Фамилијата – прва епизода (соработка со Okno.mk)

Од пред извесно време ribaro.mk воспостави соработка со порталот Окно. Таму ќе бидат постирани видео монтажите и влоговите, a ќе бидат хостирани на мојот youtube канал.

На Окно веќе може да се погледни „Фамилијата – прва епизода“ која, како што се вели во најавата:

„Фамилијата“ е серија, каде причинско-последичните појави играат брканица, а актерите си го побркале англо-италијанско-македонскиот идентитет за сметка на добриот сарказам. Анимираниот филм Рибаро го користи адаптирајќи го врз нашите случувања сценариото од вечниот Алан Форд.



Преводот намерно одбрав да е врзан преку опцијата “Adding/editing captions” што ја овозможува youtube, зашто така (преку Google Translate) е достапен на многу јазици.

Ако немаше интернет…

Како ќе беше ако немав интернет? Споделување на ставови и изјави за тоа што значи интернетот за секој од нас. Моето „ако немаше интернет…“ преку видео клип:


Повод: 20 години од постоењето на Интернетот. Македонскиот сервис на BBC почна да пишува одредени статии, а почна со Мите. Иницијатор беше Развигор, па ја отвори Дарко, тој ме повика мене и така, како internet meme, јас им го препраќам да го шират: Фемгерила, Лавот, Киху Потру, Ненад Илина

КГБ – проект, Скопје 2014

grujo, koce, tinexНема сценарио. Тука сè се одвиваше онака, како што е претскажано од тројцата творци, визионери, апостоли на модерното време, во кое урбаниот хаос си го наоѓа своето место. Паско К. Никола Г.  Вангел Б. се имињата чии иницијали се врежаа во тој визионерски проект кој ќе и пркоси на…


Во влог постот се користени:
видео од ТВ A1,  фотографии од Мите Кузевски, анимација на goanimate.com/, а позајмен е  трејлерот на Stargate!

Модерен Хајд парк – Рибаро во Фокус

korica-3-1-1http://Како се злоупотребува интернетот за политички цели.com

Рибаро: Денес е многу тешко да замолчиш некого на Интернет, а уште потешко е да се најде некој кој има да каже нешто.

Пред околу 4 месеци македонската јавност буквално ја размрда еден клип на македонски блогер, објавен на јутјуб – „ Именденска б.б“ – линк, во кој од инсерт на филм со Хитлер, дијалогот помеѓу актерите беше преведен на македонски, но тој не беше директен превод, туку парафразиран, а главните актери беа премиерот и дел од неговиот владин кабинет. Клипот беше објавен во пикот на масовното рекламирање на Владата во скоро сите медиуми, кога мнозинството од медиуми беа безгласни букви и кога Европскиот парламент реагираше на недостиг од слобода на говор во земјава и опасноста, ако ситуацијата не се подобри, тоа да остане уште еден, нов критериум за влез на земјава во Европската унија.

Дали Интернетот остана нов и засега единствен простор во Македноија кој гарантира слобода на говор,односно слобода на изразување и место каде што секој може да си го каже своето мислење без страв од цензура, од притисоци, закани, тужби? И дали во пракса е така? До каде оди таа слобода? Или и интернетот е „благо“ контролиран, како и сè друго во нашите животи? А, од друга страна дали таа слобода значи дека само небото е лимит?

Continue reading

Влог: Досие – Именденска б.б.

Тониќ му испраќа писмо на Премиерот со детали од евентуалното исценирано гостување во емисијата…
Сценариото е обработено од повеќе аспекти и треба да ја прикаже наводната опсесивна љубов на народот спрема својот премиер.
Како дошол предлогот на Тониќ во рацете на интернетџиите…?

Што е превземено…?

Погледни:


(За превод на македонски, клик на стрелката во десниот долен агол на плеерот, и одбери “CC”)

линк, ако сакаш да ја видиш целата содржина на документот за која е врзано сижето во филмот.

Technorati tags: , , , , , , , , , , , , ,