Прекрасен свет?

Ова е мојот јубилеен 20-ти видео клип, воедно и последен, каде главната улога ја има Кловнот. Време е да му се заблагодарам на Кловнот за досегашната соработка, а ја користам и приликата да му се извинам за сите понижувања и трансформации низ кои мораше да помине за да ги оствари моите себични и луцидни фрустрации. Кој лик ќе биде земен на душа да ја игра улогата на Кловнот, ќе одлучува Собранието на РЖМ, на наредната седница.

Дотогаш, од извори блиски на „Рибаро ол мајти кикирики продакшн“ дознаваме дека квази анимациите кои фрустрираат милиони Хунзо-талибан следбеници долж животинското ни царство, ќе продолжат со несмален интензитет. Исто така одзнаваме дека политичките главендури кои ја реметеа естетиката на анимираните симпатикуси, ќе заминат во вечните ловишта. За тоа, што уште може да се очекува, изворите велат: сигурно ќе се оди на уште полоша и поаматерска анимација, можеби измиксана со реална камера и стоп анимација, а можеби и…

Во оваа Video over voice пародија на Wonderful World од James Morrison, сакав да се позанимавам со вонаби админстративците, нивните желби и неостварени соништа.

Видеото е објавено и во Окно.мк

Сло(н)жувалка – Калабалак 2010

Видео калабалак, или калабалак на дел од видео клип артовите со кои ја одбележав 2010 година. Има и нови моменти. Го пронајдовте ли слонот во Сло(н)жувалката?


Објавено и во Окно.мк

My Social Network

За овој наш вмрежен свет. Можеби ова не се рендом избрани статуси од Фејсбук, слики, твитови, но секако имаше материјал за уште 5 пати по толку клипови…

Ако некој мисли дека му е нарушена приватноста, нека пиши слободно, во наредното видео ќе го нема 🙂

А зошто да не си направиш и ти “My Social Network”, мислам онака, како meme?

Објавено и на Окно.мк

Додаток

За видеото, со пост коментари и видувања:

„Мојата друштвена мрежа, ново видео на Рибаро“ –  it.com.mk

„За видеото_My Social Network“ – Митко Гогов – И по, тоа!

Дали знаеш?

Ова видео се роди во копродукција со Жаре – Зомбификација и неговата колумна „Како е можно“


Видеото е поставено на Окно.мк

п.с. Пајаците Гуглови на тубето, мавнаа рестрикција ради безвезниот копирајт на музиката, па за тие што гледаат од: Argentina, Austria, Belgium, Chile, Colombia, Denmark, Finland, Germany, Greece, Hungary, Malaysia, Norway, Peru, Philippines, Poland, Portugal, Romania, Russia, Singapore, Sweden, Switzerland, Thailand, Venezuela, го поставив и на Vimeo.

Тука за френдли гастербајтерскиот линк. 🙂

Додаток:

Новица, во блог постот Градежниот сектор и корупцијата со еден параграф цитиран од книгата „Милјардата на дното“ ја надополнува приказната.

За видео блогот и блогосферата – интервју за it.com.mk

Ова се прашањата:

– Зошто ја одбра видео формата за изразување, видео блог наместо стандарден блог? Дали тогаш мислеше дека луѓето повеќе ќе гледаат одошто да читаат?

– Зошто одбра алијас, дали Рибаро на веб е различен од Јане Ѓорѓиоски? Какви се реакциите на луѓето кога ќе го сретнбат Рибаро?

– Дали во Македонија е потребно да се скриеш зад измислени карактери за да говориш слободно? Видовме дека слично нешто им успеа на „Еднооки“. Дали македонците повеќе им веруваат на измислените карактери одошто на правите луѓе?

– Рибаро од само монолози се префрли во анимирани, поетички и артистичка форма на изразување? Дали природна еволуција на Рибаро е да прејде од блог пост со кратко видео во серијал?

– Се почесто гледаме live стримови/видео подкасти по веб сајтови. Дали видео блогот е иднината на изразувањето? Како гледаш на сервисите како YouTube, Ustream, Vimeo… и нивното видео влијание во светот?

– Што со веб видеото во Македонија? Видео блогови, видео серијали, подкастови…

– Ти твитна „каде отиде македонската блогосфера“? Објасни го твојот твит

– Мислиш дека друштвените мрежи го поразија .мк блогот? Или блогот никогаш не стана позначаен медиум за изразување во Македонија?

– Како би го изгурале на површина блогерското критичко мислење. Сепак блогерските идеи доаѓаат од поинаквата интернет страна на реалноста? Колумни на блогери во весник? Твитови? Постови на Facebook?

– Каков совет би им дал на идните критички мислители, артисти, блогери… во само 140 карактери?

За одговорите на прашањата, трк на линков, кој води до интегралното интервју на www.it.com.mk