Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Влог: Свиркај

Ете бидна. Се решив за влог.
Да!
Тоа е начинот на кој ќе блогирам (влогирам). Да бев јас некое умно и лично пичлаче ајде и да се испентерам пред камера, ама ваков с-урко, нцк… Затоа решив да се кријам позади разно-разни спакувани сурат ли кутии што ги зајмам од кај што ми чини по нетов. Дури не се најдам како и шо, ќе шарам лево-десно и ќе експериментирам со ликови и софтвер (пиратски, нормално), кој ќе го користам при изработка. Ова е моето првенче, така да, кој ќе искака нешто околу квалитет на монтажа и сл. технички срања, ќе го отерам у триста… Видеата се решив да ги хостирам на youtube, а да ги пренесувам на оваа платформа – на блогерај.
Ај сеа, гледај ги „Свиркај“ ко за почеток:

п.с: Колку шо знам, нема видео блог на македонски, не само на блогерај туку воопшто, па шо знам шо че излези?


Линк: Свиркај влог на youtube

Technorati tags:

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    nesкova nl напиша:

    револуција а?

    ај со среќа, ти извежбај техникава после сите ние по тебе
    22 Јули, 2008 – 20:54 | избриши | одговори)

    #
    røxy напиша:

    пааа по правило , влогери се снимаат себеси (добро , и нешто околината околку нив) значи ајде сеа хоп рибаро влогни нешто за денес.
    (и на крај пушти кис онака со устата за нас дамите) Eye-wink
    22 Јули, 2008 – 20:56 | избриши | одговори)

    #
    neskova nl напиша:

    Топ ти е видео-постот, само оф-от малку да го подобриш, море топ! и вака да го оставиш, премногу е добро Smiling
    22 Јули, 2008 – 21:01 | избриши | одговори)

    #
    виолетова напиша:

    Филип имаше на блог видео клипови, наместо да пишува – ги зборуваше текстовите
    ама ова твоево е софистицирано
    п.с. ако успееш да го задржиш темпото,
    треба да ги пријавиш во некоја ТВ Smiling
    22 Јули, 2008 – 21:09 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    рокси, какви правила, па ќе измислиме нови шо ги матам
    нешкова оф-от не знам шо е?
    22 Јули, 2008 – 21:14 | избриши | измени | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    браво Рибаро .. малку е да кажам одлично сработено .. нарацијата е классс
    22 Јули, 2008 – 21:21 | избриши | одговори)

    #
    nenad jovanovic напиша:

    море магаре да “тијбам кујчата” ова е твој глас?! Па и да не е ја вечерва кје имам појче од плодна вечер 🙂 22 Јули, 2008 – 21:21 | избриши | одговори)

    #
    neskova nl напиша:

    оф – аудио делот (читањето) што го покрива видеото, на длеови ми е нејасно…али не се секирај, воглавно е професионално сработено

    виолетова…не сум го фатила Филип со видео блоговите, баш ми е жал
    22 Јули, 2008 – 21:27 | избриши | одговори)

    #
    Ана Пејчинова напиша:

    Рибаро, се смеев додека го гледав в-логов, и се смеам сеуште. А и на сета смеа, ми објасни нешто што досега глупаво не ми беше јасно, а тоа е зошто кога ќе спомнам ’космополитанизам,’ се скиселуваат некои преревни лица околу мене ко туршија и се’ некој мава со камчиња, де ’патриотизам’, де ’идентитет’, де ’предавник’, го знаеш турбо-фолкот.

    Да се смирам малку па да те линкнам кај себе. Навистина, ако ти е ова почеток со видео, не е почеток со добра смисла за хумор.

    Поздрав, Мајсторе на Редот Ведри Маргиналци
    22 Јули, 2008 – 21:27 | избриши | одговори)

    #
    ComfortablyNumb напиша:

    Многу квалитетнооооо…
    22 Јули, 2008 – 21:48 | избриши | одговори)

    #
    gjurovski напиша:

    Со Прилепчани – сите убајни ги видовте МОРЕЕЕЕ!!!?!?!?
    22 Јули, 2008 – 21:57 | избриши | одговори)

    #
    darko156 напиша:

    немој да попушташ, си се зафатил со напорна работа, ама еве кога ќе згусти блог заедницава ќе ти бара рекалми, да објавуваш за да имаш ополнителна мотивација Smiling

    браво!!!

    комуникации
    22 Јули, 2008 – 22:19 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    Како за почеток одлично … ме изнасмеја …

    Нешто слично нашиот заеднички пријател историчарот има направено на својот блог историја … но веројатно затоа што ова бара многу голем ангажман, тоа го прави многу ретко …

    Деди беше освежување со Подкастот … но од нему знаени причини се откажа од него … друг подкастер на МК јазик не дознав …

    Па ај честито и нека се множат ВЛОГ-овите … одличен е прилепскиот заеб … тоа со свиркањето страшно ме влече на еден филм … но како и да е – се ти е оригинално и одлично …
    22 Јули, 2008 – 22:30 | избриши | одговори)

    #
    interpreter напиша:

    Па и да ме отераш у триста, да не ми биде првпат…
    22 Јули, 2008 – 22:50 | избриши | одговори)

    #
    поднаместувачо напиша:

    Не само што поднаместувам, туку и свирнувам.

    Какво лого измислив еј! Шејтан аџија сум, нека пукнат душманите и Црна Арапина.
    22 Јули, 2008 – 22:52 | избриши | одговори)

    #
    Lost series напиша:

    Со убаво да ти тргне. Има некои примери низ светов кои заработуваат на ваков начин. Eye-wink
    23 Јули, 2008 – 00:16 | избриши | одговори)

    #
    vankovska напиша:

    ИЗВОНРЕДНО! Би рекла, еден влог вреди повеќе од илјада напишани зборови Smiling
    23 Јули, 2008 – 01:11 | избриши | одговори)

    #
    aleks.bukarski напиша:

    Во Хрватска едно бате со прекар Bijesprvi направи сајбер-револуција на youtube, правејќи пародични спотови и песни на Владата на Санадер.

    Тоа стигна на сите телевизии, весници а еден од министрите тресна лапсус – јубито, наместо јутуб во нервозна реакција обидувајќи се да го нападне Bijesprvi па потоа тој министерот стана предмет на општа зафрканција.

    BIJESPRVI NAJPOZNATIJI HRVATSKI DIVERZANT S YOUTUBE-A

    Само што јас сметам, ако продолжиш со ова темпо, посветеност и креативност Хрватот има лајна да јаде.
    23 Јули, 2008 – 01:25 | избриши | одговори)

    #
    LOLITA напиша:

    RIBARО RULZ!
    23 Јули, 2008 – 01:27 | избриши | одговори)

    #
    Shepard напиша:

    леле ама е добро! keep it up! 23 Јули, 2008 – 02:13 | избриши | одговори)

    #
    katika напиша:

    Nice…go Ribaro go:)…..х 23 Јули, 2008 – 03:29 | избриши | одговори)

    #
    sting EYE напиша:

    Бо бо бо клипов ?!
    Ти си луд човече !!! Smiling
    Ај…
    23 Јули, 2008 – 08:24 | избриши | одговори)

    #
    Publikum напиша:

    Чиноначалствуваат

    Кај ти текна за овој збор? Laughing out loud Laughing out loud
    23 Јули, 2008 – 08:55 | избриши | одговори)

    #
    tina8 напиша:

    Гуру! Ништо не разбирам. Че ми терба време 🙂 Пред нов технолошки предизвик ме стави 🙂 Ај па, АИРЛИЈА! 23 Јули, 2008 – 11:42 | избриши | одговори)

    #
    Dozgulpmus напиша:

    Екстра, Рибар. Терај!
    23 Јули, 2008 – 12:02 | избриши | одговори)

    #
    istoчna напиша:

    браво мајсторе!
    23 Јули, 2008 – 14:23 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Човече, немам коментар… има некој?! Smiling
    23 Јули, 2008 – 15:06 | избриши | одговори)

    #
    Vinetu напиша:

    Рибар?!

    АБЕ МНОГУ СИ ОЦРНЕЛ ДА СИБИШ ВЕКО!!!
    23 Јули, 2008 – 15:50 | избриши | одговори)

    #
    Nya напиша:

    иначе има блогерај со видео записи. 🙂 blogTV 🙂 23 Јули, 2008 – 16:57 | избриши | одговори)

    #
    Dedi напиша:

    Само цепај.
    Мислам дека е дозлабога тешко, ама секоја планина … својата тежина.
    Напраи семинар за влогирање. Прибери си компанија,
    Ќе ме поттикнеш да му кркнам некој подкаст-два, за фоно-поткрепа на твојов првенец.
    Аирлија.
    23 Јули, 2008 – 21:21 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Еден групен… коментар да ви удрам сега Smiling
    Вајолет, најтешко е да се држи темпо. Не мислам да набивам некое брзо, зашто бара многу напор да се реализира едно видео.
    Џаман, фала другарчино!
    Ненад, мој е бе! А и редно беше да ти се најдам и јас во животот. Ко не можи со стас, бар со глас.
    Ана Пејчинова, фала за титулата Smiling
    ComfortablyNumb, ќе биде подобро, ветувам.
    Ѓуровски, ти бе шо прилепчанец си со „в“ во презимето? Продаен еден!
    Дарко, не туку ми прави тензии сега. За гага ништо, од сад па на дајле, шо ве матам Smiling
    Волан, абе прилепскиот, ах.. прилепскиот, а тек прилепчанките Smiling
    Interpreter, немаш мака знам(?) јас Smiling
    Поднаместувам, бато свиркај си ти, и ако те разбрав шо…
    Лости дете, барај спонзори, делиме… Smiling
    Ванковска, си велам дека вака – визуелно, повеќе и побрзо се допира.
    Букарски, не сум го знаел батево, фала и за промо..
    Лоли, него… Smiling
    Shepard, ќе тепам бато.
    Катика, фала.
    Sting EYE, кај си бе ти? Се избудалив, а ти таши курци по тоа плажите албаннски.
    Publikum, е ајде де и јас се чудам
    Тина8, знам дека од Време ти е преку глава, туку друго ти треба тебе, ај ти… Smiling
    Dozgulpmus, терам и си велам држам правец.
    Istoчna, цвету мој, фала.
    Нате, нема Smiling
    Индијански, многу сум изложен во последно време. Поарно гологлав него гол-газ.
    Cunt, го знам тоа, но на латиница тера таму, а и во живо. Влог е сосема друга работа, нели.
    Dedi, знам дека голем влог е влог-ов, а познаваќи се побааѓи прилепски инает има во мене. Ми недостасуваат твоите подкасти, МНОГУ!
    Ајде спотерај го Ѓокица.
    24 Јули, 2008 – 16:31 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Ме радува што блогосверата на нашиве подрачја се повеќе се шири. Ме радува што имаме ако не и прв Македонски влог-ер. Ме радува што тоа си ти, Рибару! Само напред.
    6 Август, 2008 – 20:36 | избриши | одговори)

    #
    Martina… напиша:

    па излезено е … фино… секоја чест…и подршка … терај понатака …
    7 Август, 2008 – 16:02 | избриши | одговори)

    #
    Џаман напиша:

    Рибаро .. жешко е .. па се питам дали се крчка наредниот влог ?
    7 Август, 2008 – 17:22 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Докторе, Мартина, благодарам за поддршката.
    Џаман, се крчка и ќе го биде за брзо се надевам.
    7 Август, 2008 – 18:21 | избриши | одговори)

    #
    лебедот напиша:

    Браво Рибар, воодушевена сум!
    7 Август, 2008 – 18:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Фала Лебед 8 Август, 2008 – 18:45 | избриши | измени | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    абре што стори?
    20 дена ме нема, а ти веќе си реновирал, станал славен и сл….. Smiling Smiling Smiling Smiling

    а да ме немаше еден месец? Smiling Smiling Smiling Smiling
    8 Август, 2008 – 18:54 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ЛГ, привремена фарба е ова – готови тапети.
    Ако те снема месец, че ме бараш на The Onion Smiling
    8 Август, 2008 – 20:25 | избриши | измени | одговори)

    #
    читателката напиша:

    Многу интересно , чекаме уште! Smiling
    8 Август, 2008 – 20:34 | избриши | одговори)

    #
    gjurovski напиша:

    Море чоек да не те фати суша?
    Те нема 2 1/2 недели?!
    9 Август, 2008 – 23:53 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ѓуровски, никако да го завршам второво упм. Ми бега поентата. че го суредам неделава изгледа. 11 Август, 2008 – 10:07 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Имало проблем со гледање на видеото денес, најверојатно од изгледот на плеерот, па го вратив основниот.
    пс: под клипот има и директен линк, како бекап
    12 Август, 2008 – 22:49 | избриши | измени | одговори)

    #
    Еna напиша:

    браво рибар, одлично. ова е прав документарец,хехе.
    23 Октомври, 2008 – 00:30 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Фала Ена, добредојде и чувај се. 23 Октомври, 2008 – 12:52 | избриши | измени | одговори)

  2. @jofemk garant na Gjuner mu se ima pomesano koj kogo precekal radi mojot prv vlog http://bit.ly/f6bsV9 :))


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива