Да се организираме за да ја досјебиме до даска планетава и тоа одма и сега.. Taа нас ќе не ограничува во фрустрации маме и ебем. Шо се умислува бе таа, да не‘ е единствена, да не‘ и се скрши алот ако и го бапниме цел нуклеарен арсенал шо го имаме или ако ги ставиме сите нафтоносни полиња во функција на максимална искористеност… озон-мозон нешто, туку да се мрчело ебате планетата ебате!? А и сама е крива бе. Нас ураниум од небо не ни падна, нафта не донесе баба ми Цвета од Локвица и не знам какви ли уште не срања, туку таа – планетата Земја, го има тоа во утробата, го произведува, а не знае да го скрие. Е шо сега, ние сме криви шо сме радознали и деструктивни? А земјотресите шо ни ги пушта, а?… мислиш не намерно е тоа што потоа откриваме некои минерали излезени случајно?! Абе ајде, туку не става во искушенија и потоа кабаетот наш е.Планетава наша е патолошки случај со самоубиствени манири (нека кажи некој доктор правилна дијагноза) и од што е кукавица сама да се сјеби ни пика к** во очи и не тера да го сториме ние тоа место неа.
Ме изнервира ебате тоа планетата. Да се пазам сијалицата колку испушта јаглерод диоксид и слично?! Живи срања од типот на редукција на издувни гасови кај автомобилите… Абе еднаш се живее еј… Земјо! И не одам бе никаде за инает, ќе ја испустам и испостам скроз, па дури и тогаш ќе си седам мадро и ќе се ситам – ќе тегнам ладно скопско кај Игор в коперација и сеир ќе мавам!
- јеби га, млада била планетата (Gliese 581) што ја гледавме – скроз „плава“ ќе да е, значи има вода, ама само тоа има нема земја ич, а и сонцето ќе да е огромно од таа перспектива, па ќе расипува филинг на домашна идила.
Ок бе и за тоа има лек. Генетски ќе се измутираме и место раце – перки, место бели дробови – шкрги, и така се со ред. А што ако се запниме и една Enterprise изградиме на ворп со седишта за едно 4/5 милјарди луѓе и правац петсто осумдес кецот. Одиме на пат, а пред тоа сонди, роботи, едно-друго, извештаи кажуваат дека е рај таму и… курац, лага жива. Не сјебал некој NASA манијакално пореметен координатор на проектот – плод на мајчичка Замја, и ги испревртил резултатите во наша корист(?). И што тогаш, ајде назат, траскај се уште двајстина години по тоа темниците од свемирот. Налет друго, туку кој пак ќе се навикнува на раце и бели дробови – абе маки човечки.
Имам еден друг предлог зашто овај со мутацијава некако сумљив ми се гледа:
- Наместо ние да се селиме од овде и да одиме пичке си материна некаде 20 и кусур светлосни години јабана, да ги пратиме таму животинките.
Арка бе, наместо господ, ние да ја направиме и да изиграваме бог, па нели тоа ни е целта?! Бираме по еден пар од се‘ живо (освен луѓе), ги ставаме во арката, подесуваме апарати за хибернација и храна доволна за толку години колку што треба дури да стасаат и ги транспортираме на сигурно. Друго понатаму на нив е, нека се снајдат мајку му…Делфините ќе ги поставиме како водачи на другите животинки… Ем интелегентни се, ем перки имаат, а и онака не можиме да се разбериме со нив – само нервоза ни прават, па ете им шанса да се докажат. Не да ги потценувам делфините сега, ама абер да се немало од муабет – збор да не се гугнело, туку да се цивкало само некоја фрекфенција, а од друга страна сакаат да ги разбереме? Абе од гревот згора да ги испратиме во тоа арката, башка на високи притисоци отпорни се со тоа меурите или како ли веќе беше тоа, значи и ворпот полесно ќе го поднесат.
Е тогаш, ние овде, удри бригу на весеље ќе истераме и без грижа на совест(?) да ни се јави дека загрозуваме други. Ем ние здраво ќе ја спичкаме планетава, ем ќе ги спасиме тие што вредат да го продолжат видот.
Уф… замисли само каква р‘каница на се живо ќе удриме така олабавени, еј, абе лиги ми течат! Не сега дека нешто се устручаваме, ама замисли на раат да го испуштиме анималното кое го стегаме и загушуваме – лумперај и шо ти јас знам уште не…
По некое време, така утрипан си густирам во самотијата, грицкам лешничиња од оние потпечените кај истата коперација од погоре, а во позадина не оди песна на некој врабец (зашто го испратив на арката последниот пар, а на другите врапци им ебав матер како што ветив дека ќе терам ќефот), туку оди: earth song, а јас паѓам во транс ала Стиви Вондер бидеќи конечно ги заебавме делфините и другите животни.














#
thewall напиша:
за во лев столб , да видат некои луѓе и нешто поинакво , ако воопшто смеат да гледаат без согласност
хемичарот
22 Април, 2009 – 18:07 | избриши | одговори)
#
ЛУДА ГЛАВА напиша:
зашо бе не кажувате вакви работи порано? Smiling Smiling Smiling Smiling
22 Април, 2009 – 18:51 | избриши | одговори)
#
thewall напиша:
на кого бе порано
па знаеш , овде или си за чрч или си против чрч , нема трето
ретко некој да е за ваков фин трак
(не се откажувам од идејата за гробишта)
22 Април, 2009 – 18:57 | избриши | одговори)
#
Јофе напиша:
Потполно се согласувам…
Дај да и ебиме матер, мамето нејзино земјино…
Кажи место и време, па да започнеме заеднички да и ебиме матер Smiling
22 Април, 2009 – 19:22 | избриши | одговори)
#
literanova5 напиша:
си има свој врв после кој настапува надолна линија, така и развојот на човекот… еден ден па ќе бидеме мајмуни (ако веќе не сме )… Smiling
22 Април, 2009 – 19:25 | избриши | одговори)
#
виолетова напиша:
хахахаааааа Sticking out tongue
делфините ќе си се иселат со време,
не бери гајле за нив, умни се тие
ќе заминат со пораката:
„Збогум и благодариме за рибите!“
(п.с. поракава ја презедов од `Водич низ галаксија за автостопери` Eye-wink )
22 Април, 2009 – 21:56 | избриши | одговори)
#
istoчna напиша:
ете, и јас се повеќе сум убедена дека ни е потребен нов дедо Ное Smiling))
мислам дека пишав во еден пост за тоа само никако да се снајдам со мојте категории, ништо чудно приказните за планетата да сум ги ставила во категорија лично Smiling))
23 Април, 2009 – 15:49 | избриши | одговори)
#
RIBARO напиша:
Хемичар, нетуку мати кобли, таман сменив амосфера Smiling
ЛГ. кажано е пред 2 год. и 3 дена Smiling
Јофе, лади го пивото!
Литеранова, требало да си останиме на гранка, побезбедно за сите ќе било ако сме ја задржеле таа перспектива.
Вајолет, замисли, Водичот не ми е читан, таман да го набавам, Smiling
Источ, кога ќе почниме дуњава да си ја сваќаме лично, тогаш ќе е ок, значи и изборот твој на категоријата е таман Smiling
24 Април, 2009 – 08:49 | избриши | измени | одговори)
#
kihuПотру напиша:
по некое време може да и ја најдеме тапата и да ја извадиме. Ќе издиша како делфин наполнет со тоа смешното, ние ќе се смеене и таа со нас ќе умира за последно. хахаха!
24 Април, 2009 – 14:23 | избриши | одговори)
#
stop the earth напиша:
Laughing out loud ааааааааааааахахахха ај јас што сакам да ја застанм земјава , ама ти ептен си се утрипал. Ме здроби од смеење , алал да ти е !
24 Април, 2009 – 23:59 | избриши | одговори)
#
ГејчоЛепи напиша:
Здраво лепотану : – )
Да прашам нешто, има ли шанси јас и ти….знаеш веќе што сакам. : -)
077598369 (69 намерно барав на крај на телефонскиот број од продавачката : -) )
25 Април, 2009 – 00:29 | избриши | одговори)
#
stop the earth напиша:
гејчо , аман веќе, де дојди да ти ја набијам штиклава па ваљда ке не олабавиш со твоиве перверзии
25 Април, 2009 – 00:35 | избриши | одговори)
#
OGI SINKO напиша:
Јане
Јас исто мислам
Абе ке ја исцедам и испијам да не може да стои на нозе
па после нека крши глава кај комшијата.
25 Април, 2009 – 00:36 | избриши | одговори)