Грујум – Господарот на шизофрените

za vo post

Веќе цела деценија Грујум се бори со сопствената шизофренија. За тоа време, сите во шумата од магли сме заложници на неговата дијагноза, која континуирано произведува лудило. Ќе успее ли Смигл, да се ослободи од другиот во себе? Заминувај сега и не се враќај повеќе!

Leave now and never come back!

Одбери резолуција: 1080HD

Следи нè на Фејсбук: https://www.facebook.com/RibaroMK

Следи нè на Јутјуб: https://www.youtube.com/user/ribarotube

 

Бејби, Бејби, Бејби

vs160105-001

Покајанието на Бејби не е цел на овој сатиричен колаж. Намерно е изоставен делот каде Весна Бејби, не се гордее, се оградува од содржините и се покајува за периодот кога ја води емисијата „Не ми е јасно“, што одеше на ТВ Сител, и која се занимаваше со исмејување и понижување на опозицијата, а била по порачка на ДПМНЕ. Оваа сатира се занимава со…

Следи нè на фејсбук: https://www.facebook.com/RibaroMK

Следи нè на Јутјуб: https://www.youtube.com/ribarotube

Ќе се спасиме?

vs151018-001

И Катица Јанева со реакција на најновиот спот од Фамилијата.

„Ќе се спасиме?“ е видео пародија на “I will survive”. Погледнете!

Следи нè на Фејсбук: https://www.facebook.com/RibaroMK

Следи нè на Јутјуб: https://youtu.be/-wJs3LkRznQ

 

Телефон

Untitled

Во видеото:

– Кога чекам да речеш нешто, за да не се откажам од тебе.

– Кога се чувствувам толку минорен.

– Кога моите мракови индикативно ги симболизирав како црвени телефони, а ти можеш да си одбереш други и какви сакаш бабароги.

– Кога се сопнувам и паѓам, зошто ти коматизирана лежиш и не даваш знаци на живот.

– Што треба уште да ни направат?

…Речи нешто, се откажувам од тебе!

Музика: A Great Big World – Say Something

Нино и Ламбе се откажаа од паричните награди

rsz_nino

По вчерашните реакции на јавноста за висината на наградите кои се доделуваат во последно време на нашите музички фестивали, денес, добитниците на првите награди (секој по 20 000 евра) – Ламбе Алабаковски – Скопски фестивал и Ноно Величковски – Фолк фест Валандово, се огласија со соопштение, во кое се вели:
– Како резултат на кревката финансиска состојба на нашето Министерство за култура и неможноста тоа да ги покрие финансиските дупки кои настануваат во културното живеење во Македонија, ние двајцата добитници на првите награди решивме од вкупната сума која ја добивме за победа на фестивалите да задржиме само по 500 евра, а остатокот од 19 500 или заедно вкупно 39 000 евра ќе го донираме во Музичкото училиште во Битола,

На прашањето од нашиот пара репортер зошто Ламбе чекал речиси цела година за да се реши на овој потег, портпаролот на двајцата пеачи ни одговори:

– Времето не беше пресудно, но имавме дилема. Дилемата беше, дали овие сретства да се дадат за музичката подлога за новата фонтана што ќе се гради на плоштадот во Скопје, или пак за Музичкото училиште во Битола? На крај сепак решивме тоа да биде Музичкото училиште во Битола каде Ламбе ги направи и првите музички чекори. Воедно и’ благодариме на македонската јавност што ни обрна внимание.

Ламбе и Нино,  ем ја покажаа својата хуманост на дело, ем и удрија морален шамар на Министерката за култура, за тоа како треба правилно да се распоредат сретствата спрема потребите. (наш коментар).

п.с. По само еден час откако излезе ова соопштение, со слични соопштенија се јавија и второ наградените (освен Биба Додева, која пред некој ден револтирано реагираше дека се’ уште не и легнале сретствата на сметка, па сега нема пари да си ја плати киријата) и трето наградените од двата фестивали. Премиерот Никола Груевски пак, не пропушти да ја искористи приликата и излезе со поддршка за нашите поп и фолк ѕвезди. Мора да се забележи дека дури ја читаше поддршката за ваквиот добар гест на Ламбе и Нино, Премиерот во позадина ја имаше целата поп и фолк македонска естрада.

Пара пост