Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Табу #protestiram

“A taboo is a strong social prohibition (or ban) relating to any area of human activity or social custom that is sacred and forbidden based on moral judgment and religious beliefs.” – Википедија

Ако за социјалните мрежи и дел од традиционалните медиуми темата #protestiram  е главен настан, тогаш зошто Протестите се табу кога се работи за јавните личности, експонирани (т.е. експлоатирани) медиумски ѕвезди. За хронологија на настанот, обратете се тука, а на блогот justiceformartin.blogspot.com ги агрегираме содржините постирани на нет поврзани со протестите за Мартин Нешковски.

Туку, популарниве ни јавни фаци ми беше муабетот и како тие се вклопуваат во сликава. Едноставно, не се вклопуваат, бегаат од големава слика. Повеќе од 20 дена се случуваат протести и тоа кај нив в комшии (околу кафичите каде што се шемат), а тие, ниту еден од нив не се одважи да си го каже својот став без разлика поддржувал или не. Оние фацки кои не можеш со стап да ги набркаш од Ексклузив, Тротоар, Бекстејџ  или како им се викаат тоа збиранките шмизлави, е тие немаат став за #protestiram. Значи, или табу им е таа тема или не ги сметаат за свои обожаватели протестирачите, па не им е битно . Ако се земи фактот дека нашиве ѕвезди во просек продаваат по 1000 копии од своите носачи на звук, а концертите ги полнат со гратис влезници даени на стрини и вујни, тогаш единствено останува она првото – табу тема им е. Зошто табу побогу, би се прашал секој нормален? Нит ќе ги избркаат од шанк, нит некогаш платиле казна ако ги запри некој џандар за вожња во надринкана ситуација, нит нешто слично. Нема да ги ангажираат за да тезгарат во изборни кампањи? Па секогаш ја имаат и другата страна, ако не лево, десно ќе ги приберат. Нив сè им е дозволено. Затоа, кој ги ебе таа шака џанаци што се мрцварат +20 дена по улици за едикојси таму што ни името првите денови не можеа да му го научат – мора тоа да го мислат. Едино тоа би бил логичниот заклучок, од нивната летаргичност и индолентност. Чим не им ја ремети нешто сенката додека го сркаат своето прво утринско кафе во 13.00 часот во… (ајде речи некоја шемаџиска дупка?), сè до тогаш сè е ок. во нивниот свет. Или, ај да еуфемизирам: така угужвани во тараските фотељи ем табуретки се еготрипаат во стилот – алал да им на децава бе, изгинаа. Ама малку се збираат бе маму им ебем, шо му е на народов шо не излегува, која багра сме бе за ништо не не бидува… и срк од кафето и дим од малборичот, онака задоволни што прогресивно поддржуваат нечија(?) борба. И едниве и другиве никако да се изјаснат јавно бе, кој кукавичлук, не ми се верува.

Јована пак, умислила дека може да ја дадат својата поддршка со видео, оти нели, инаку – по улици, на ѕвездиве им се реметел комодитетот. Еј, 20 дена континуирани протести не им беа довони да го помрднат курот/пичот од место, па сега треба нешто, као да се молат, а бе… Еден, наводно и изразил спремност да се сними, ама немал со што. Како бе, немал со што, а од телевизор не може да го извадиме?!  Искрено, мислев (се надевав) дека бар ќе го искористат моментот за себепромоција, или, ако не друго ќе го следат колегите од Србија 1 2 3 4 5 кои јасно даваа поддршка за не толку слични случувања. Нцки, #cicki…!

Аха, ме прашуваш каде е останатиов 2 милионски патриотски граѓанштилук да си ги брани своите чеда од полициска тортура? Ене ги, ми ѕвонат на мобилен и ни даваат поддршка, пцујат ‘искрено‘ против апатијата, во тек се со случувањата. Не, не го обичат тие ни Латас, ни Сарма, ама дремат дома.  Знаете, тие се зафатени! Знаеш, мора да работат, да ги чуваат децата, пресно лакирани нокти имаат, го мочаат кучето точно во 18.00 часот, мора да ги разбереме. На другиве им е страв да не ги види шефот, па можат да летаат од работа. Третиве имаат син за вработување, па не си играат со судбината. Четвртиве, така нешто во тој стил, ама сите тие имаат закачено беџ на фејсбук  и нон-стоп стискаат лајк на настаните, еј! Ние соросоидниве немаме ни работа ни сабота, избркани сме од дома, се молкниме по улици и сè ни е рамно зашто Сорос чекира грчка исплаќа и кур не боли. Или, децата ни се во странство, сопругите здраво нафатирано од кај мама и тато, сметката полна, и сега едино ни останува да запалиме лимузината, да се преоблечиме во Бетмени и Робини и да протестираме со вувузелите, и мегафоните финансирани од Б.Ц.

Шо да ви кажам? Јас пак, си умислив дека е можно, ако не друго, бар овие зафатениве а поддржувачи, бар по еден клип да си снимат, онака ко за подома и да ја покажат поддршката на тој начин – со својот лик, за да се покажеме дека не сме безлична раја, туку народ незадоволен што не се плаши. Читни тука повеќе за што ми е муабетот.

Но, тука е табу и кога се бара право на живот ебате, не знам што се замислувам!

 

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни, Став

Коментирај со Фејсбук:

16 Responses so far.

  1. блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]

  2. Goran says:

    Муабет на место RT@ribaro http://t.co/NIVbKDk

  3. блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]

  4. Kiril Arsov says:

    блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]

  5. Petar Janev says:

    Аууу, се надевам дека некого ќе го заболи ова ! RT @ribaro блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]

  6. Miroslava says:

    Аууу, се надевам дека некого ќе го заболи ова ! RT @ribaro блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]

  7. Аууу, се надевам дека некого ќе го заболи ова ! RT @ribaro блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]

  8. А дали ти пријателе помисли дека познатите фаци, а и пошироко граѓанството не ве подржува заради тоа што сметаат дека можеби не сте во право. Дека не ве подржуваат заради тоа што претеравте. Дека од обичен и оправдан револт заради едно убиство, кое btw се расчисти за 36 часа, вие преминавте на тешка политичка борба, застапувајки ја страната на опозицијата.
    Луѓето разбираат малку повеќе отколку што организаторите и хушкачите мислат. Луѓето гледаат што се случува. И ги препознаваат тие помеѓу вас кои глумат независни експерти. Ја утнавте работата пријателе. Или ја утнаа работата партиските војници помеѓу вас, можеби и ти меѓу нив, да не грешам душа, не знам.
    Но, провидна е работата. А некои од вас наседнаа ко мали деца. Јас разбирам револт…и лутина, но тоа не трае 20 дена, и не може да трае толку долго. Поготово што сите гледаат дека случајот е пред разречница.
    Си ласкате малку повеќе дека сте некаква совест на граѓаните, интелектуална елита или револуционери кои ке ја направат Македонија подобра…и такви пораки почнавте да праќате. Па кој ви дава право во нечие име да ја “поправате” Македонија. Јас не сум ви го дал тоа право, и не ве подржувам. А очигледно и целата јавност.

  9. @Necovski says:

    @avgantura е добро бе друже, еве СЕ Е ТАКА, како што кажуваш!Кажи дали не држи муабетот дека нашиот „ЏЕТ СЕТ“ или „популарниве“ фаци не се тешки дибеци што никогаш во животот не се заложиле за ништо и кажи ми кога барем еден одиграл клучна улога при било која граѓанска иницијатива?
    Не се работи веќе дали се на иста таласна или не, дали се за или против? Се работи за тоа дека се тоа тешки подлизурковци, безкичмењаци кои немаат ниедна мисла у глаата осим чиј к*р за пари да испушат без да остаат траги од нивниот кармин.

    НЕ МОЖЕ 100% од нив да се контра протестите… ЕДНОСТАВНО НЕ…Тоа е она што е симптоматично и што укажува на дебилитетот што владее меѓу тие луѓе…
    Се извинувам што користев ваква реторика,ама коа ќе видам „млади“ рапери што пеат за општество што не го бива, а после пејат за политичка партија у кампања и зборат дека добро ја играат оваа ЗАЕБАНА игра, е тогаш имаме проблем како општество и на @ribaro му држи муабетот до крај.

    Поздрав секако до сите!

  10. Гледам дека авторот се однесува како “крадец” осветлен од ламбата на чуварот, и стаписан не реагира на ништо. Интересно е, но многумина од “видните” учесници во протестите се однесуваат исто така кога некој ке им се спротистави со поинаков став од нивниот. Симптоматично…Не е игнорирање во прашање, туку едноставно сваќаат дека ја претераа работава, и сега веќе не знаат што да прават понатаму. Реакцијата ги збунува. Тие с` направија, и Вашингтон пост и Ал Џезира ги вклучија, и домашните СДСМ-овски мегафони. И невладини, и експертутки и целата твитер заедница ја активираа…и на крајот бљак…ништо…едно големо ништо.Што е работава?
    Погрешна проценка на организаторите…свесна јавност и граѓани…или и двете.
    Жал ми е за една мала група луѓе која навистина искрено влезе во протестот од првиот ден. За нив ми е жал. Дозволија да бидат изманипулирани. Инаку…хушкачите и партиските војници ми се јасни. Тие си ја одработуваат задачата.
    Интересно е како на најголемиот дел од луѓето кои протестираат сега против полициската бруталност во исто време им пречи и изградбата на споменици во Скопје, и Иванов го исмеваат, и ВМРО го исмеваат и напаѓаат и се што е поврзано со Владата не чинело. Хммм…Па нели проблемот беше убиството на Мартин. Нели немаше врска со партии и политика сето ова. А од авион се гледа дека најголемиот дел од учениците се членови или симпатизери на СДСМ.
    @Necovski
    пријателе…не е битно дали некој е јавна фаца или не. Негова лична проценка е дали ке подржи или не некој настан. Има многу случаи каде во нормална граѓанска акција познатите личности учествувале и ке учествуваат и понатаму со подршка. Ама…во нормална граѓанска акција…а не во политички протест. Ова очигледно е политичка борба меѓу владата и опозицијата, а јавните лица не сакаат да заземаат страна. Многу нормално и разбирливо…и никој не може да им приговара. Уште еднаш…ова би требало да е граѓанска иницијатива…ама за жал не е…навистина за жал. Политиката победи и треба да признаете и да се повлечете.

    • @Necovski says:

      @avgantura За јавна поддршка на било која акција граѓанска иницијатива не знам ниту еден пример друже. Имаат неколку пати излезено за добротворен концерт каде им е сигурен добриот публицитет и јавната наклонетост.

      Сепак јас зборувам за нешто друго, да понесат општествена одговорност и да имаат СТАВ по некоја општествена појава, па макар и да не се во право, па макар и да се малцинство.

      Малите луѓе прават мали грешки, големите прават големи, нашиве лиглиња, очигледно не прават никакви грешки затоа што не прават никогаш ништо. Е тоа само велам дека е проблемот!

      Ако викаш не го подддржуваат нека излезат на телевизија и нека ги повикаат младите луѓе да НЕ ИЗЛЕГУВААТ на протести и тоа е СТАВ и тоа како што викаш и самиот сосема легитимен.

      Само да не седат на страна со скрстени раце, само тоа…Кога се веќе „фаци“

    • ribaro says:

      Томислав, ај да оставиме настрана дека сум шпиун, хушкач, соросоид, партиски војник, мегафон и сл. епитети што се обидуваш да ми/ни ги залепиш. Одговори ми само на ова: се обидоа ли Котевски и Јанкуловска – МВР, да скријат и да го заташкаат убиството?

      • Прво…ти дали се препозна во сето ова што го наведе? Јас не напишав дека сите сте хушкачи или партиски војници. Еве да те прашам…што со тоа. Прво…нема докази дали се обиделе или не. Можеби едноставно Котевски немал доволно информации во тој момент. Дали некој при здрава памет би се обидел да сокрие убиство кое се случило на плоштад пред десетици сведоци.
        Зошто не помислите дека можеби едноставно ланецот на доставување на информации, извештаа во МВР не функционирал тој ден, или можеби некоја алка од тој ланец затаила, се скинала. Едноставно некој професионалец не си ја завршил обврската. Истрагата ке покаже што се случило. Но треба да оставите тоа да се случи.
        Дури и да се случило да сакале да прикријат. Политичка одговорност не се бара за тоа. Или кривична, или морална. Некој е или не е морален…не можеш да бараш да биде морален со протест, со притисок. Но на СДСМ и е потребно министерката да поднесе оставка..
        п.с. Како е да гледаш во 9,5 милиони евра….не си импресиониран затоа што ВМРО го направи споменикот…или онака. Не…не си ти партиски определен…само критикуваш генерално.Нели?

  11. после постот – Табу #protestiram http://is.gd/LrCa1w си попиv 17 unfollow од мак. твитерџии 🙂

  12. после постот – Табу #protestiram http://is.gd/LrCa1w си попиv 17 unfollow од мак. твитерџии 🙂

  13. блог пост – Табу #protestiram – http://t.co/RFIkyGZ [Ribaro MK]


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива