Фирерот, реакцијата за пратеничките листи

firerot za post

Која била реакцијата на Грујо, откако разбрал каква ујдурма му спремиле со пратеничките листи, овие од СДСМ.

Анимацијата и адаптираното сценарио, е моја креација.

Сценариото: Ова се последните информации добиени од анкетите за изборите.
Растечкиот тренд на нашата партија и Хорхе продолжува.
Во прилог ни оди тоа што никаде го нема Бранко, а Заев и компанија без него, не знаат кој пат да го фатат.
Комуњариве ги истакнаа ли кандидатските листи за пратеници?
Фиреру…
Листите…
Листите ги истакнаа, но не се како што очекувавме.
Затечени сме – никој од извиканите комуњари не е носител на листа.
Нека останат само шефовите на штабовите и брачед ми.
Како е можно ова бе?!
Зошто ме лажете дека сè е во ред?!
За кој курац ги плаќаме новинарскиве проститутки кои
сега ми дремат пред канцеларија?
Сите медиуми ги имаме под контрола.
Како е можно никој од нив да не разбрал каква ујдурма ни спремаат Заев и компанија.
А, Цаци и Сарма, каде беа? N ели тие дознаваат први за тоа што се случува кај комуњариве?!
Фиреру, Цаци била на маникир, а Сарма се прејал толчени пиперки.
Сакаш да кажеш му сметал меот, не можел да слуша?!
Фиреру, смрдел корнел на лук, му било срам…
Немој само да ми кажуваш дека Сарма имал срам од нешто?!
Тој не знае што значи тоа срам.
Сети се само како ги изорганизира контрапротестите за Мартин, со тоа плавото пичлаче шо пелтечеше пред камера.
Под итно да најдите начин како да ја смеениме стратегијава и да почниме да ги оцрнуваме новиве.
Мора да им накалемиме афери на Шилегов и компанија. Ако треба ќе ги направите и грчки колабористи, море и Сталинисти!
И на оној дебелиот уредник на Канал 5 и република, што кисни по цел ден на Фејсбук
Кажете му дека цела Европа ни се смее за глупоста што ја тресна со штосот за промената на името на Стево

А Хорхе
Кој го остави јаден Хорхе, сам да се шета по телевизии?!
Треска Хорхе глупости ко недоветен кај Бурекот во емисија:
Вели, Казакстан бил голем колку цела Европа.
Вели, Жак Ширак, бил претседател на Америка.
Се фали дебилот дека гркот го поздравил со Калисперас, а овој му вратил – о Скопјанос.
Смири се миличка. Ти си го имаш Пустец како адут.
Резервирајте авионски билети за Панама, во еден правец.
Најверојатно Балканов ќе ни биде тесен за бегање.
Катастрофа.

Слободно можете да го преземете видеото и да му закачите ваш текст од следниов линк: https://vimeo.com/37529101

Муви

post.jpg

Ова е Македонска пародија на Miley Cyrus – Wrecking Ball. Не, не сакав оној сексипилен изблик од Мајли да го унакажам со Владетелот, како го јава  судството и со нивни амин руши сè пред себе. Не сакав и со портокаловите лопати, со токмаците и ебените зандани во кои нè одгледуваат да се занимавам. И за мувите не знам дали сакав да кажам, ама па тие, секогаш се тука кога смрди, не ти даваат избор. Сакав за пеперугите, за круната, или за цицињата од Мајли кои се наѕираат да направам пародија.  Ако некој успее во тоа, нека ми пиши, ќе ја бришам мојава.

Директни линкови каде што е хостирано видеото:

You Tube: http://youtu.be/_g0lVBC2DBw и Vimeo: http://vimeo.com/85707027

 

Од Cabaret до Кабаре

Од Cabaret до Кабаре

Ова видео  за медиумската пералница и гротесната велесушална, е ин мемориам на Роберто Беличанец, кој знаеше да се носи со иронијата во нас. Ако иронијата побараше од мене да изведам дефиниција, тогаш ова видео е мојата верзија. “Tomorrow Belongs To Me” пак, од филмот “Cabaret”, е иронија сама по себе. Ако се земе и дека авторот на текстот Fred Ebb, е ем евреин и ем педер, тогаш можете да извлекувате поенти од Cabaret и назад до Кабаре колку што сакате.

2014 – Македонска Одисеја

2014: macedonian odyssey

Култниот почеток од Кјубрик-кларковата “2001: A Space Odyssey”, проплакан на камерен македонски.

Музиката и сите звучни ефекти искористени во ова видео (вклучително и камерните дијалози) се извадени и адаптирани  од “2001: A Space Odyssey”

 

Името, името, името…?

eu, macedonia, madonna

И името е најмалиот проблем. Ова не е пародија. Искористени се снимки од Brif.mk, од Собраниската лакрдија кога ги тепаа пратениците од опозицијата, истовремено испомешани со инспирации од спотот American life од Madonna.

Овој клип е од два дела. Првиот дел е намерно сурово необработен, зашто сериозноста и случувањето во Собранието на РМ не трпи никаква пародија и анимација, а вториот е анимирана поддршка на апсурдноста со која се обидуваат да нè деконцентрираат – замајуваат.

Името, името, името from ribaro on Vimeo.