Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Пимен

Ова е една кратка Фејсбук не хронолошка ретроспектива за ставовите на Дедо Пимен (во понатамошниот текст само Дедо). За неговата харизма, за неговата храброст и за надежите на нас завалиите – итри будалести и секакви – претставително непретставителни слободарски агностици, верници и атеисти и друга теистичка и атеистичка народна лековерна багра. Овде не раскажувам јас, туку само прикажувам како се одвиваше приказната со зборовите од Дедо, низ негови одбрани ембедирани Фејсбук статуси и неколку принт скринови.

Недела, Јануари 26-ти, 2014-то лето господово. Мојата перцепција за Дедо, одеше вака:

А не бев без причина наведен на тоа јас завалијата, ами мислев знам да читам и рационално да расудувам. Интересно беше тоа што под она „духовник“, по дифолт сите знаевме на кого мислам, немаше потреба од имиња и титули, ниту на никоја друга асоцијација која би водела до Дедо.
Но еве, како започна приказната за верба во Дедо:
(повод за статусот е реакцијата на спонтаната „Веритас“ , и наводната опструкција од Жерновски и Општина Центар) 

pimen 3

Па уште еднаш следеше во ист здив:

pimen2

За потоа да се редат

И да бидиме горди кога…

Па да нè обединиш со космополитизам и толеранција со ова:

А многу беше убаво да се види дека си од крв и месо, дека си еден од нас, дека дишеш ко нас:

И сатирата со која мене најмногу ме освојуваше не ти е непозната:

Но, сега, кога успеа нешто многу да скршиш кај многу кои веруваа во тебе, не сакам да претпоставам дека можело да те води ова:

За без никакви рационални причини ни го приредиш ова:

Како сега црн јас…

pimen 1
(се мислина првиот статус ембедиран во постот)
…Како бе Дедо?!

И видео праев со наслов Пи-Мен, ете го до пола го стасав

Дедо, одлучи да му дадеш целосна поддршка на овој лик без лик, на оној кој се криеше од нас кога протестиравме за обидот за прикривање на убиството на Мартин, што не ни пропелтечи за политичките затворања и монтирани процеси над новинари, партиски лидери, сопственици на медиуми, на оној што е идеолог на капиталната кражба Скопје 2014та, оној кој му намигнува на светот и мисли завршил државничка работа, кој чека добриот дух од бунарот во Паљурци да ни исполни три желби, оној на кој ортопедски помагала му се главна асоцијација за демократија… На овој ли човек втора шанса?

Зошто бе Дедо?

И знаеш, не ти се лутам тебе Дедо. Не! Си се лутам себеси: зошто оставив да ме носат емоциите; зашто одлучив да ме води очајот наместо рациото; зашто одбрав да го барам полесниот пат онаму каде пат немало. Од друга страна ти Дедо пак, беше некое посебно искуство, нешто кое теолозите сигурно би го споредиле со Големото Разочарување

Авторот на рекламата – Да му веруваш на дедо, можеше ни крив ни должен да го водиме како пророк на новото Евангелие, кое ќе го крстевме: „Евангелието по Дедо“. Но вака, испаѓа дека само ќе испадневме наивни поклоници – Милеристи (во случајов Дедовисти), и ќе чекавме да се случи воскресението на демократијата на ова парче очај, а воскресение на демократските текови не се случуваат со верба, и не со овој Дедо. Знаеш, можеби вака е и подобро.

Давајте друг Дедо!

Millerite_1843_chart_2

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни, Став

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива