Влог: Македонска убавина

Распакувана е култната сцена од American Beauty, во обид да…


пс: во соработка со VIP cartoons блогот

линк: Македонска убавина

Technorati tags: 

Блоговите се ѓубре?

Сум се степал – онака вистински, два пати. Првиот пат беше во ферка (ама здрава тепачка беше тоа и заврши со крвава усна и крвав нос) со мојот тогаш најдобар другар, а вториот пат во една така помасовна тепачка во центарот на Прилеп со епилог од зададено 5/6 бокса…
Е сега јас би за првата, но…

***

Без пардон, а и без усул е насловот на постот на Сеад испровоциран од дискусијата во емисијата „Пез пардон“ на МТВ1, во која покрај другите беа гости и Сашо Ордановски – Транспарентност Македонија и Роберто Беличанец – Центар за развој на медиуми. Двајцата си се надополнуваа во муабетот и во една прилика така ношарлантно ја исплескаа Блогосферата, абе дури да ти е мерак да ги слушаш онака елоквентни…
Еве како Сеад го парафразира нивниот муабет:

clipped from komunikacii.net

Она што се рече за блоговите за мене беше, и благо и слатко кажано, „тропање глупости“ (грандиозен еуфемизам во наводнициве). Роберто си Беличанец, кој знае симплицистички да тропа поприлично без многу пардонирање гебелсовски кажа „70-80% од блоговите се ѓубре, од кое пола се расистичко ѓубре“. Него и ќе го премолченв, но потоа се надоврза и Сашо Орданоски (екс-Форум, карентли Транспарентност Македонија), прафразисам, „(се согласувам со) она што го кажа Роберто, новинарството (сепак) е занает“. Како никој не се побунтува, остана како неофицијален заклучок и став искажан на јавниот сервис во поглед на блогерството „Блоговите се ѓубре!“.

blog it

На тој негов пост, се навраќа (во коментар) Роберто Беличанец и мошне сочно ја дообјаснува својата теорија околу ништожноста на блогосферата а посебно во Македонија:

Роберто Беличанец // Feb 6, 2008 at 2:31 pm

70-80 % од Блоговите СЕ ѓубре. 50 % од Блоговите СЕ расистичко ѓубре.
На блоговите 90 % од коментарите СЕ непотпишани. Што покажува дека ако на прачовек му дадеш компјутер тој НЕМА да стане дигитален граѓанин. Тој ќе остане прачовек со компјутер. И може цела македонска блогосфера да вреска дека тоа не е така. Овие факти не можат да се изменат.
Децентрализацијата на комуникациите нужно доведува до шум. И тој шум е 70-80 % присутен на македонската блогосфера. И тоа е нормално. Не ми е јасно зошто толку се возбудувате.
Она што е битно во таа емисија, а истото јас го кажав е дека и класичното новинарство во светски размери умре оној ден кога репортерите од најголемите светски медиуми го прифатија концептот на т.н.р. „Вметнато новинарство“, односно кога прифатија, заради подобри снимки да влезат во оклопните возила на Американската армија во Ирак.
Традиционалните медиуми ги тресе криза на кредибилитет, потполно се избушени од односите на капиталот и моќта. Во Македонија тој проблем е уште поголем. Но, назад на темава. Дали блоговите се здрава алтернатива… Мое мислење е дека не се… И ова може повторно да си го подведете под „тропање на глупости“, но тоа повторно нема да ги промени фактите. Блоговите, со чест на исклучоците, се места каде што МИСЛЕЊАТА и КОМЕНТАРИТЕ на мислењета се основната форма преку која се пласираат содржини. Се разбира дека се додаваат и аудиовизуелни содржини креирани од корисниците но тоа во суштина не ја менува многу работата… Клучната функција на медиумиот… информирањето блоговите не успеваат да ја исполнат. Од тој аспект ние во македонија не можеме да зборуваме за т.н.р. демократизирано или веќе ако сакате така да го нарекувате децентрализирано новинарство. Дури и во светски размери таквите појави на блогосферата се ретки. Во таа смисла, алтернативата на традиционалните медиуми на мрежата се порталите, но и веб сајтовите на традиционалните медиумски конгломерати кои се приспособуваат на технологијата.
Ако добро ме слушавте, пред да го напишете кометарот ќе чуевте дека реков: “ Новинарството во Македонија денес е можно само како субверзија… не сум сигурен дека блоговите тоа го овозможуваат затоа што 70-80% од нив се ѓубре, а околу 50 % од нив се расистичко ѓубре“.
Очигледно дека стариот намќор Хераклит бил во право кога рекол дека: „очите и ушите им се лоши сведоци на оние кои што имаат варварски уши“.
Значи ајде да ја дообјаснам изјавата затоа што сметам дека секој комуникациски канал е битен и дека заслужува внимание, а очигледно блогерската заедница има проблем со оваа изјава“.
Новинарството во Македонија страда од недостиг на професионализам кој што е директно поврзан со односите на моќ во општеството. Од тука произлегува дека професионалното обавување на таа професија (со почитување на стандардите што се мачно изградувани од појавата на првиот весник до денес) во Македонија, во традиционалните медиуми, во овој момент не е можно или е можно само на маргините како субверзија на главниот тек. И потоа додадов дека не сум сигурен оти блоговите се медиумиот низ кој што тоа може да се оствари. Поентата е дека шумот е преголем.
Не велам во ниту еден момент дека нема квалитетни блогови… Само велам дека тоа се комуиникациски канали кои не се медиуми, ниту тоа можат да станат. Некои од нив со тек на време и со посветеноста на авторите можеби ќе еволуираат во такво нешто. Јас лично имам едно 5-6 фаворити во Македонската блогосфера, но во моментов тоа не е така. И затоа пред да се почуствувате нападнати, пред да почнете со големи наративи од типот на “децентрализација на светот“ (а ова е тема за посебна дискусија, зашто ако е толку децентрализирана работата зошто ОН.НЕТ има поставено медиа концентратор како главна појдовна точка кон огромен дел од македонската блогосфера и што е тука деконцентрирано… пристапот ли…) погледнете во себе. Самите се нарекувате блогерска заедница.
Тоа зборува за две работи: 1. Дека нема публика во класична смисла туку дека функционирате како полузатворен свет. 2. Она што го произведувате е на ниво на меѓусебен муабет за одредени прашања… што пак по дефиниција е интерперсонална комуникација… т.е. немедиумска комуникација.
Она што најмногу ме загрижува е табиетот да не се потпишувате со вистинското име и презиме туку со никови…
Се срамите ли од своите мислења… Се плашите ли од тоа што го мислите да не се поврзе со конкретна личност… Толку ли се чувствувате слаби и немоќни во сопствената кожа… На крајот ни тоа не ме интерсира бидејќи тоа покажува незрелост за човечка комуникација за која што пред воопшто да започне комуникаторот треба да се легитимира.
Од искуство во традиционалните медиуми знам дека најголемите гнасотии се направени со непотпишани текстови, а псевдонимите речиси секогаш биле употребувани само од кукавички побуди… тогаш кога авторот не бил подготвен да се соочи со последиците од својот текст.
И на крајот, рефлексот да се браните кога никој не ве напаѓа, потребата да се видите сите во тие 70-80% што не чинат толку слатко ја открива вашата несигурност во она што го правите. И јас сакам да видам децентрализиран свет… но ако цената за таквиот свет е кукавичлукот тогаш засегош ќе останам од другата страна.

За на крај – Беличанец, да повика на отворена дебата во негова организација, за која сеуште не е дефинирано каде и кога ќе се одржи.

Е сега, бидеќи нема да бидам присутен на таа евентуална дебата, еве го моето видување:

Уф каква здрава шамарчина ни ракоплесна еден од креаторите на законот за радио дифузија  од врхушката (без иронија) и медиумската алфа и омега во Македонија, просто не ми се верува.
Еве и нека држат нападите: процентуалната логика, шумот, иако изведени паушално. Најмногу боли тоа што не го признава блогот како медиум, туку само како (молим ти се лепо) комуникациски канал. Значи, ние овде, си месинџеруваме и не сме доследно информативни, а таму неколку дневни весници и неделници кои копи-пастираат од нашите и странските новински агенции и преведуваат цели статии од странските медиуми и ништо повеќе, се релевантни чинители на јавното мнение? А за тоа дека ја гледа алтернативата во порталите, не ми се трошат зборови.

Немој Боби, молим те! Знам дека порасна со „Commodore 64“, дека не си паднат од небо и дека дури јас копав црвци и шутирав конзерви ти учеше BASIC, но на оној палзилери пајташки муабет со Ордановски што го затеравте ич не му ја контам поентата. Ако не за друго, туку што немаше ни еден претставник од блогосферата за да може да се одбрани, па остана констатацијата (како што посочи и Сеад) дека блогосферата е ѓубре недостојно за внимание. Ај еве за момент заборави дека блогот не е медиум и врати се на процентите.
Кажи ми (процентуално), колку од македонските дневни и неделни весници заслужуваат внимание… Колку од телевизиите се потпираат на своите репортерски и изворни информации, а помалку на агенциските. По мојата математика во најоптимистички случај процентот не е поголем од 10%.

За разлика од тие бледи и мртви „медиуми“, блогот не ретко располага со лепеза од индивидуални коментари за одредена актуелна тема поткрепен со анализа, која линкувано задира до сите достапни извори моментално постоечки и релевантни за одредената тема на постот што е предмет на анализа.
И кој е сега порелевантен и информациски побогат и подоследен? Оној кој успеал да ја долови атмосферата на пишаното од триста пичкесиматерина аспекти или оној кој слепо се врзал агенциски и пренесува вест и згора на тоа речиси во 99% од случаите не кажува кој е оригиналниот извор на веста?
И зошто сега да нема место за блогот како медиум? Зошто упорно се маргинализира улогата на блогот? Немој молимте со она дека коментарите се не потпишани и бла-бла цмиздрави лигавења кои btw успешно ги надминуваме. Не е ваљда од страв од неколку беспомошни пискарала, не реализирани интелектуалци, новинари, маниајкално надркани средовечни чичиња, писатели, самохрани мајки со вишок на време, квази историчари и сексуално не задоволени домаќинки, нафурани професори и профеосорици и какви ли уште не маргинализирани персони кои (како што вели Ванковска) вежбаат демократија  удобно скриени позади измислени никови и прекари?

Кого штитите со Ордановски: Сузе, Латас, Младенов или независниот(?) Божиновки го штитите од нас, кого…? Веродостојноста на информацијата? Што штитите или поточно, на што му давате простор?
Или најверно ми е дека нè штитите од самите себе. Да не случајно се повредиме вежбајќи демократија или не дај боже да не се навредиме и испорезилиме низ нетов и светов практикуваќи како што ја нарече погоре – канална комуникација, па да се зацапаме во некои бразди и бездни и така очорени да не видиме кој кого мачка и дебело подмачкува во информацискиот простор, а?

И да, блоговите се субверзивната алатко која може да го поткренат и поткрепат недостатокот од објективност во иформирањето со самото тоа што блогерот е уредник сам на себе и единствена цензура под која подлежи и која треба да ја совлада е автоцензурата. Не знам оти не можеш да видиш толку очигледна работа? Боби, тоа не се прави со минирање на еден алтернативен (сакал ти признал или не) медиум како што е блогот, тоа се прави со поддршка, а посебно е потребно таа да доаѓа од Центарот за развој на медиуми, тоа ми изгледа толку логично, нели?

***

Оној првиот пасус од муабетот – за тепачките, не е нафрлен туку така.
Имено, еден од двајцата протагонисти во ферката е токму Роберто Беличанец, па затоа така лично му се обраќам со Боби. Не дека му останав должен за нешто, туку дека инсистира да се потпишиме со својот идентитет позади кажанот, демек имало поголема тежина тогаш.
Па еве…
Пс И во една така опуштена, цивилизирана, тивка, издишана атмосфера како што вели Ордановски и може да се виде од клипот, ги направи блоговите бербап.
Замислите што би се случило кога атмосферата би бил поинаква.

M‘чам… уште тро

Мораш прво да го погледнеш клипот!

Остај шо кажуваат и не/зборуваат овие од видеово, туку, ќутат бе, мумии. А толку многу мислат дека имаат да кажат, или кажале чинат. На кого ве потсеќа ова, а? Можеш да изнаремпаш милион прашања и извичници да констатираш, комплетираш, редови да корегираш, но…
… Но друго е кога ќе се чуе глас, кога ќе се погледнат очи. Тогаш се има чувство на доверба, некоја блискост или одбивност… сеедно, бар си начисто ебате, ако не друго. Одам така – талкам од клик на клик, читам, препрочитувам, пастирам, линкам, влегувам од замка во офсајд, па ме наткреваат на волеј, па со пет(иц)а, ме дриблаат, дриблам, па пак волеј. Одам и букмаркирам. Сакам се‘ да примам и малку ми е денот, ноќта не е моја, на соништата е ноќта. А мислиш дека тие се твои? Надвор паѓа снег…
Значи гласот: рапав, млитав, баритон, сопран… преку куров – каков сака нека биде гласот важно да струни и бранува нешто човечко. Можеби не е до гласот, може да е до слухот?
Таман имам сега време да го „озвучам“. Ај понатака…

Нарачан пост?

Па мме, сега ли најдоа да се тепаат во Собрание, а ги чекаме, ги чекам едно 16 години да се испокол/вa/ат и да не рајатисаат?!
Шо не се степаа кога се пукаше 2001-вата, а? Замисли, тогаш не се тепаа во собранието, тогаш беа конструктивни, свесни за сериозноста на ситуацијата, молим ти се лепо. А сега бе? Сега кога треба само да измолчиме и да го дочекаме тоа самитот во Романија и да го решиме живуркањево заветени за НАТО-та, шо не си седевте сега мадро, а?

Овде пак, да му е срам на човек да каже дека е блогер. Ајде реков да почекам да се соберат впечатоците и да легне некоја прикаска, ко тоа… ништо.
Слушам и читам низ блогосферава безвезни патетики и квази-политички наклонети текстови и просто не ми се верува колку лесно успеваат да се заплеткаат во матрицата ова блогеричкиве накиснати. Те Грујо е крив, те Рада да се беси, те Бранче кур го боли се шета таму по Њу Јорк рака под рака со Керим. Tе овај го згазнал а оној заменик пендрекот го потпуцнувал по нозе, те Војводата со својот саркастичен осмех (ме здрви мме кога го гледав првиот пат) се обидува демек да разговара со некој командант Шољи-Мољи или како ли беше. Абе бучкуруш. Ама и онака везе нема, имуни се тие на буричканции и кашакурници, а овде ние загрижени ќе ја оправиме работата попушуваќи им на некои таму вратоврскосани будали ќе чекаме да не викнат за портпароли за ветар и ланчање мадина. Еден е Боцевски бе, кај курац сега сите ќе прпелкаме од скут на скут, ало!. Не оди тоа така, нцк… за тоа треба здраво дудлање!

Ми се снеарнува од немањето на муниција (овде низ блогосферава) за да спукаме за вистината, за летаргичноста и безкичмењачењето со кое се занимаваат некои интелеКУРални политички амбициозни ликови. Сета среќа што немам многу време да лаам како порано, па како што тргнале вака со шамарање на новинари среде Собрание и пред камери, мене како на блогер мамето мамино ќе ми го расплачат.

И зошто велам сега најдоа да се тепаат, ама овај пат го велам тоа од себични причини?

Абе… !
Година и пол ми требаше да се научам тро од тро од ова компјутериве и да отворам блог. За тоа време ме затепаа стечаи, малери – шо ти не. Не знам како куртулив да не ме избрка женами од дома оти трошам, а не носам. Се мачев како слепец да внесам некоја свежина (овде со блогов) и еластичност во допирање на некои работи – кои оставени или поточно претставени како дотогаш беа/се жива досада. И таман се решив нешто арно да зафатам – демек некоја пара да завртам (оти се ветија спонзори) и да го уновчам очикапењето на интернет со тоа што (со уште еден сличен ко мене) ќе отворам сајт каде рајат ќе какам и сето тоа не за џабе, овие – политичариве мајчини, го узурпираа цел нет простор истиот ден кога решивме да го промовираме сајтот. Види сега скапана работа, не е секое чудо за три дена, ами се влечат бе со денови по медиумов! Таман мислев дека ќе мине дента со тепачката, другиот ден тоа полицајците – неписмени, претепаа некој новинар ни крив ни должен.

Го виде ли некој тој режисерот каква актерска умешност покажа кога се појавуваше пред новинарите сиот озарен и вика: – Јеееееее….!!!
Како немав блог тогаш бе , сега е изветвена работа да пишувам за претседателските избори кога се скандираше:
– ЉуБчо, Љубиша!… ЉуБчо, Љубиша!…
Помина многу време за да испари урината, а панталоните трпат историски флеки зашто има хемиско чистење. Ама сеќавањата не трпат, барем не уште.
Како добро би ми легнал еден детергент против фекално-орално испирање на сè што ми лежи на душа и на јазик, или еден дебилоксин-идиотисан за да не се сеќавам на ништо од претходниот ден/месец/години, па да си се разбудам како дете со свеж здив и по можност – не овде.
…Ама курац, пак тука ќе скиснам со вас секое утро, таков беден на јазик и проС!

Штафета – топ 5 музички албуми

Ме снајде тоа да фатална Елена ме повикува да примам штафета за 5 мои топ албуми.
И бидеќи сум ептен на трчанович (а не сакам да кварам лепо друштво)  ќе ги нафрлам без разработка,  и по една тема од албумот по мој кеф:

Skin – FlashwoundsSkin - детали за албумот
Faithfulness

Green Day –  American idiotGreen day - detali za albumot
Boulevard of broken dreаms

Moloko – Statues Moloko - detali za albumot
Forever More

Depeche Mode – Playing the angelDepeche Mode - detali
John the revelator

Laurie AndersonLife on a stringLaurie - detali

Ја предавам на првите 5 во „ Тука се“ од Блогерајов, во моментот додека го праќам постот:
Дениција

Chale_v

Јаков

Ref

Spartak

Глуп/п/ост

Image Hosted by ImageShack.us

„Има милиони блогери низ светот. Секој со сопствен стил и глас, а сепак само некои се издвојуваат од сите. Овие топ батки се придвижувачи и тресачи на блогосферата. Кога тие зборуваат блог-светот слуша. Ова се 50-те највлијателни топ блогери и ако не сте ги знаеле еве ви шанса да ги запознаете“ – northxeast.

Половината од нив редовно ги следам, но има двајца блогери од листата
чии имиња асоцираат одлична поволност за мене. Не дека сум суеверен, но
зошто па да не 🙂

Ако влезиш пак во една површна анализа, ќе се види дека не постои никакво правило за тоа како се станува влијателен блогер во светот. Малку е нонсенс да речам дека истот важи и за нас, барем во сегашнава МБЗ, зашто сме далеку од некакво влијание. Овде мора да му признаам на gemidjy дека е во право за една одамнешна препирка.

Сум си го поставувал ова прашање често. Еве, кажете колку мина пријатели од вашето опкружување читаат и анализираат блог стории? Колку мина се навраќаат на скриените социјално-политички (понекогаш) моќни пораки кои се кријат во навидум сеирџиските текстови и фото постови?
Зошто е тоа така, кај нас:

  • Малку сме… ?
  • Глупи сме… ?
  • Нема народот пристап до интернет… ?
  • Од целокупните домашни случувања нè зафаќа некоја летаргија или уште полошо – апатија…?
  • Подлежни сме на конвенционален афторитатизам од класичните медиуми… ?
  • Блогосферата е разбрана како едно сеир поле за издишување и забегување од реалноста… ?

А?

… Или кур не боли, па и така ние ништо не можеме да смениме.

Кој и да е одговорот на овие прашања, тој е израз на нашето живеење или живуркање, но едновремено – тоа е и одраз на нашиот менталитет и на начинот како ние се бориме и ги кажуваме нашите ставови и стравови. Колку навистина сме подготвени да се избориме за нашиот став и колку сме моќни да го изгониме стравот, е тука доаѓа до израз нашата индивидуална моќ/немоќ. Несакајќи, можеби и тука лежи одговорот на тоа: зошто блогерите во Македонија имаат таква немоќ во целокупното живеење. Ма кој ќе ти знае, ваљда тоа е некоја виша математика со намерно неоткриена непозната која вешто се крие во нашиот несреќно зачаурен генетски код ма колку и да не сакаме така да размислуваме и признаеме.

Дотогаш (а до кога е тоа дотогаш, жити сè?!), ќе си читаме, крадеме, споделуваме, мудрост од светот…
Но, што со таа пасивност и до кога?!
Не дека не се поставиле овие прашања и до сега, но можеби некој ќе постави уште некое прашање… Мора бре од некаде да се почни, па макар и со вака глуп/п/ост!

пс: Не е Супермен секој што лета. Некој е Супербудала, а некој можеби и блогер.

Technorati Tags: , , , , , ,