата на граница. Остана мизерниот впечаток од паркингот и смешните 30 динари од човек.
– Водачот на патот кој беше задолжен во нашиот автобус беше премногу добар по душа за задачата со која беше соочен – не го биваше.
– Дечкото(?) со пивата што по негова желба го оставивме во Белград, после завршувањето (нормално) не можеше да го најде автобусот и се снаоѓал како занаел.
– Четворица не го пронашле автобусот зашто му се видело многу пат, а и врнело, па си чекале автобусот да ги најди нив – не ги најде.
– Сергеј Трифуновиќ очигледно беше каменосан.

Впечатоците за свирката беа испомешани – што е нормална работа.
Одеа парафразирани вака некако:
– Памперсине звучеа катастрофално, не се слушаше доволно добро и сцената беше мизерна!
– Да му ебам мајмунска фаца на Ентони!
Одговорите следеа:
Ти бе глув и слеп да не беше и  молимте види се у огледало.

Сé на сé, немавме тепачка во автобусот, не не удри гром, и живи се вративме.
За наредниот концерт ете сме пак, зашто тешко памтиме и лесно забораваме, а башка и добри сме по душа и ни го качи кој како стигне… од Калифорнија па се до Србија и Скопје.

Аирлија, па подобро и не заслужуваме вакви телиња какви што сме!

Пс: слики и снимки ќе едитирам утре.

Edit:

клик за слики од концертот снимени од петчлената екипа на Прилепчани и Охриѓанец.

Инџија – RHCP

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

(клик за голема)

Ќе го носам знамево утре во Инџија за RHCP. Лесно ќе го познаете по тоа чкртаниците на краците. Инаку, тука се начкрабани сите концерти што ги посетило 🙂

Очекувам пеколен концерт

Бујрум околу знамево!

Мојот rock friend Горан

Јануари (не ми текнува сеа датумот точно) 2005г.

Концерт на REM, Белград – Сајмиште. Студи кочан, а и снеже прска од лутина. Во автобусот со кој тргнавме од Скопје идеше и еден од младиве владици (да не не сака да му го споменам името?) и шо знам, тоа ми даваше чувство на спокој?! …Хм… тоа чувство и ден денес не можам да го објаснам, но како и да е…

Само што стасавме после 8 часа малтретирање во автобусот и таман имавме некој саат да го разгледаме Белград, ко Горан, ја изваде картата на град Белград и се попули минута две и ми вели:
– Сега треба да фатиме (лупам без веза) автобусот 67, па да се прекачиме на 103-ка па отаму со такси да стасаме на улица (пак лупам) Вренцислав Лички…

Му се пулам бледо и скоцкан, кај од седење во автобусот, кај од студ и го прашувам:

– А, кај че одиме бе Горан?
Да го купам Алан Форд бр. 128, ама ова ти е вонредно издание, ги имаше само 100 броја во цела Југославија – ми вели.
Си подголтнав, влегов во автобусот, па потоа и во другиот и … се молев да стасаме на концертот на време.

Горан има 42 години, стотина концерти зад себе низ цела Европа, илјадници ЦД-а и уште толку плочи, архивирана стрипотека… и што е најважно – НЕ Е ИЗМИСЛЕН, Горан живее во Штип.

Сигурен сум дека овде на блогосветов има илјадници „Горани“, но ова е мојот rock friend од Штип и го ПОЗДРАВУВАМ.

пс: Концертот беше лудница, два часа обоена журка од десетина илјади подзинати, и препотени,  ама ми се залепи едно српско лигле и ми заеба дестина минути.

За лиглето (маме му ебем, друг да ми каживаше…! ), ај друг пат…

Ич кур не ме боли, мој си е блогов, ако сакам и Селимова-Желчески че ги поздравам!!!

More site ve pozdravuvam i to na latinica!!!

ппс: Miopa, дај бе кажи пичка му матер,  бива то со youTube – то, шо го барав пред некој ден или не?…  а не овде категоризации си ми направил, па да има Клинчарскион повод да ме повикува на естаблишмент, елитизам или појма неам како имаше испомешано нешто… ?!?!?!

И Клинчарскио го поздравувам!!!

DEPECHE MODE – најдолгиот ден

Денес (21.06.2006) е најдолгиот ден во годината. Имав уште една пробдеена ноќ, а сега е  4:00 часот.

На Пеко му се скрши шофершајбната и ми прати абдал таксист. Абдало мрчи со немање на работа и ниски тарифи уште нетргнати за Скопје.

Денес е денот Д, денес е денот за DEPECHE MODE. Јас и Ана, Златко, Данче, Секулич, Марија и Горан се слеавме со уште 14 автобуси. Енко успеал да се надмине себеси и да организира река од 700 запалени модовци, а уште колку се со приватни возила останува да нагаѓам.

Деве Баир.  Цели 24 часа од мојот последен сон, а уште цели 10 часа до почетокот на концертот.

Софија. До сега трипати сум минел покрај неа, никогаш не сум бил во неа (бреј…. перверзија излезе муабетов..), а некако велелепна ми се гледаше од далеку.

Сум се заебал.

Софија мирисаше на: смог, прашина и чист Балкан со своите гнасни улици и срдечниот народ. Се на се, ми годеше Балканштијата. Блиска ми беше и гнасата што се соединуваше со моите бледоизбледени фармерки и оддаваше впечаток на припадност.

Газев на туѓа земја за која ме учеа (како мал) дека е непријателска, а јас се чувствував попријатно овде одколку кога ја носев црвената марама која ме гушеше и во вратот и во животот. Сега, обезмарамени, ги одврзуваме јазовите и се соочуваме колку сме исти во нашата различност.

А можи и да не сум се заебал.

Можеби велелепноста ја барав во градбите, наместо во душата на градот. Градот имаше душа, како впрочем и целиот Балкан.

Се согласувам со оној претходен впечаток… со впечатокот кога минував покрај неа.

Незнам зошто, но ми одекнуваше Прециоус, можи заради тоа што останаа уште 4 часа до почетокот на концертот. Кога влеговме со Ана во Локомотив стадионот од разгласот одеше THE CURE, а имаше уште три часа до A PAINT THAT I’M USED TO.

21:00 часот, а небото над Софија не беше темно. Од педесетилјадната еуфорија грлеше едно име:

DEPECHE MODE

Зошто уште не се стемнува? – се запрашав.

Одговорот беше на почетокот од постов.

Сите ја мирисавме свежината на бумот  што следеше.

И?!…

И би… БУМ!

Неполни два часа еруптираше, а тоа што беше плод на ерупцијата, не се кажува… се доживува.

Сепак:

– Болката на која се бев навикнал и која ја чекав пет и кусур месеци (картите за концертот ми беа купени некаде во јануари) – вредеше… A PAINT THAT I’M USED TO…
Само прашање на време беше желбата што мислев дека никогаш нема да ми се исполни и ми се исполни… ги видов… A QYESTION OF TIME…
и неизвесноста што ја чувствував се до тој ден, ја пропатив добро… SUFFER WELL…
а тие беа моите драгоцени… PRECIOUS.
Ги оставам овие спомени во чевлите и им посакувам на  сите да одат во моите чевли…WALKING IN MY CHOES…, да го живеат моментов.
Фронтменот цврсто застана зад воланот… BEHIND THE WHEEL …
и успеа да го разбуди мојот личен Исус… PERSONAL JESUS…
чудно беше што се чувствував како да сум дома… HOME …
и така соголен… STRIPPED …
чувствував,,, I FEEL YOU,,,
дека ништо не е невозможно… NOTHING’S IMPOSSIBLE …
дури ни тоа дека јас можам да уживам во тишината… ENJOY THE SILENCE
па дури и да живеам во тишина… LEAVE IN SILENCE …

Искреноста што ни ја порача за крај се надевам дека никогаш нема да не напушти повторно … NEVER LET ME DOWN AGAIN…

и одеше повеќе како молба од нив кон нас… NEVER LET ME DOWN AGAIN
отколку како прекор… NEVER LET ME DOWN …
NEVER LET ME DOWN …

Цел живот го чекав ова, а немав спиено последните 50 часа.
Го чекав најдолгиот ден на годината и го дочекав ова…
Во најдолгиот ден од годината.