Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

RHCP – впечаток и отпечаток

Ех…
Небаре малку беше жештината, па се придодад катастрофалната организација од Србите , а и од нашите промотори и организатори на Концертот на Пиперките, па да се отвори небото и летната олуја таман кога заврши концертот.

Ај со ред ќе одам и ќе нафрлам сувопарно, зашо навистина неам концентрација после сето малтретирање.

Се шпекулирашер дека се некаде 19 автобуси кои тргаат од Скопје.
Автобусите не тргаа сите во исто време. Сатницата беше од 7.00 па се до 9.00, и  секој знаеше во кој автобус е и во колку часот трга.
Се тргна со „нормално“ закаснување од пола час – 7.30. Фино лепо си влеговме сите, бидеќи пишуваше на билетот во кој автобус си. Многу оптиместички делуваше сето тоа.

Климата работеше. шоферот – добрица. Не е битно тоа, битно е дека имавме водач на патот ставен од страна на Енко, а така беше и во другите автобуси. Ќе ја биде работава си велев. На граница – на македонскиот премин, стоевме околу 2.30 часа, кај србите поминавме за десет минути. Македонска работа – се прокоментира помеѓу Пиперкашите. Со новиот систем на пасошка контрола еден пасош се проверувал една минута.
Автобусот за да запали на граница моравме да го туркаме.
Се правеа непотребно паузи од 45 минути.
Еен дечко на негово инсистирање го оставивме во Белград да си купел пиво(?) и рече ќе не стасал зашо имаше гужва… се заеба, не не стаса.

Фати една летна олуја која траеше околу еден час или така нешто, но добро беше тоа што од Белград до Инџија (45 км) ги одевме 2 часа па не ја сетивме на гола кожа.
Стасавме во Инџија 17.30, но имајте предвид бевме во првиот автобус. За паркинг ни побараа по 30 денари од човек. До влезот на концертот имавме уште добри 20 минути пат.
Србите требало да знаат дека не е само да се направи паркинг место за предвидените возила, туку и дека тие возила треба некако да стасаат до тој паркинг. Патот до арената кој беше наменски направен можеше да опслужи едвај една четврина од сите возила. Овде за тоа како организаторот го видел тоа.

Јадев полу жива плескавица која ја платив 200 динари.

На влезот одеше извонредно брзо. Можев фино лепо да внесам зоља и никому ништо. Жалев што не понесов. Едо мајка не го видов, а од Кирил Џајковски слушав една песна дури се пробивав во веќе 80% полната арена.. Касабиан беа повеќе од ок но публиката реагираше толку млако што на крај вокалистот разочарано констатира: – Вие сигурно не знаете кој сме ние. А и не беше далиеку од вистината.

21.45, 100 000 запалени фанови на Пиперките се начукаа еден до друг. Имаше мирис на испотени но туширани тела, канабис, една бакља (да бе бакља внесле батината), англиско знаме во близина, наоколу Хрвати, Срби, Црногорци, Босаци, Маџари, Бугари, Македонци… Пиперките каснеа некои 45 минути и во еден момент си реков: – Добро е бар ќе стасаат сите наши кои тргнаа подоцна.

Го извадов знамето и од Српските домаќини почна да се скандира: Горан Пандев… се удри еден рефрен: – Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија, а по некое време качен на подвижната платформа Сергеј Трифунович прашуваше каде е Никола (веројатно мислеќи на Ристановски).
Впечатокот од концертот:
Сцената беше во исто време и видео бим со специфични ефекти на светла и колажи од бои така да сите можеа да прата што се случува. Озвучувањето беше ок, макар што некои кои беа подалеку имаа забелешки од чисто мрчаторска природа.
За мој вкус, Ентони беше просечен, но затоа Фли, Џон и Чед беа макси еуфорични и понесени.
Бев појден да ја споделам енергијата со Фли и успеав.
Фли ти благодарам човеку!

Концертот траеше жални час и половина или помалку. Најавуваниот двочасовен спектакл беше испратен со пластични шишиња, свирежи и Уаа….. Публиката после првиот бис неможеше да се соземи од неверојатниот шок. Просто не можев да поверувам 100 000 народ кој помина низ олуја и пеколни горештини да се остави со свирка од саат и пол.
Си заминаа.
се чувствувавме изневерени.
Ни го напикаа. Како ебани се упативме кон автобусите.
Само што завршија свирежите и урликањата времето „не почести“ со уште една летна олуја која траеше исто како и претходната, но сега бевме надвор и мокри до гола кожа. Низ тоолпата ни требаше еден час да дојдиме до автобусот – Изѕемнавме.

Мајчиниот автобус не палеше, овој пат ни на туркање. По два часа поправки тргнавме. Од паркинзите и се до Белград одевме добри 3 или 4 часа.
Бевме премалени, помалку за 4 и 5 луѓе (кои не успеале да го најдат автобусот кој стоеше на исто место каде што не остави, па се качиле во друг) искиснати, и видно разочарани  не од свирката туку од краткиот концерт. По некое време беше штама во автобусот. Останав буден само јас и девојката која не носеше резервен пар на чорапи и премрзната се туткаше во седиштето. Не можев да и помогнам, немав резервен пар, а и жена ми има лесен сон па не ми се ризикуваше техниката тело со тело… за тоа, како и за дечкото со пивата друг пат

На граница на враќање поминавме глатко, го собравме и дечкото со пивото кој некако дошол до граница и стасавме во Скопје околу 10.30. Во Прилеп бевме некаде околу 15.00.

Резиме:
– Енко заеба со тајмингот на поаѓање – требаше да ја предвиди процедурата на граница. Остана мизерниот впечаток од паркингот и смешните 30 динари од човек.
– Водачот на патот кој беше задолжен во нашиот автобус беше премногу добар по душа за задачата со која беше соочен – не го биваше.
– Дечкото(?) со пивата што по негова желба го оставивме во Белград, после завршувањето (нормално) не можеше да го најде автобусот и се снаоѓал како занаел.
– Четворица не го пронашле автобусот зашто му се видело многу пат, а и врнело, па си чекале автобусот да ги најди нив – не ги најде.
– Сергеј Трифуновиќ очигледно беше каменосан.

Впечатоците за свирката беа испомешани – што е нормална работа.
Одеа парафразирани вака некако:
– Памперсине звучеа катастрофално, не се слушаше доволно добро и сцената беше мизерна!
– Да му ебам мајмунска фаца на Ентони!
Одговорите следеа:
Ти бе глув и слеп да не беше и  молимте види се у огледало.

Сé на сé, немавме тепачка во автобусот, не не удри гром, и живи се вративме.
За наредниот концерт ете сме пак, зашто тешко памтиме и лесно забораваме, а башка и добри сме по душа и ни го качи кој како стигне… од Калифорнија па се до Србија и Скопје.

Аирлија, па подобро и не заслужуваме вакви телиња какви што сме!

Пс: слики и снимки ќе едитирам утре.

Edit:

клик за слики од концертот снимени од петчлената екипа на Прилепчани и Охриѓанец.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни

Коментирај со Фејсбук:

2 Responses so far.

  1. admin says:

    #
    Бунка напиша:

    Ех души напатени…Smiling
    27 Јуни, 2007 – 22:46 | избриши | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    ај уште неколку години вака, се надевам дека по некое време ова би требало да значи катастрофа за организаторот и голема шанса тоа да биде последната работа што ја организирал…
    27 Јуни, 2007 – 22:54 | избриши | одговори)

    #
    dr. Max напиша:

    Што патешествие ќе беше Рибару Smiling Ако, ако, така подобро се памти Smiling
    28 Јуни, 2007 – 00:18 | избриши | одговори)

    #
    Goldsmith напиша:

    Јас прочитав во некој коментар дека на Type O Negative ќе биде подобро. Плус, нема малтретажи со Југотон. 28 Јуни, 2007 – 00:35 | избриши | одговори)

    #
    nenad jovanovic напиша:

    супер! а дома да седеше… 28 Јуни, 2007 – 01:19 | избриши | одговори)

    #
    Никола Ни напиша:

    Жалам што било така…. http://www.psiholog1.wordpress.com 28 Јуни, 2007 – 01:44 | избриши | одговори)

    #
    Ki напиша:

    ај бре не се жалете, бар бевте! е ок, не е ништо совршено, ама мора ли секогаш да се жалиме….

    значи пак викам, среќен бидии си што не си се заебал да останеш у ск и дома со друштво да глеаш пиперски концерт од ирска и да се тешиш….
    28 Јуни, 2007 – 01:56 | избриши | одговори)

    #
    She напиша:

    Aх, не се секирај ќе дојдат еднаш и кај нас, барем патот нема да мора да го тепаме 🙂 барем сега имаш што да пишуваш на блог 🙂 28 Јуни, 2007 – 02:29 | избриши | одговори)

    #
    katika напиша:

    Ја свиреа Californication? 28 Јуни, 2007 – 02:30 | избриши | одговори)

    #
    voodoo напиша:

    еве ја листата на песни
    Can’t stop
    Dani california
    Scar tissue
    Charlie
    John solo SOS(abba)
    Snow
    Readymade
    By the way
    Throw away your television
    Californication
    She’s only 18
    Right on time
    Higher ground
    Flea solo (Thank You for Coming Tonight)
    Don’t forget me

    encore:
    Give it away
    28 Јуни, 2007 – 02:32 | избриши | одговори)

    #
    chote напиша:

    Јас доживеав добар дел од ствариве скоро исто како и ти. Мене ми беше многу помалку мачно, затоа што два три дена пред концертот и еден после тоа бев во БГ…
    Она што сакав да го кажам е: Касабиан беа ТОП! РХЦП исто звучеа одлично со минус на Ентони, него не му беше денот, и мислам дека бисот од две ствари беше ради него. Бисовите по другите концерти од турнеава имале обично 6-7 ствари, и обично завршувале со некое опасно соло. Зашто не ги свиреа Адрсајд и Андр д бриџ!? Ова е прашање што два дена си го поставуваме заедно со уште неколку од мене многу позагорени фанови на РХЦП .
    Ти си можел да протнеш зоља а на другар ми Пеце му го тресеа новчаникот, малце се збунија со мемориските картици, го прашуваа да не е нешто за под јазик мемориската картичка Smiling … А и мене исто, многу солидно ме претресоа, 3те контроли. Испадна на крај дека можело и апарат да се внесе ама јебига, јас мојот не го понесов… Озвучувањето а и сцената беа на место. Од организација едини пропуст беше лошо организираниот паркинг и приод кон концертот (особено приодот), мада, јас не поминав ни од тој аспект лошо. 100 000 луѓе се, не можеш да очекуваш дека гужвата ќе се расчисти за 20минути. Тоа ми беше јасно уште пред да тргнам.
    ПЉескавиците, пивата и грицкита имаа ОК цена. Пошто, у таква ситуација, шиткачите би направиле исти промет и со 50% повисоки цени.
    И уште нешто, го тупеа превише со стварите од новиот албум, башка, минус за целата атмосфера беше фактот што маса од луѓето таму беа отидени по 4-5 часа претходно. А на тоа сонце и 4-5 минути се многу. Заедно со доцнењето на почетокот, влијаеше тоа на ујебување на атмосферата малку.
    Тоа е тоа главно, можда пропуштив нешто… Ај ко ќе ми текне ќе допишам…
    28 Јуни, 2007 – 02:33 | избриши | одговори)

    #
    voodoo напиша:

    па многу песни фалат не само Other side и Under the bridge,
    a Aeroplane???
    a Breaking The Girl???
    a Blood sugar sex magik???
    a Power of equality???
    a Suck my kiss???
    a Soul to squeeze???
    a Fortune Faded???
    a My Friends???
    a Around The World???

    сите овие им беа големи хитови!!!
    28 Јуни, 2007 – 02:42 | избриши | одговори)

    #
    chote напиша:

    Мене Otherside ми е нивна ствар на прво место, после неа има празни 4 места, па иде Скар Тишју затоа и ја спомнав… Иначе да, фалеа и други ствари… 28 Јуни, 2007 – 02:45 | избриши | одговори)

    #
    калушка напиша:

    Ех …јас да не дополнувам, кажано си е се … 28 Јуни, 2007 – 02:46 | избриши | одговори)

    #
    voodoo напиша:

    еее кога Red Hot беа добри…
    сега им удрило слава у глава!!!
    тоа новиот спот Hump de bump за ништо не го бива!
    28 Јуни, 2007 – 02:50 | избриши | одговори)

    #
    bipod напиша:

    Јас бев во автобус бр.16 и стигнавме тачно во 21:30. Срамота. Па башка кога не излажа некој дека веќе почнале а ние уште у автобус… фативме да трчаме 3-4 километри. Е тоа е патешествие… :)) 28 Јуни, 2007 – 02:51 | избриши | одговори)

    #
    voodoo напиша:

    ха ха,аман бе!
    а бе на овакви концерти се иде у своја режија со спиење,
    или подобро не оди!
    мак работа!
    28 Јуни, 2007 – 02:56 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    едитирав слики од концертот. 28 Јуни, 2007 – 11:32 | избриши | измени | одговори)

    #
    Lavot напиша:

    Ау, братче, а бе по една мотика или лопата на секој и Тито од гроб че го разбудевте ко че видеше колкава омладинска акција се прај…. бре, бре, народ, а бе Македонија се ослободува со олку лујџе ебаго
    28 Јуни, 2007 – 11:53 | избриши | одговори)

    #
    Емил напиша:

    Не знам зошто, ама сосема очекувано беше дека концертот ќе биде проблематичен. Ама ако, барем си ги видел, оти како што тргнале со албумиве, кои им се copy-paste, веројатно нема да имаат можност повторно да прават концерт! Eye-wink

    http://www.emilniami.blogspot.com
    28 Јуни, 2007 – 12:46 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Појма неам шо да речам еве и гледано од денеска (демек преспан) пак иам една празнина од тоа што траеше кратко концертот. Можеби вистина во договорот стоело дека ќе свират сат и петнаесетѕ минути, но на сите српски радиа се трубеше дека ќе свират 16 песни + 4 бис. Останува разочарувачкото дека сме изиграни… ама да им приредиш бе тоа на 100 000 луѓе е катастрофа, незнам како се немаше осет, а башка и прв пат се на балканов. Се еложувам со коментарите дека последниот албумне го бива и дека залутуваат. Ако едно време почнаа како панк рок, па продолжија во фанк рок, па направија сублимат од двете (револуција своевидна) за сега да се изгубат во комерцијала. Не жалам што бев, напротив, јас за тоа што бев го добив, но очекував многу повеќе … 28 Јуни, 2007 – 13:08 | избриши | измени | одговори)

    #
    ХулаХопа напиша:

    ме мрази да дробам …
    беше тешко срање …

    од путот 24 саати напред назад … до дебиластијата наречена МКД гранична полиција … до РХЧП и срањето од саат и пол …

    пингвинот се кае … дебело …
    кој ги ебе! нека се појави некој друг концерт маму ем ибам! ..
    иначе не знам колку читате … ЕГЗИТ е мртов … се распаѓа … со ваква организација и не е чудо …
    28 Јуни, 2007 – 13:15 | избриши | одговори)

    #
    darko156 напиша:

    Да се пријавам дека се измалтретирав и јас 😉 Бев во автобус бр.9 и стигнавме во 21. Ни Кирил ни Касабиан ни бутур. А богами и пиперкиве издишани ми беа. Единствена песна отсвирена со малку реална енергија ми се виде Give it Away, на бисот, се останто беше бледо, вклучувајќи ги и аба и тоа досадните „демек” солажи 🙂 и глупото заблагодарување на басистот (кое патем не го сфатија половина сопатници од мојот автобус) И уште една замерка која не успеав да ја прочитам (нели настрана организацијата за излез од паркинг). Сцената беше прениска. За толку народ и за толкава сцена на толкава нива, изорана лани, па малку зарамнета за концертов, не беше доволно. Патешествиево ме змаисли дали следен пат ќе се дрзнам да појдам на концерт. се надев немад а ме држи долго ова. 🙂 28 Јуни, 2007 – 17:17 | избриши | одговори)

    #
    Ki напиша:

    вуду, Ероплејн никогаш не ја ни свиреле на концерти.

    ши, мммм, да, ќе дојдат кај нас кога ќе имаат по 60тина години, и тогаш нема да биде исто, пошо нивната музика бара рипање, а Ентони нема да може да го издржи тоа бидејќи или ќе биде дебел, или од староста, а голема е веројатноста и да умре до тогаш па да имаат друг пејач кој по претпоставка на нештата ќе биде шит. така да, би требало попрво да идат у бугарија, пошто, нели као они европејци се сеа (кис мај ес).
    друго, фли више нема да прај така импресионивни солажи, фрушанте ГАРАНТ ќе умре, а чед би бил прилично добар сеуште…

    значи, еве и нешто интересно, ако некој се препознае,, нека се каже Smiling

    Posle 75, svakako za Srbiju istorijskih minuta (koliko je trajao koncert), počeo je gadan pljusak, a jedan simpatični Makedonac od nekih tridesetak godina, primetio je cinično da Pepersi „ipak nemaju tri pevača“ i da bi sve duže trajalo da su tu neki Tifa i Alen.

    извор => http://www.redhotchilipeppers.indjija.net/vesti/S-28.06-1.htm
    28 Јуни, 2007 – 17:49 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Некој од паметните кои не беа со автобусите да кажи како поминаа: Ритам Нереда и Едо Маајка? 29 Јуни, 2007 – 13:19 | избриши | измени | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Аман… Sad
    А концертот освен што беше краток те бендиса ли?
    Да, чекам и јас слики. Smiling
    Поздрав
    29 Јуни, 2007 – 14:02 | избриши | одговори)

    #
    ех мама напиша:

    Фала за приказов исто како да бев со вас за жал поради Sziget не можев да си ги дозволам сега Поздрав 29 Јуни, 2007 – 14:13 | избриши | одговори)

    #
    Мечето Ушко напиша:

    уште малку патописен дух и репортажата ќе биде уште по супер. Поздрав. Да кажеше дека ќе одиш за Белград ќе ти нарачав да ми донесеш некоја книга. Затоа кажувај однапред а не одпосле. Мада од изнесеното се сомневам дека си можел било каде да мрднеш. Енко, не го бива за организација, катастрофа е. 29 Јуни, 2007 – 14:32 | избриши | одговори)

    #
    frustrislava напиша:

    ритам нереда направија супер журче!! ептен ми направија мерак, а и народ се изнаигра, и покрај тоа што баш тогаш се погодија два последователни, кратки и силни дожда Smiling
    п.с. мамааааааааааааа идеш на сигет?? снимај ги меднес плиииииииз Smiling
    29 Јуни, 2007 – 14:34 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Nate, има фотки ставено. Свирката беше бомба, само немаше флуид измеѓу за да биде фпечатокот комплетно јак. Другото како шо кажав во текстот…

    Мечето бато, и да кажев ништо од книгите, се одеше директ за Инџија.

    (ех)Мама, уживај на Sziget. Незнам колку дена ќе покриеш но би ти препорачал да ги погледнеш Hooverphonic на 11 август,sabota на wan2 stage. И… The Chemical Brothers и аххх – Sinéad O’Connor… и Smiling

    Фрустри фала, сега видов си пишала и кај тебе.
    29 Јуни, 2007 – 16:35 | избриши | одговори)

    #
    nenad jovanovic напиша:

    Ribaro бато,па ти цело време спиеш на сите слики?:) Инаку,Убаво! 29 Јуни, 2007 – 17:14 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ненад, не заебавај, не заспав се до Прилеп, ама си мижев често Smiling
    Инаку, после дождот имаше добар групен стриптиз во автобусот, ама на кого му беше до тоа Smiling
    29 Јуни, 2007 – 18:31 | избриши | одговори)

    #
    voodoo lounge напиша:

    kristin4e – Aeroplane ја свиреле,од кај тоа дека не?
    да ти дадам двд концерт кај шо ја свират а?
    ај сеа…
    и тоа не ја свират,ја растураат таа песна,посебно на крај на солото!
    30 Јуни, 2007 – 11:59 | избриши | одговори)

    #
    виолетова напиша:

    интересно патешествие Smiling
    30 Јуни, 2007 – 12:13 | избриши | одговори)

    #
    поднаместувачо напиша:

    Море шо ти е машко дете!
    7 Јули, 2007 – 00:09 | избриши | одговори)

  2. Lorrie says:

    Thanks for writing such an earssto-undey-tand article on this topic.


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива