Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Провоцирам Insomnia

Несоница – insomnia е целта на овој видео пост (влог пост), а провокацијата е да мотивира. Се роди случајно, после една дискусија со моите пријатели на твитер.

Навикнавме да не пукаат, да не плукаат. Дозволивме да ни перат мозоци, навикнавме да се скриеме за да не провоцираме. Навикнавме за да сме како пример на добро поведение, а овие одавде – од западна трибина, нè газат, нè шамарат, а сега и дома ни влегуваат и не тепаат. А ние пееме и играме, иронизираме, симболизираме и саркастично полемизираме. Токму затоа…

Ќе хибернираме ли уште и до кога?

Еве, јас провоцирам!



Ако сакате, можете преку овој линк да оставите белешка директно на видео клипот. Ова не сум го пробал до сега, па ме интересира вашата реакција и дали и како фукнционира опцијата
invite others to add annotations.

п.с: Во зависност од тоа од која локација сте пристигнале на блогот, текстот може да е или на кирилица или на латиница. Имате избор на писмо од десната колона на блогот.

Сценарио:
Важно – не важно, важно – не важно…
Си ги поставуваме приоритетите во зависност од индивидуалните потреби, многу нормално. Но кога станува збор за некои есенционални прашања, тогаш е многу интересно да се развие нормална дискусија. Колку сега во ова време на брз проток на информации е можно да се задржи концентрација на внимание на еден настан, или можна ли е нормална дискусија?
Кој знае што ме натера и како дојдов до ова, па дента пред да се случи дивеењето на хулиганите во Нерези, почнав дискусија на твитер за:
Што ми ја ускрати радоста на фантастичните 9.58
Ајде од почеток
Мојата прва реакција за Соопштението беше на твитер со следниот коментар, па следеа и реплики.
Што ги натерало организаторите на погорното Соопштение? Од што се исплашени овие луѓе. Имаше коментари дека намерно не сакале да провоцираат реакција од навивачите кои евентуално би биле агресивни.  Зошто би реагирале навивачите агресивно, кон собирачите на потписи за Референдумумот? Зошто тие би се поистоветиле со изградбата на верските храмови на плоштад, контра евентуалниот референдум? Можеби, зашто се лесни за манипулација. Многу блиску до вистината.  Тарчуловски го крка во Хаг сосема случајно. Но дали неговото навијачко педигре е доволен поттик за да се огледа некој недоквакан хулиган на него? И јас сум страстен навијач. Бев на плоштад пред утакмицата Македонија – Шпанија. Се одрав на стадион, камуфлиран во државните бои. Некои преднастани не ми дозволија комплетен впечаток, но веќе навикнав на потпикувања, како и впрочем сите. А како дозволивме да навикнуваме на потпикнувања и куропецања?
Навикнавеме да не пукаат,  да не плукаат, дозволивме да ни перат мозоци, навикнавме да се скриеме за да не провоцираме. Навикнавме за да сме како пример на добро поведение, а овие одавде – од западна трибина  не газат, не шамарат, а сега и дома ни влегуваат и не тепаат. А ние пееме и играме, иронизираме, симболизираме и саркастично полемизираме. Токму затоа требаше токму на плоштад за време на навивачкиот собир да се расположат масите за собирање на потписи за референдум. Една толпа на хулигани и извикани правоверници успева да не анатемиса  за антипатриотско расположение. Да, успева кај колебливците да се наметнат дека тепачите и плукачите се храбрата патриотска македонска нишка, а ние сме платеници и предавници, хушкачи и петоколонаши. Со мојата пасивност сега, се чувствувам виновен за огромниот број колебливци, како што се чувствував виновен и во 2001 вата
Како беше она? Да не провоцираме за да не се повтори 28-ми март, па сега да ги носиме на душа Геро и Милчин. А што провоцираа тепаните во Нерези. Абе на сред Карпош, толпа влегува во домови и малтретира, толчи мајки и трауматизира деца. Да, мене радоста ми се ускрати, но на луѓето му се зеде  спокојството и светоста на домот!
Еве, јас провоцирам! што мислите, кој има мадина да испровоцира место нас? Колумните на гревчето Влатко Ѓорчев,  дволичната Теута Арифи, војводата Тачи, Жерновски, умислениот Шема или некој пратеник од внатрешноста зинат за дневница и патни трошоци од 7000 ден. Кур ги боли нив за нас! Затоа Јас си провоцирам за да имам мир во својот дом, неискршен излог, не издупени гуми и не скршена глава, провоцирам за да имам мирна како што имам чиста душа, провоциирам за да имам корка леб, покрив над глава, 10 дена заслужен одмор, провоцирам за да ве испровоцирам да провоцирате и вие.


Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Видео, Став

Коментирај со Фејсбук:

5 Responses so far.

  1. кажав за „Провоцирам Insomnia“ [vlog post #RibaroMK]? е… утре пак ќе ви кажам 🙂 http://ribaro.mk/?p=625

  2. RT: @ribaro: Провоцирам Insomnia http://ribaro.mk/?p=625 |добар влог пост, лајк ит, освен осудата на Комитите иако не знаеме како точно било

  3. „Провоцирам Insomnia" [vlog post #RibaroMK] http://bit.ly/2zxBw

  4. Femgerila says:

    Абе пробав на видеото ама нешто не ми оди со јутјуб акаунтоо 🙂 Па ај вака олд фешн.
    1. како можевме баш пред да се случи ова со комитиве да муабетиме на таа тема не ми е јасно. Абе пророци.
    2. непровоцирањето или прекинувањето на кругот на насилство, исто и неодмаздувањето воопшто не се пасивни одлуки. Џудит Бател зборувајќи за филозофијата и мирот пишува дека токму најтешката одлука е да се прекине, да се премолчи, да не се врати и за Батлер тоа е единствената пацифистичка и миропвна стретегија. Се` друго е илузија. Се лажеш ако мислиш дека со провокација ќе постигнеш нешто големо. Големите нешта во принцип се тивки и едноставни.
    3. Влог е супер ствар. Продолжи.


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива