Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Што беше тоа Твитер?

2.jpg

Аха.. мислиш на онаа Социјална мрежа, каде сега сите се андерграунд – длабоки интелектуалци, и сега главен и неминовен услов да те прифати „заедницата“ е да кажиш дека овие на Фејсбук се тешки глуперди и дебили; Да одиш на Твиитап – Твитер збиранките, каде пак мора да имаш спремено бар дваесе урбани фори, да климаш со глава и да се правиш на удрен дека ги знаеш од Тајмлајн и ги паметиш сите присутни, иако појма немаш кои се и се чудиш шо кур бараш тука, ама нели фора е Твитап; Каде прајш финта као твиташ нешто, а тоа не е за сите да го разберат (ужи круг, нешто влијателни се спомнуваат(?)), а бар петнаесет те ретвитаат одма, триесет го фејваат од навика, а другите по две минути продолжуваат за да држи интензитет на Тајмлајнот; Каде си кажал дека курот сабајлево не ти станал баш ко шо треба од шо сношти си се рушил од ебење Фејсбук пички и дека всушност и затоа си уште на Фејсбук; Каде имаш преведено и плеснато ко твои бар 1150 твитови од српски и уште толку од англиски, а се лутиш шо некој друг ги твитнал истите без да те спомни; Каде мора да имаш хејтано бар една јавна фаца, иако, ако тој/таа ти врати на твитот, на риплајот ќе се поболиш од смајлиња ставање и обавезно во ДМ дообјаснување дека ти си ОК. дечко, ама си морал тоа така пошто фраерски е; Каде е строго забрането да го сакаш Тоше, или не дај боже да твитниш за Лана Дел Реј афирмативно, пошто мејнстрим е за пички, а овие од Твитер нешто дарк фазон алтернатива тераат; Каде  не гледаш Х Фактор оти е за педерчиња, а ги знаеш сите учесници по име и презиме и шифра на кармин од Кристина знаеш, зашо нели, ги дискутирале колегите од факс, или од работа, па мора да слушаш, а не дека тебе те интересира; Каде ти се гади од СК. 2014, а имаш едно стопеесе фотки од кај фонтаната на Аце и под Триумфална, а една и Шмизла како ја држиш за газ, а фотките ги закачуваш на ФБ профилот, си морал зашо пријателите од странство инсистирале; Каде супер ти е Твитер календарот, ама мрчиш за курот од Дамјан, и тоа дека не морало баш Реф толку да го истопори, пошто… најверојатно пошто немаш мадиња да го истопориш твојот; Каде откако некоја ќе те заследи обавезно и го манијачиш профилот и ја заследуваш, ако има добра цицка на профил фотка, иако има само јадни три твита од кои два се ретвитови; И евентуално, многу пожелно за да бидиш јак на Твитер, е да те има блокирано Ванковска на Фејсбук.

– На тоа мислиш?

fuck twitter

Или Твитер, беше она од каде се вивна #протестирам, а паралелно со борбата за Правда за Мартин, бликаше и креативност во: постери, флаери, пароли, постови, клипови – чист активизам, како што може само да се замисли; Каде освежи #наточак; Kаде се збираа пластични шишиња и се  правеше #твитерелка; Kаде баравме на Кристијан Ефремов да му овозможат пристојни патики за настап на Оломпијада (добро де после ни го напика Крис на сите и се избламира со тоа спотовите за локалните избори); Каде Иџи мораше да твитни за да почни #првасмена, па преземаше Сеад; Каде се испилија Васиљ и Бетмен…; Каде твитавме од Твитдек од жолтиот; ; Каде со Дарко расправавме дали да оставаме десетина празни знаци за да можи да се ретвитни; Каде се љубеа Блоговски и Ауроранс; Каде Гаџетерија праеше блог маратон; Каде твитот беше навистина хаику, а не ефтина досетка, скратен виц од 84та, или парафразирана финта од К-15; Каде…

Можи да има врска и што ретко кој имавме смартфони и таблети, па твитавме од нормални места, а не од ВЦ шоља – шо знам, до амбиентот да нè било да му ебам матер, ме маваат триста умишта сеа вака ко ќе „размислам подлабоко“?

А бе Ацо, не сум бил таму ко за сериозно одамна, па не ми текнува баш што беше точно тоа Твитер?

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. новица says:

    rant а? 🙂


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива