Името, името, името…?

eu, macedonia, madonna

И името е најмалиот проблем. Ова не е пародија. Искористени се снимки од Brif.mk, од Собраниската лакрдија кога ги тепаа пратениците од опозицијата, истовремено испомешани со инспирации од спотот American life од Madonna.

Овој клип е од два дела. Првиот дел е намерно сурово необработен, зашто сериозноста и случувањето во Собранието на РМ не трпи никаква пародија и анимација, а вториот е анимирана поддршка на апсурдноста со која се обидуваат да нè деконцентрираат – замајуваат.

Името, името, името from ribaro on Vimeo.

ЗНМ со предлог за самозабрана

Независниот синдикат на новинарите на Македонија, како резултат на последните случувања и немоќта на новинарите да препознаат веродостојна вест и истата соодветно да ја пласираат, излезе со предлог до Здружението на новинари на Македонија. Имено, Синдикатот предлага ЗНМ да и предложат на Владата на Македонија, да се донесе закон со еден и единствен член:

Самозабрана за вршење на новинарска дејност.

Се претпоставува законот да е времено регулиран – една година, а едновремено се предлага тој период да се искористи за доедукација на комплетниот новинарски кадар во Македонија. Понатаму, се предлага посета на курсеви, семинари и работилници, кои ќе им помогнат на новинарите да ги совладаат вештините за препознавање на веродостојните вести и информации. Еден од најпознатите српски сајтови Njuz.Net, кој на последните Парановинарски бисерни вести, одржани годинава во главниот град на Нарнија се закити со златен медал, се понуди да посредува во доедукацијата на македонската новинарска фела. Едновремено, УСАИД договори комплетно отворање на архивата на престижниот The Onion.com, сè со цел да се сподели искуството и правилно да се искористи периодот на самозабрана. Нашиот репортер – Кромид Бучин, јавува дека на вонредното собрание на ЗНМ одржано вчера, со акламација биле прифатени предлозите на Синдикатот. Единствено останало да се разгледа дали периодот на самозабрана од една година е доволен, или треба да се пролонгира. Од службите за контраинформирање на Владата, јавуваат дека ќе биде проблем да им се објасни на дипломатите од ЕУ дека тоа не е нивна, туку идеја на самите новинари, но и дека се спремни да излезат во пресрет. Ако не се донеси законот вака како што е предложен, од ЗНМ се закануваат со генерален штрајк во траење од една година, што би го постигнал истиот ефект. Како поткрепа од неопходноста од донесување на законот, се повикуваат на една од основните цели и задачи:

– ЗНМ го заштитува угледот и достоинството на новинарот и новинарската професија и ја заштитува и поттикнува слободата на критичкиот и креативниот труд.

На прашањето од Кромид Бучин, зошто е потребно самозабраната да се регулира со закон, од ЗНМ досега без одговор.

Пара пост