Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

15883560223_0c00ecb746_z

Мал вовед:

Студентскиот пленум – неформалната организација на студентите, која го обединува најголемото прогресивно јадро на студенти во Македонија, незадоволна од новите реформи во образованието со која се губи Автономијата на Универзитетите и незадоволни од начинот на кој власта се однесува со нив и нивните барања (измените во законот се донесоа во 3.00 часот наутро, без претходно да се вклучи Студентскиот пленум во дебатата за измените на законот, која всушност и ја немаше), како крајна мерка на отпор ги окупираа Факултетите. На студентите им се приклучија и професори од Професорскиот пленум

До сега, окупирани се Филозофскиот, Филолошкиот, Правниот и Економскиот факултет од УКИМ во Скопје.

Медиумска покриеност на „окупацијата“ во која учествуваа илјадници студенти, од страна на националните телевизии и посебно од Македонската Телевизија, нема, или најблаго речено – е очајна. Првиот ден од окупацијата, медиумската покриеност на прорежимските телевизии, кои воедно се и најголемите телевизиски куќи и се гледаат низ цела Македонија, изгледаше вака:

– На Вестите во 16.00 на Сител, веста за окупирањето, беше спомната во 16.27 минути, во траење од 1 минута и 30. секунди
– Од МТВ, што ја плаќаме сите граѓани на Македонија и која мора да пренесе објективно, во Вестите од 17.00 часот, веста беше пренесена во 17.25 во траење од 0 минути и 55 секунди, или со букви – веста траеше педесет и пет секунди?!
– Во Вестите на Алфа ТВ од 17.30, веста беше спомната во 17.55 во траење од 1 минута и 20 секунди.

На сите овие телевизии, не им е заеднички само негативната конотација во која се коментираше окупирањето на факултетите, туку и тоа дека редоследно веста во Вестите, беше пласирана речиси во ист термин (во 25тата минута од Вестите). Просто да не ти се верува колку се оркестрирани?!

На оние пак телевизии, кои не се под капата на режимот: Телма, 24 Вести, Алсат М, (само Телма се гледа низ цела Македонија), известувањето беше објективно, Вестите започнуваа со окупацијата.

16503738305_9e89ccab5a_z

Затоа, настапуваме вака – партизански и тука ќе се обидеме да ги собериме и архивираме на едно место сите видео и фото содржините од пријателите на Студентскиот пленум, од слободарските интернет портали, а и лични снимени материјали од учесници и посматрачи, каде што се следи текот на првиот ден од окупацијата на факултетите.

(Marija Prévert)

Напомена: Постот ќе се апдејтираат како што ќе пристигнуваат нови содржини. Можете и вие тука во коменар, или на овој пост на фејсбук во коментар да предлагате содржини од првиот ден од окупацијата. Клик на линковите за да ве однесат до видео и фото содржините.

До сега собрани линкови за Автономната зона:

Нова ТВ:

– Прва студентска окупација во Македонија

Студентите го зазедоа Филозофскиот факултет

Студентите го окупираат и Правниот, ќе спијат на факултетите

Окупацијата на студентите продолжува на Економскиот факултет

Повик за солидарност со студентите: Граѓаните да донираат храна на Филолошки

Со вреќи за спиење, студентите се распоредија по предавалните на УКИМ

Атмосфера од првата вечер

Синоличка Трпкова: Ако треба ќе спиеме на Универзитетот заедно со студентите

А1 Он:

Кој ќе го запре гласот на студентите

Студентите и професорите ја пеат студентската химна

Студентите го ослободија Универзитето

Видео од професор Катерина Колозова:

– Faculty of Philosophy-Skopje occupied by the students who have reclaimed university autonomy

Радио Моф:

Акција за утринско будење на Економскиот и Правниот факултет

Прва вечер од окупацијата на УКИМ – студентите креативни и одлучни

Александар Поповски: „Диво Месо за слободата“

Студентски Пленум:

Автономен бурек– упад на студентите во емисијата „Јади Бурек“

Културно образовна програма за ден 2

Окупација на УКИМ, ден први 

Автономна зона + Автономна зона фото галерија

Фокус:

Окупација на Универзитетот

Вечерна атмосфера во окупираниот Универзитет

Факултети МК

Студентската окупација низ фотографии

Плус инфо:

На Филозофски факултет вриеше како во кошница

Фликер галерии:

Окупирај 1!

Окупирај 2!

Видео интермецо со Marija Prévert што остава без здив:

Autumn Leaves (Les Feuilles Mortes)

Кажи зошто ме остави

La Vie en Rose

Емрах Х Реџеп: Фото 

Елени Мицковска:

Свирни за #ПоздравПленумци

Филозовски – Автономна зона

Мета МК:

– Студентите ги окупираа и факултетите и предавањата

Студентите заспаа со музика, се разбудија со професорите

Официјални страни на Студентски пленум:

www.studentskiplenum.org

https://www.facebook.com/СтудентскиПленум

twitter.com/studentplenum1

 

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Разно

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива