Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

rsz_nino

По вчерашните реакции на јавноста за висината на наградите кои се доделуваат во последно време на нашите музички фестивали, денес, добитниците на првите награди (секој по 20 000 евра) – Ламбе Алабаковски – Скопски фестивал и Ноно Величковски – Фолк фест Валандово, се огласија со соопштение, во кое се вели:
– Како резултат на кревката финансиска состојба на нашето Министерство за култура и неможноста тоа да ги покрие финансиските дупки кои настануваат во културното живеење во Македонија, ние двајцата добитници на првите награди решивме од вкупната сума која ја добивме за победа на фестивалите да задржиме само по 500 евра, а остатокот од 19 500 или заедно вкупно 39 000 евра ќе го донираме во Музичкото училиште во Битола,

На прашањето од нашиот пара репортер зошто Ламбе чекал речиси цела година за да се реши на овој потег, портпаролот на двајцата пеачи ни одговори:

– Времето не беше пресудно, но имавме дилема. Дилемата беше, дали овие сретства да се дадат за музичката подлога за новата фонтана што ќе се гради на плоштадот во Скопје, или пак за Музичкото училиште во Битола? На крај сепак решивме тоа да биде Музичкото училиште во Битола каде Ламбе ги направи и првите музички чекори. Воедно и’ благодариме на македонската јавност што ни обрна внимание.

Ламбе и Нино,  ем ја покажаа својата хуманост на дело, ем и удрија морален шамар на Министерката за култура, за тоа како треба правилно да се распоредат сретствата спрема потребите. (наш коментар).

п.с. По само еден час откако излезе ова соопштение, со слични соопштенија се јавија и второ наградените (освен Биба Додева, која пред некој ден револтирано реагираше дека се’ уште не и легнале сретствата на сметка, па сега нема пари да си ја плати киријата) и трето наградените од двата фестивали. Премиерот Никола Груевски пак, не пропушти да ја искористи приликата и излезе со поддршка за нашите поп и фолк ѕвезди. Мора да се забележи дека дури ја читаше поддршката за ваквиот добар гест на Ламбе и Нино, Премиерот во позадина ја имаше целата поп и фолк македонска естрада.

Пара пост

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Пара пост

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива