А, по форма или по содржина?
По форма (знам) сум prickles, а по содржина (мислам) goo.
Што сум, односно што е она што преовладува или што го дефинира субјектот… формата или содржина? Појма немам, да ти кажам право и не се замарам со пивтиесто-бодликави дилеми. Гледам да си го накркам мешето, да ја сочно опцујам комшивката и слични егзистецијални навики.
Празен сум, велиш, а?
Не бе, полн сум со празни фрази, но таа заситеност е толку празна што просто блика од празност – цури од заситеност… Тој сум де јас, или таков сакам да ме видиш. А што ќе ти сум вистинскиот, кога таков не знам ни самиот што со себе.
Еве сум – на: шутирајме, кубиме, скоцкајме, округлиме… сe прави ми, но не буди ме!
… А ти, ќе се рабудиш ли?












