Блог катастар

Image Hosted by ImageShack.us

Кога веќе си ги мериме по цел ден, редно е да се навикниме да бидеме: живи, голи, чисти, не искварени, тазе луѓе од пекарата на блогосферава и да станеме чист – интелектуален материјал без можност на доработка и преработка…
Да манипулираме со сопствената територија или став, без влакна и страв

Како?

Замислата е секој блогер да истакне само еден блогер/ка кој му иди на живец и со кој/а радо би си го „мерел/а“, а истовремено да се потпише позади тоа со име (блог) и презиме (ник).

Одговор од типот: многу ги има, не ми иде никој на живец, не му идам на блог или некоја кохабитација и слични „педерски“ ствари не се признава. Ако не сакаш тука (во коментар), пиши си кај тебе на блог, сеедно.

Еве пример како би изгледал прифатлив коментар или пост:

– Никот Ивица… речиси редовно би го тепал со заушки, чврги, рафали,  или би го дигал на клоца до сто-едно и назад, ако не беше спротивно на законот и нормите за лепо понашање. 🙂
Зошто?
– Не знам бе, мислам дека не е искрен во муабетот, а и не ми треба некоја голема причина за да сетам дека не го бива. Абе дури и линк не ми се става до него.

Од каде ми дојде ваква „деструктивна “ идеа?
– Од придобивките на нашето опшество:

Демократија, лустрација (?), државни тајни и слични (блог) бламажи, искористување на „популарност“, лигушење, лижење, лицемерие… ЛИЦЕМЕРИЕ!

Се Блого-зацапав… пак

Photobucket - Video and Image Hosting

ПЛАСТИЧЕН ОБИД ЗА САМОУБИСТВО

Сакам нов газ и нови цицки нов мозок нова јас додека го планирам совршеното самоубиство додека театарски го поставувам мизансценот на мојот иден погреб само за да ги замислам хипер-реално лицата на сите кои ме оплакуваат на сите кои констатираат колку генијална поетеса сум била а всушност плачат над сопствениот кукавичлук да испијат шишенце розови таблетки…

(за цел текст оди тука)

Се вика Bonbonce.blogspot, ја викаат  и Sash!

Зомби(И)фик(А)ција – анализа на македонската блогсфера

Image Hosted by ImageShack.us

Жарко – Зомбификација во овие „зимски“ денови немал друга работа и се „осмелил“ да направи класификација на мак. блогосферата. Се надевам дека немал помош како на фотката па да испобуричкал нешто не намерно. 🙂

Еве ја неговата анализа:

Мошне тешко е да се илустрира на кој начин македонската блогосфера ја промовира разноликоста на културните изразувања. Претенциозно е да се класификуваат блоговите и блогерите, имајќи го особено предвид плурализмот на блогерски идентитети и нивната нестабилност.

… за цел текст оди тука

И покрај сите ризици, ќе се осмелам да разликувам неколку блогерски „ориентации“…

Илуминати по блогосферава?

Не ни знаев јас – така задодан и неУк, дека по блогосценава македонЦка светат такви илуминативно возвишени блогери кои од  „големина“ не ни сакаат да си ја признаат својата присутност.

Кај Анти имаше еден многу нормален и информативен пост за трибина – интересна и за блогерите. Ме заинтересира денес, да видам да не се има родено некој пост коментар за тоа што и како било кажано на трибината, но го нападнале некои спамерски пораки за да на крајот внимание ми привлечи еден, on ли – of ли тема? – коментар:


gemidjy вели…

Која блогосфера бре? Група фиктивци што пишат несмислици на блогкоммк или тие што цело време се плескаат по газ и викаат „Ние на блогспот сме подобри бидејќи Гугл нема да ни ги затвори сметките и нема правично да не гони?“ За кои велиш?


Одкако го „запознав“ испукав еден мој коментар како одговор:


– ribaro вели:

gemidjy, како што читам кај тебе ти си паметно дете. Не знам само што те натерало да мавниш таква генерална етикета за блогосферата, кога и ти сакал не сакал си дел од неа. Е сега наместо да бидеш се‘ поприсутен на „јадната“ мак. блогосцена и да ни ги приближиш благодетите на слободниот софтвер и линуксот, ти ми изиграваш некоја недостижна величина.. Немој после да се чудиш зашто толку тешко се пробива твојата-„lugola“, прости-„лугола“ група или се мислиш некое илуминатско недостижие, па ние овде сме гола вода и параспурџиска багра на како што не нарече:
– фиктивци што пиШат несмислици и газо-плескачи. Ај биди љубезен и слези малку-подосветлине или закупот на твојот „net” домејн не ти дозволува да се смешаш во баграва беспаречка која грвелка по бесплатни гуглачки или македонски сервери. Можи испомешав нешто околу стручниве изрази, но се надевам ми ја свати поентава на муабетот.
пс: Изгледа си некоја големина во мак сферава интернетска, па така патронски си дозволуваш да настапиш, а згора на тоа и никој не ти противречи за навредиве, ама мене ич кур не ми дреми кој си и шо си, зашто сум проС рибар и ако треба таков и ќе си останам.. поарно, во секој случај…


Неможи бе  да дозволиме некоја себе-умишљена фигура со закупен домејн да суди за сега веќе не знам колку стотици (можеби и илјади) блогери на македонската блогосцена, и да вели дека не постоиме односно дека сме ништожни, фиктивци и што ли уште не.

Пс: секоја чест за нивната група (чиј водач е потпишаниот gemidjy или Александар Балаловски) за промоција и имплементација на слободниот софтвер и линукс – оперативниот систем, но малку усул треба да се има кога се генерализира цела категорија луѓе, нели?

… И во контекст на претходниот мој пост:

– Who the fuck is Aleks (Balalovski)?

Мојот Обичен Не Обичен Ден

mojot-den.jpg

Читав така по нетов и кај Комуникации наидив на многу интересна информација. Информацијава не ја пренесувам дека ми се виде само интересна, туку и дека можеме и ние, овде  да ја примениме. Зошто да не?!
На Британците им текнало да направат една архива од личните дневници од еден определен ден, на сите кои сакаат да ги споделат своите дневни случувања со другите. Ако те интересира да видиш, а интересно е, како им е тоа замислено, појди на овој линк, читни, па таму- во горниот десен агол кликни кај што пишува:
„VIDEO AND AUDIO NEWS
Find out how you can make history“
и ќе ја слушниш цела нивна идеја.
Ова е мојот  предлог:
Во четврток 16 Ноември секој да си води личен дневник и она што сака да го пренесе, да го сложи (во од прилика три-четири реченици) и да го пушти како коментар на еден блог кој ќе го отворам само за таа намена. Финтата е тоа да биде искуството баш од четврток па колку и да ни бил обичен тој ден. Колку по обичен денот толку по необичен, велат Британцине и имаат право, ако размислиш подобро.

Значи блогот ќе биде отворен од четврток 16 Ноември во 12:00 часот а ќе се затвори заклучно со  сабота 18 Ноември во 24:00 часот.

Името на блогот е: ЕДЕН  Д ДЕН,
а отворен за коментари ќе биде на 16 Ноември.

Замисли само која смеа би била по да речиме десетина или триесет години од сега кога ќе ги читаме нашите дневници.
Цела финта е дека денов е избран случајно и дека е само дневник од еден ден а од многу луге. Убаво би било сите што ќе решат да го испратат својот  личен дневник да имаат свој блог (ова само како предлог), заради веродостојност…

Паролата е: Е не, само Пинчер че има дневник!!! 🙂

Гола Libra

GOLAОва е Libra-та за која се држеа – аргументирано, блогерите кои беа „За“ и „Против“ Протестите за Визниот Режим.

Едни се држеа за левиот а другите за десниот тас.

Јас, да бидам искрен, радо би ги ЗГРАБИЛ и двата „таса“.

Зошто?

Затоа што знам дека, кој и да натежни ние пак ќе го кркаме куро. Вака барем че си останам со полни раце.


Ова се аргументите на блогосферата:

Протести „ДА“ (за левиот „тас“) – се изјаснија:

Panta rei (1, 2): … Визите се реален проблем на цела држава, а со седење на тросед и мрчење не се постигнува ништо. Најлошо е кога човек ќе се помири, или ПОКОРИ, како сакаш. Од тоа уште полошо е ако се работи за млад човек. А од тоа уште полошо е ако друг не му ја скршил волјата, туку тој сам се откажал од неа!

Волан: … Одсекојпат сметав дека осем исполнувањето на техничките услови за безвизен режим со ЕУ (соодветен пасош, соодветни гранични премини, договори за реадмисија со земјите на ЕУ и незнам што се уште) – мораме да вршиме притисок и со други средства – разни кампањи – протести па ако треба и големи митинзи…

ХулаХопа: … драги мои пријатели …. или ќе дремеме …. или ќе им одржиме лекција …. наше е …. ХулаХопа ќе свири на шупелка пред Амбасада ….
па сеа види ти …  шо ќе праиш

ВББ: … ФАКТ Е ДЕКА ЕДЕН ПРОТЕСТ МОРА НЕКОЈ ДА ГО ОРГАНИЗИРА, иначе ќе дојдат петорица. Кога вакви големи организации стојат зад него нормално ќе се собере и поголема маса. Понатаму аргумент е исто дека ако не се бунат луѓево ш’о очекуваат онда? Ако се сеќавате Тајванка требаше да ни дојде да не’ научи како да протестираме против нехуманиот однос на Грчкиот конзулат, се сеќавате?? ЕПА ТОА Е ТОА, ЈА НЕЗНАМ ВИШЕ Ш’О ДА МИСЛАМ, ЌЕ ГО ЕДИТУВАМ ПОСТОТ ЌЕ МУ ДАДАМ ЕДЕН ПОНЕУТРАЛЕН ИНФОРМИРАЧКИ ТОН ПОШ’О више со овој народ не се знае никад ништо.

DUKI: (дел од поема) …Дали ќе ги скршиме вавилонските канџи дали ќе ги срушимеевропските пранги…

albanac: Го подржуваме акцијата против визниот режим.Младинскиот Форум на Демократската Унија за Интеграција во својата програма меѓу другото го има и вметнато и прашањето за укинување на визниот режим во кој нашата држава се наоѓа во таканаречената ,,ШЕНГЕНСКИ ЗИД…

Блогот на Јован: 9ти Ноември е ден за протест, против сите гњаважи со визи, за достоинство на сите нас. Држат сите забелешки, но ова не е ниту време ниту место да се решаваат други и туѓи проблеми…

KIMI: (има две интересни анегдоти)

Arwena: Не сакам да бидам уште една тула…

Протестот (со постови) го подржаа: jadiburek, waterlily, Viza Fajter-блогот на организаторот, cartOOns,stingEYE, all_is_half, nearen, MastermindMK, Spartak, Кλειστοφοβίа, Кичевчанец

…                                    …                                     …

– Протести „НЕ“ (за десниот „тас“) – се изјаснија:

Bukarski: … ви се обраќам и вам, на вас ебaни татини синови со студентски функции криминално обезбедени благодарејќи на “вештото раче“ на рекетарите и обезбедувањата на вашиот партиски шеф (при полнењето на изборните кутии) каде функција “водач на студенстки сојуз“ ви претставува битна ставка CV-то на идната вашата политичка кариера.

знајте, вие сте рак кој непрестано метастазира и брзо се шири и ја полни главата на младиот и чист студентски ум, и го контамира со вашиот полжавски опортунизам, цинизам и макијавијализам.

единствено се ангажирате кога добивате зелено светло т.н. ДИРЕКТИВА ОД ГОРЕ…

Зомбификација: … Нема да излезам, затоа што не сакам да се чувствувам како политички изманипулиран „тапанар“.А така се чувствуваа многу мои познаници кои излегоа на срамните „студентско-ученички протести“ предводени од нашиот сегашен министер за надворешни работи…

аНТИблог: … Искрено? Ништо не ми значи ова. Кој кур ќе ми е олеснување на визниот режим кога немам пари да патувам? Се осеќам ко кретен…

IACOVIBUS: … Чекор понапред, спасот не треба да се бара надвор. Спасот е тука, од нас и во нас. Кога ќе успееме да направиме дома да се чувстуваме како во Европа, никому нема да му се сака да оди во Европа, или било каде…

Мечето Ушко: (преку интересна парадигма… ).

..

Вуна: (се држи за двата, ама мава накај левиот „тас“:): … Значи, на протестиве ќе присуствувам, заради масовност.. онака, да се дешава нешто.. што во ниту еден момент не значи дека сум им прогледал низ прсти на тоа лоповско-полтронско дувло наречено Студентски сојуз…


Па сега, бирајте вие…!  Го сакате: левиот, десниот или и двата  цицлести таса од „Гола Libra“ би ги  ЗГРАБИЛЕ?!?