
По повод инцидентите во градските автобуси низ Скопје, кои резултираа со ескалација на меѓуетничката нетрпеливост помеѓу македонците и албанците, Министерството за внатрешни работи во соработка со Агенцијата за генетски инженеринг, излезе со експресна реакција и анализа на настаните. Имено, Агенцијата, причините за агресивноста и дивеењето на младите низ автобусите ги лоцира во компонентата со име перпетуглупиве што се наоѓа во пластичните елементи вградени во новите градски автобуси произведени во Кина.
Кинеските производители, по брзата дојава од нашата Агенција, известиле дека вградените елементи во автобусите биле изработени од рециклирана пластика што кинезите ја собирале од пунктовите од областа во Пакистан, каде што живеат Хунзите и Калашите. На ова, нашиот научен тим експресно констатирал дека компонентата перпетуглупиве, причинува реакција и резултира со агресивност кога доаѓа во контакт со ДНК -та кај единките кај кои доминира античко-македонскиот и албано-илирскиот ген. После оваа научна теза, министерката Јанкуловска и вицепрепиерката Арифи, на заедничка прес конференција констатираа дека меѓуетничките односи во Македонија се и повеќе од релаксирани, а инцидентите ги лоцираа во хемиската реакција на македоците и албанците на компонентата перпетуглупиве.
Арифи, на пресот истакна дека агресивноста на македонците и албанците кога се наоѓаат во присуство на перпетуглупиве, треба и понатаму да се анализира, а дотогаш, пластичните елементи од автобусите на ЈСП да се заменат со гумени. Поврзаноста пак, на рециклираната пластика од Хунзите и Калашите од една страна, и македонско-албанскиот ген од друга, може да резултира со заеднички корени на албанците и македонците, а Хукзите и Калашите да се токму нашата заедничка нишка.
Владината делегација на чело со Премиерот Груевски, која се наоѓа во посета на Индија, по оваа дојава, вети дека ќе намине кај Хунзите за да земе примероци од нивната крв кои понатамошно ќе се анализират. Каков ќе биде резултатот од овие анализи останува да видиме, но присутните на пресот можеа уште сега да го видат задоволството на лицата на Арифи и Јанкуловска од нивната можна сестринско-генетска поврзаност.
Истовремено, МАНУ, излегоа со предлог, нашиот научен тим кој работи на перпетуглупиве, да конкурира за Нобелова награда за хемија, а на Академијата во Стокхолм, им предлагаат да воведат и Нобелова награда за меѓуетнички односи.
Пара пост






Ексклузивно! Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите – http://t.co/8TE3sTlD
Ексклузивно! Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите – http://t.co/8TE3sTlD
@MaximOvertroll ete i kaj ribaro na blog ima, rejzot e kriv
http://t.co/kNZkEfBS
Jako ova
RT @ribaro Ексклузивно! Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите – http://t.co/k42idOYj
трол пар екселанс http://t.co/OgjrClY8 (via @sociablesite)
@Lirim трол пар екселанс за ова вели @keeper_mk http://t.co/FkXS31Q2 што ли му значи тоа трол?
@Lirim трол пар екселанс за ова вели @keeper_mk http://t.co/FkXS31Q2 што ли му значи тоа трол?
RT @ribaro: Ексклузивно! Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите http://t.co/ZxBsQKee
Ексклузивно! Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите – http://t.co/SE7JIgxb Цар!
Ексклузивно! Кинеска компонента виновна за немирите во автобусите – http://t.co/SE7JIgxb Цар!
najjako http://t.co/eOwDn5Un (via @sociablesite)