Блог катастар

Image Hosted by ImageShack.us

Кога веќе си ги мериме по цел ден, редно е да се навикниме да бидеме: живи, голи, чисти, не искварени, тазе луѓе од пекарата на блогосферава и да станеме чист – интелектуален материјал без можност на доработка и преработка…
Да манипулираме со сопствената територија или став, без влакна и страв

Како?

Замислата е секој блогер да истакне само еден блогер/ка кој му иди на живец и со кој/а радо би си го „мерел/а“, а истовремено да се потпише позади тоа со име (блог) и презиме (ник).

Одговор од типот: многу ги има, не ми иде никој на живец, не му идам на блог или некоја кохабитација и слични „педерски“ ствари не се признава. Ако не сакаш тука (во коментар), пиши си кај тебе на блог, сеедно.

Еве пример како би изгледал прифатлив коментар или пост:

– Никот Ивица… речиси редовно би го тепал со заушки, чврги, рафали,  или би го дигал на клоца до сто-едно и назад, ако не беше спротивно на законот и нормите за лепо понашање. 🙂
Зошто?
– Не знам бе, мислам дека не е искрен во муабетот, а и не ми треба некоја голема причина за да сетам дека не го бива. Абе дури и линк не ми се става до него.

Од каде ми дојде ваква „деструктивна “ идеа?
– Од придобивките на нашето опшество:

Демократија, лустрација (?), државни тајни и слични (блог) бламажи, искористување на „популарност“, лигушење, лижење, лицемерие… ЛИЦЕМЕРИЕ!

Воскрес или апокалипса (Web 2.0)

Не ми е намерата да навлегувам во некаква религиозна заврзлама.
Јас во основа сум практичен сонувач – оксиморон, но понекогаш знам да сонувам и прераскажам чисто практични работи.
(…Хм…) можеби и не се баш само практични?!?

Се работи за WEB 2.0.

Прашањето е сега дали има потреба да се скептизира еден  револуционерен чекор кон светлата иднина (како што се прашува и Развигор во неговата извонредна колумна што ја препорачувам)?
Од друга страна Комуникации налетал на еден длабоко аналитички, а истовремено и мошне антрополошки клип и решил да го сподели со нас:
(бидеќи настаните на клипот се одвиваат многу брзо, прпорачувам да го снимите… овде има упатство како се снима клип од YouTube🙂

Се надевам обрнавте внимание на следниве делови од клипот, каде вели:

… Ther’s a blog born every half second
and it’s not just text…

Hello World!
We Are the Web!

… When we post and then tag pictures.. we are taching the Machine.. each time we forge a link we teach it an idea.. Think of the 100 bilion times per day humans click on a web – teaching the Machine… The machine is us
Digital text is no longer just linking information…
Hipertext is no longer the linking information…
The web is nol onger the linking information…
The web is linking people…
The WEB 2.0 is linking people,
… people sharing, trading, and collaborating.

We’ll need to rethink a few things:
– copyright
– authorship
– identity
– ethics
– aesthetics
– rhetorics
– governance
– privacy
– commerce
– love
– family
– our selves

Ако не ве интересира WEB 2.0 и што има да каже Michael Wesch, тогаш сигурно уживавте во музиката na – DEUS,  There Nothing impossible..

… А зошто насловот е: – „Воскрес или Апокаплипса?“
… Па ме замисли она дека:

– Ние треба одново да размислиме за  неколку работи…

идентитетот
приватноста
љубовта,
фамилијата,
ние самите

Шо знам, размисли и ТИ, да не речиш после не кажав.

Се Блого-зацапав… пак

Photobucket - Video and Image Hosting

ПЛАСТИЧЕН ОБИД ЗА САМОУБИСТВО

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас додека го планирам совршеното самоубиство додека театарски го поставувам мизансценот на мојот иден погреб само за да ги замислам хипер-реално лицата на сите кои ме оплакуваат на сите кои констатираат колку генијална поетеса сум била а всушност плачат над сопствениот кукавичлук да испијат шишенце розови таблетки…

(за цел текст оди тука)

Се вика Bonbonce.blogspot, ја викаат  и Sash!

Туризам или нацизам

Го препознав човеков. Пред некоја година нè шеташе со кајчето околу Свети Наум во Охрид. Доста интересен човек: – знаеше многу пиказни, имаше стил на раскажување и  ме натера да уживам во прошетката…

– Браво, човекот си го знае занаетот – помислив.

За секој патник изгледа има спремено посебна приказна. Овај пат изгледа ја раскажал погрешната:
За видеото,  клик тука.

Многу често имам прилика да слушам вакви приказни и тоа (за жал) не само од луѓе со весла во раце.
Што го натерало овој човек да раскажува вакви приказни?

Ма што и да го натерало.

Од такви веслачи бродот ни потонува.
Е да де, од веслачон ни ватил корабов крив правец?!
Не драги мои, туку од тоа што во него го препознав секој од нас.

Уште еден муабет по вода ми замина, а?. Ќе го пречека ли некој – двајца, стотина нека сè…  кој и да е?

Има ли луѓе, луѓе мои, или само муабет е сè?!

Ам-Ам, амкаме и дробиме за туризам, а пропагираме нацизам и на крај мајмунска ни е работата, како што впрочем прикажува клипот.

Додаток: Sonic boy го исконтактирал човекот (Охриѓанецот) и со него го снимил следниов видео клип:

Би додал само: каењето е човечка доблест!

Блогери, да му речиме крај на нашиот скептицизам кога се работи за блогот како медиум. Блогот (и кај нас) добива неспорно друга димензија и карактеристика:

– Прераснува во моќен медиум!

Зомби(И)фик(А)ција – анализа на македонската блогсфера

Image Hosted by ImageShack.us

Жарко – Зомбификација во овие „зимски“ денови немал друга работа и се „осмелил“ да направи класификација на мак. блогосферата. Се надевам дека немал помош како на фотката па да испобуричкал нешто не намерно. 🙂

Еве ја неговата анализа:

Мошне тешко е да се илустрира на кој начин македонската блогосфера ја промовира разноликоста на културните изразувања. Претенциозно е да се класификуваат блоговите и блогерите, имајќи го особено предвид плурализмот на блогерски идентитети и нивната нестабилност.

… за цел текст оди тука

И покрај сите ризици, ќе се осмелам да разликувам неколку блогерски „ориентации“…

Илуминати по блогосферава?

Не ни знаев јас – така задодан и неУк, дека по блогосценава македонЦка светат такви илуминативно возвишени блогери кои од  „големина“ не ни сакаат да си ја признаат својата присутност.

Кај Анти имаше еден многу нормален и информативен пост за трибина – интересна и за блогерите. Ме заинтересира денес, да видам да не се има родено некој пост коментар за тоа што и како било кажано на трибината, но го нападнале некои спамерски пораки за да на крајот внимание ми привлечи еден, on ли – of ли тема? – коментар:


gemidjy вели…

Која блогосфера бре? Група фиктивци што пишат несмислици на блогкоммк или тие што цело време се плескаат по газ и викаат „Ние на блогспот сме подобри бидејќи Гугл нема да ни ги затвори сметките и нема правично да не гони?“ За кои велиш?


Одкако го „запознав“ испукав еден мој коментар како одговор:


– ribaro вели:

gemidjy, како што читам кај тебе ти си паметно дете. Не знам само што те натерало да мавниш таква генерална етикета за блогосферата, кога и ти сакал не сакал си дел од неа. Е сега наместо да бидеш се‘ поприсутен на „јадната“ мак. блогосцена и да ни ги приближиш благодетите на слободниот софтвер и линуксот, ти ми изиграваш некоја недостижна величина.. Немој после да се чудиш зашто толку тешко се пробива твојата-„lugola“, прости-„лугола“ група или се мислиш некое илуминатско недостижие, па ние овде сме гола вода и параспурџиска багра на како што не нарече:
– фиктивци што пиШат несмислици и газо-плескачи. Ај биди љубезен и слези малку-подосветлине или закупот на твојот „net” домејн не ти дозволува да се смешаш во баграва беспаречка која грвелка по бесплатни гуглачки или македонски сервери. Можи испомешав нешто околу стручниве изрази, но се надевам ми ја свати поентава на муабетот.
пс: Изгледа си некоја големина во мак сферава интернетска, па така патронски си дозволуваш да настапиш, а згора на тоа и никој не ти противречи за навредиве, ама мене ич кур не ми дреми кој си и шо си, зашто сум проС рибар и ако треба таков и ќе си останам.. поарно, во секој случај…


Неможи бе  да дозволиме некоја себе-умишљена фигура со закупен домејн да суди за сега веќе не знам колку стотици (можеби и илјади) блогери на македонската блогосцена, и да вели дека не постоиме односно дека сме ништожни, фиктивци и што ли уште не.

Пс: секоја чест за нивната група (чиј водач е потпишаниот gemidjy или Александар Балаловски) за промоција и имплементација на слободниот софтвер и линукс – оперативниот систем, но малку усул треба да се има кога се генерализира цела категорија луѓе, нели?

… И во контекст на претходниот мој пост:

– Who the fuck is Aleks (Balalovski)?