Коментар или дебата

clipped from vbb.blog.com.mk

Даље, за какви „лонг – терм“ солуции зборуваш? превише очекуваш од еден личен блог. Нит иам идеја што да ти кажам, нит иам влијание на работите, а на крају краева нит сум должен. Да имав ја „лонг т’рм солуш’нс“ сеа ќе бев на Хаваи под сунцобран а не да се објаснувам тука по 100 пути. Ете си пишувам што сакам, што мислам дека е инетерсно и така.

powered by clipmarks

Овај дел од реплика ми остави толку голем впечаток што сето понатамошно анализирање и уоквирување на темите и дилемите кои можеме и сме способни до крај да ги поткрепиме со факти паѓаат како кула од карти. Мене, по интересен ми е мотивот што го натерало блогерот да го изнесе овој став, отколку дали (?) тоа го кажал во немоќ и очај да се дообјасни или поточно соодветно да реплицира. Безброј пати сум се наоѓал во таква ситуација и никогаш не сум се осмелил да ги употребам или да се одбранам со таков коментар. Можеби заради мојата не искреност пред самиот себе или што и да е. Му честитам на ВББ за тоа!

Прашањето ми е:
– До каде сме способни да навлегуваме во расправа, во убедување и во бранење на нашите постови?
– Имаме ли потреба од бесконечна расправа за истите?
– Што постигнуваме, ако се впуштиме во таква дуискусија и бесконечни реплики?

Бидете искрени и кажете дали некој некого убедил на крајот од расправата или сe завршило на „фрлање камења“ или она „ не сме се разбрале, а за исто говориме“.
Мојот пристап кога пишувам пост е темелен (онолку колку што ми дозволува мисловниот капацитет и изборот на темата), но во секој случај  е мој став. Влегувам во коментирање: евентуално ако не ми се прочита правилно постот или да ја насочам дискусијата на вистинско место, а никако во убедување на оној кој ми искоментирал.

Зошто?
Затоа што го почитувам секој коментар, без разлика дали се сложувам или не со истиот.

Или ајде вака:
Што е постот?
Сопствен став или простор за отворена дебата?