Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Neue Slowenische vs. Macedonische Kunst

16729535_1747744372208740_1335909599372388090_nГостински пост на Џанго помалиот

Пред некој ден, испровоциран од еден безначаен лик, набрзина напишав пост за Лајбах и Новата словенечка уметност.

Сепак, темата заслужува многу поголемо внимание. Од аспект на тоа, како некој одлично се справил со сопствената фрустрација. Под „некој“, мислам на нација.

Ќе се обидам да бидам краток, а нестрпливите ФБ читатели нека ме прескокнат или … ене го Твитер 🙂

Нова Словенечка Уметност (Neue Slowenische Kunst) е движење СО (однапред дефиниран) КОНЦЕПТ. Формирано во Словенија во почетокот на 80-ти години (нешто помалку од деценија пред да се разгорат сите оние националистички кланици на територијата на бивша СФРЈ)

„Костурот“ на NSK беа Laibach (музика), IRWIN (сликарство/визуелна уметност) и Scipion Nasice Sisters Theatre (театар)

Идеја: Да се преживеат сите словенечки фрустрации наново ( и они ги имаат, немаме фрустрации само ние и вмро). „Германската врска“, чудните врски со фашизмот, вродената инфериорност од колективното сеќавање на австроунгарија…

Средства: Музика, визуелизација, моќни театарски спектакли. Навистина моќни, дотогаш невидени на силните театарски центри во бивша СФРЈ.
Во крајна линија, од оваа дистанца, се’ се сведуваше навистина на Нова Уметност, ама сепак Уметност, во есенцијална форма.

Начин: Провокација на се’. На целата „тогашност“. Употреба на наци-иконографија, мистични ритуали, масовки кои потетуваат на големите митинзи, а се нешто спротивно… да не должам…
За мене, најфасцинантна беше театарска група. Имаа само три големи претстави (за широка публика) и концепт да се самоукинат после третата: The Sister Letter, The Resurrection и The Self-Destruction (Ја имав таа среќа да ја гледам последната во Сава центар)

Се разбира дека оваа „појава“ на NSK беше скандал од југословенски размери. Беа проскибирани (особено Лајбах). Наспроти сегашниве лаги за „комунистичките стеги“ во тоа време, сепак имаа простор, а верувам и пари од тогашната матична република.

Понатаму е чисто. Словенците се „ослободија од себе“ и сега се таму каде што се.

Во тоа време, во Македонија. На музичка сцена се појави Мизар кој дури имаше и некоја ЈУ кариера, ама за мене беа само лигав отпечаток на Лајбах. Се појави силна алтернативна театарска сцена, особено во тогашен 25-ти Мај, ама без концепт. Само блесоци. Одлични блесоци.

Главно, „новите теми“ и не беа нови. Само осовремени. Доволно е да се земат раните драми на Стефановски-Унковски. Одлично, но ни оддалеку доволно за пробив и ослободување на македонецот од себе.

Сликарство, не следев особено, ама Станковски беше еден од потенцијалите. Да, Рембрант. Овој денешниот монструм (чудесна преобразба).
Сето тоа остана заглавено во тогашните зачадени чајџилници во турска чаршија, со благи обиди за вонинституционална артикулација. Од таа генерација, единствено Коља остана консеквентен. Барем јас колку што следев и паметам.

Денес, Тричковски е на таа линија, ама требало тогаш. Самоубиството на македонецот за повторно да се роди, за да стане НОРМАЛЕН, требаше да се случи многу порано.

Сега, само ги трпиме последиците на нашата инертност, мрзеливост, недуховитост и некреативност. Организирана некреативност.

Празниот простор е завземен од суштествата од канализација.
Но, борбата продолжува

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Култура, Став

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива