За видео блогот и блогосферата – интервју за it.com.mk

Ова се прашањата:

– Зошто ја одбра видео формата за изразување, видео блог наместо стандарден блог? Дали тогаш мислеше дека луѓето повеќе ќе гледаат одошто да читаат?

– Зошто одбра алијас, дали Рибаро на веб е различен од Јане Ѓорѓиоски? Какви се реакциите на луѓето кога ќе го сретнбат Рибаро?

– Дали во Македонија е потребно да се скриеш зад измислени карактери за да говориш слободно? Видовме дека слично нешто им успеа на „Еднооки“. Дали македонците повеќе им веруваат на измислените карактери одошто на правите луѓе?

– Рибаро од само монолози се префрли во анимирани, поетички и артистичка форма на изразување? Дали природна еволуција на Рибаро е да прејде од блог пост со кратко видео во серијал?

– Се почесто гледаме live стримови/видео подкасти по веб сајтови. Дали видео блогот е иднината на изразувањето? Како гледаш на сервисите како YouTube, Ustream, Vimeo… и нивното видео влијание во светот?

– Што со веб видеото во Македонија? Видео блогови, видео серијали, подкастови…

– Ти твитна „каде отиде македонската блогосфера“? Објасни го твојот твит

– Мислиш дека друштвените мрежи го поразија .мк блогот? Или блогот никогаш не стана позначаен медиум за изразување во Македонија?

– Како би го изгурале на површина блогерското критичко мислење. Сепак блогерските идеи доаѓаат од поинаквата интернет страна на реалноста? Колумни на блогери во весник? Твитови? Постови на Facebook?

– Каков совет би им дал на идните критички мислители, артисти, блогери… во само 140 карактери?

За одговорите на прашањата, трк на линков, кој води до интегралното интервју на www.it.com.mk

Блог Маратон на Gadgeterija

blogmaraton_gadgeterijaШто е БлогМаратон?
Тоа е луд проект на маратонско блогирање.

Кога започнува?
Точно на полноќ во петок, Борис, ќе почни непрестано да пишува постови на својот блог и така ќе шпарта по тастатурата се до сабота на полноќ.

Која му е целта?
Нема цел, ќе го прави тоа што и секојдневно го прави во последните 3 години, но со лудо темпо.

Кој е лудакот кој ќе се нафати на таков предизвик?
Борис го уредува блогот  Gadgeterija повеќе од 3 години. Тоа е еден од најпопуларните блогови во Хрватска и регионот, а главно пишува за гаџети, гаџетолики појави и разни интернетски бизарности што го окупираат секој netizen.

Некој ќе тргни на Хималаи, некој во теретана, некој ќе се дави во
алкохол, а некој во дрога. Јас блогирам… и во тоа уживам.

– Борис Радошевиќ човекот блогерот од Хрватска во интервјуто за Netokracija.

Блог маратонот првично го замислил да трае 12 часа, но благодарение на неговата најдрага, која изреагирала како што нормално реагира жена: „12 часа, 12 часа? Биди фраер па пишувај 24 часа…“, ќе  трае 24 часа.

Блог маратонот започнува в петок 27-ми ноември  во 24.00 часот, завршува  на 28-ми во 24.00 часот.

Како да го следите?
Можете да го следите на www.gadgeterija.net
или преку RSS – www.gadgeterija.net/feed
преку твитер – twitter.com/gadgeterija
Ако се одлучите да го следите преку Search на Twitter, Hash tag-от е #BlogMaraton.
Јас ќе следам директен пренос со слика на каналот www.ustream.tv/channel/blogmaraton тоа во случај да не го оптеретат многу воајериштава блогерски :).

Среќно Борисе!

BlogDay 2009

blogdayWhat is BlogDay?

BlogDay was created with the belief that bloggers should have one day dedicated to getting to know other bloggers from other countries and areas of interest. On that day Bloggers will recommend other blogs to their blog visitors.

With the goal in mind, on this day every blogger will post a recommendation of 5 new blogs. This way, all blog readers will find themselves leaping around and discovering new, previously unknown blogs.

Мојот избор во после твитер  (a.tw.) ерата, падна на овие неколку блогови:

  1. Blogowski.EU
  2. Prelovac.COM
  3. How to Make My Blog
  4. Gadgeterija.NET
  5. Djermanovic.COM

Многу не благодарна работа да се изберат само 5, но…

Инструкциите за правилно одбележување на ова блог meme се:

BlogDay posting instructions:

  1. Find 5 new Blogs that you find interesting
  2. Notify the 5 bloggers that you are recommending them as part of BlogDay 2009
  3. Write a short description of the Blogs and place a link to the recommended Blogs
  4. Post the BlogDay Post (on August 31st) and
  5. Add the BlogDay tag using this link:
    http://technorati.com/tag/BlogDay2009
  6. and a link to the BlogDay web site at http://www.blogday.org

За аирлија

strelkaРелација: ribaro.blog.com.mk ribaro.mk

Тука ништо не е објективно, нема тука ни иновации, мудрости… Сè е измислено одамно. Овде, ова, е обид да се прецрта нацртаното, издума думаното, чуе слушнатото, види виденото низ паралелни огледала. Не за да се огледаме, туку да се видиме до каде сме и што уште не сме. А не сме многу што, верувајте. Копајќи низ тоа што уште не сум бил се судрувам со самиот себе.

Да, тука, на овој блог со амбиција за влог се чувствувам како Рибаро – пецарош, ловец на својот улов, на сè што мислам дека ми припаѓа, а ми припаѓа сè! Никогаш зависен, секогаш недоречен и понекогаш суетен, во недостаток на амбиција ринкам во себе за да се насукам подлабоко во Вас, за да скокоткам, искрам, пецкам, море здраво да пенетрирам, онака УХ-АХ во ритам: Туп-Туп-Тупа-Тупа-Туп-Туп-Тап…

Па бујрум, на една чашка различно спакувана искреност.

Модерен Хајд парк – Рибаро во Фокус

korica-3-1-1http://Како се злоупотребува интернетот за политички цели.com

Рибаро: Денес е многу тешко да замолчиш некого на Интернет, а уште потешко е да се најде некој кој има да каже нешто.

Пред околу 4 месеци македонската јавност буквално ја размрда еден клип на македонски блогер, објавен на јутјуб – „ Именденска б.б“ – линк, во кој од инсерт на филм со Хитлер, дијалогот помеѓу актерите беше преведен на македонски, но тој не беше директен превод, туку парафразиран, а главните актери беа премиерот и дел од неговиот владин кабинет. Клипот беше објавен во пикот на масовното рекламирање на Владата во скоро сите медиуми, кога мнозинството од медиуми беа безгласни букви и кога Европскиот парламент реагираше на недостиг од слобода на говор во земјава и опасноста, ако ситуацијата не се подобри, тоа да остане уште еден, нов критериум за влез на земјава во Европската унија.

Дали Интернетот остана нов и засега единствен простор во Македноија кој гарантира слобода на говор,односно слобода на изразување и место каде што секој може да си го каже своето мислење без страв од цензура, од притисоци, закани, тужби? И дали во пракса е така? До каде оди таа слобода? Или и интернетот е „благо“ контролиран, како и сè друго во нашите животи? А, од друга страна дали таа слобода значи дека само небото е лимит?

Continue reading