Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Швејк

Ја гледавте ли „Швејк во Втората светска војна“ од Брехт, а во режија на Мартин Кочовски и Прилепскиот Театар?

Летаа шамари, директни тупаници во размрсулавените носеви летаат, и тоа на сред Прилеп, во закрпената театарска сала на „Војдан Чернодрински“.
Вистина е!
На клоци бевме кренати. Како мрши, како зомби тетерави изгубени во простор-времето нè напика в ќош мајчин Мартин, и не забува со колено в слабини, па не начека со аперкат в муцки и нè остави така – како скотови да крвариме счучурени до крајот на претставата. А и не престана да нè пердаши, еве уште ме боли. Тоа копилето Владимир Ѓорѓијоски Швејк, пак, така фино ни го изнапика сосе мадиња, шо боли до посер у пичку матер. Продолжи да нè плеска по алчното газе и хардкор да пенетрира (шо знам, можи два часа да беше вечноста вчера, толку ми се виде) до посер, до крв ни го изнапика! Еве, куцам стоеќи сега од шо ме боли.
Гадно, а?
Е гадно е, да!
Ги растревожи Швејкот со тоа млитавиот кур сите капиларни завршетоци во салата. А за чудо, таму – топло, удобно, тивко (само еднаш мобилен заѕвони) – штама. Штама беше дур штрцаше ранолетна и ентузијастичка сперма во надеж дека бар еден од тие глевачки сперматозоиди ќе нè погоди во нервот за да нè оплоди во зигот, па во човек да се сториме животињите. Штама беше и дури нè испомочуваше со вистина низ ефтините кафански трикови само за да разбереме. Беше штама и со книгите ко бокли и пиштоли по масите дур плескаа свирачите. Не беше сцена тоа, ами амбиент беше. Мачно-весел, едноставен оксиморонски амбиент беше што Гоце го молкенеше на контрабасот, а Бранко енд остала компанија Фолтин-ова се обидуваа да го замачкаат и успешно, го надгласуваа лелекот, кркорот на испоседнатите во Бокалче.
Во Бокалче, еј?
Мислам дека името на кафаната беше единствената метафора. Шпицот на пример не беше метафора, да не се вреѓаме сега, пес беше. Не беше метафора ни заљубениот месарев син Прохаска. Не знам дали се разбираме? А бе го знам детето. Како да ви кажам – метафора е споредбена стилска фигура, а ова најубавото дете од зградата è, не може да е метафора кога памтам ко се роди во стан бр. 4. Ма сигурно и вие го знаете, но тоа ‘ваше’ дете е родено во друга зграда, во друг стан. Мора да ги знаете и Гебелс, Химлер, Хајнрих, сигурно и Хитлер го знаете, ајде, признајте, признајте… А, секогаш гладниот Балоун, го знаете ли? Го препознавате ли сега оној ненаситниот Балоун што сака да си ја продаде душата за една порција суво месо, кучешки колбас? Го оправдува ли тоа што е свесен за својата ненаситност? Нели го препознавте како се крие како ваш прв другар, прв роднина? Ех Балоун, Балоун… копиљ еден, мислиш ќе се скриеш? Јас те пораснав бе – магаре! Но, можеби се препознавте во оние кои ја разбраа сагата на позитивниот негативец, или конформистичката будала Швејк, па не сакаа да аплаудираат на крајот од претставата. Се препознавте ли во Театарот што не беше театар? Многу расни ебачишта имаше, и како преебани џукели се обидувавме да излеземе од Бокалче сношти.

Ве боли ли, како што ме боли и мене утрово?
А на едно место рече: Гледај ги, умираат за да живеат!
Си реков: па преку куров, нека умреме конечно пичка ни материн!
Еве, гребам и сега уште гребам по стаклените ѕидови од Бокалче. За да излезам гребам, да препознаам, да се спознаам гребам.
И така…

Ја гледавте ли „Швејк во Втората светска војна“ од Брехт, а во режија на Мартин Кочовски и Прилепскиот Театар?

Svejk vo vtorata svetska vojna plakat

 

Сподели на:

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. […] ли зошто во вечерашната претстава „Швејк во Втората светска војна“, главниот лик – Швејк (Владимир Ѓорѓијоски), не се […]


  • За мене

    Блогот го зеде моментот на идентификација. РИБАРО надвладеа со мојата иницијација. Овде нема заменска именка за реставрација. Се‘ е една глаголизирана сегрегација.

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива