Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Предизборна медиумска калакурница 2011, би бил поднаслов на постов.

Што се случува:
Во 5 минути до 12 часот, се сменуваат правилата на маркетинг огласувањето.
Во 4 до 12 се бараат оправдувања.
Во 3 до 12 се објавуваат промените.
Во 2 минути до 12, веќе се чувствува мирисот на кешот.
Во една минута до дванаесет, ништо друго освен шушканицата во џебот/сметката не е битно.
Во 12.00 часот, веќе е доцна драги мои.
Во ова издишано морално-изјебано време, да бараш некоја логика и грижа за корисниците, е наивно, знам! Затоа, во името на ‘наивните‘, глупавите, изебаните… а во рубриката пронајди ги сличностите, погледнете ги скриншотовите (снимени 04,05,2011г.) од некои од највлијателните портали, агенции и ТВ куќи во Македонија. И тоа, онака – ждрагао во ист ден, на прва позиција, волеј!

(благодарност на Салатоски за линковите)

НЗС од сите горни скриншотови би бил, Пи-шаница. Но, ајде де…

До сега, не сум забележал ваква медиумско-морална и политичко-партиски зачинета аномалија. Комуниколозите, маркетинг агенциите… ќе знаат да ја оправдаат ваквата опсада, секако, гледано низ призмата на пазарната логика, но бруталната моќ на парите која се манифестира со „Отчетот“  на ВМРО  ДПМНЕ спроведен на бескрупулозен начин (ај да те видам одби 1400 евра за една недела на пример?) одма и сега е куриозитет кога се работи за Македонија.

На што ме асоцира ова?
Нели, партиските каравани се шетаат од еден во друг град и со себе покрај другите камили ги влечат и естрадните ни ѕвезди како циркуски експонати. Во тие случаи се шпекулира со четири, па и 5 цифрени суми во евра за секој естраден кловн одделно и во зависност дали кловнот е амбасадор на културата, или победник на Гоце фест, Калинка, маалски пич, нејм ит. И ги шетаат и тапшаат до секој забит на забитлинава. Тие од друга страна ги гушкаш запотените мишки на работодавачот и сонуваат за Банско, Ибица и ги боли кур, се дури тие им го овозможуваат сонот. Но, нели, тие велат: Тезгариме! Велат, немаат врска со кампањата на налогодавачите, туку ја анимираат насобраната толпа. Велат – без идеологија, туку за пари, кој понуди повеќе. Како стока.
Каде е тука асоцијацијата? Па, тезгарите и вие драги мои (горенаведени) портали, агенции…
Тезгарите и коленичарите! Ќе не удостоите ли и вие со Отчет за вашите неславни ‘5 минути‘? А, или ќе помине за месец дена, кој видел-видел, башка од нешто мора да се живее.

Онака, на прва, вие ми личите на Цеца!
Но, кога веќе немате газ да истраете, дајте бар цицки да се изнагледаме, опа-цупа, наааа…..
Ама цицки не гледам, Цецо?!

Ајде, Цецо мори!

Додаток  05.05.2011

На горната дружина им се придружиле и Сител, Вечер, Дневник, Курир, Спортденес, Нетпрес и Бркајработа (инфо klikstermkd). Позициите на поставените банери и кај другиве се исти. Новост е што временски ротираат два банери. Едниот е тој со „Отчет“, а другиот е уште „поинвентивен“ и фактички е антиреклама за конкурент насловен како „Ексклузивно! Директен пренос од штабот на Бранко Црвенкоски“.

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

22 Responses so far.

  1. Нов блог пост „Медиумско тезгарење – Отчет“ #RibaroMK http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  2. čipov says:

    Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  3. iskric says:

    RT @ribaro: Нов блог пост „Медиумско тезгарење – Отчет“ #RibaroMK http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  4. RT @hemicarot: Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  5. RT @ribaro нов блог пост 'Медиумско тезгарење – Отчет' – http://bit.ly/lbRg7O

  6. mitkovetta says:

    RT @Arheoblog: RT @ribaro нов блог пост 'Медиумско тезгарење – Отчет' – http://bit.ly/lbRg7O

  7. :| says:

    Убаво кажано RT @ribaro Нов блог пост „Медиумско тезгарење – Отчет“ #RibaroMK http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  8. Aleksandar says:

    RT @ribaro: Нов блог пост „Медиумско тезгарење – Отчет“ #RibaroMK http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  9. Добар.Само што повеќето од овие “влијателни“ портали никогаш не сум ги отворил RT @ribaro: Медиумско тезгарење – Отчет http://bit.ly/krmB6Q

  10. Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/ kudos za @ribaro

  11. RT @woona: Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/ kudos za @ribaro

  12. RT @woona: Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/ kudos za @ribaro

  13. Igor says:

    Зар и ти сине Бруте! Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/

  14. RT @apostolov80: RT @woona: Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/ kudos za @ribaro

  15. RT @apostolov80: RT @woona: Медиумско тезгарење – Отчет – http://ribaro.mk/mediumsko-tezgarenje/ kudos za @ribaro

  16. @mkrobot коа пишав дека тезгарите http://t.co/LXpkfVNd велевте какам и не разбирам пазарна логика, е па сеа види логика #timemk @darko156

  17. Jovan Petrov says:

    @mkrobot коа пишав дека тезгарите http://t.co/LXpkfVNd велевте какам и не разбирам пазарна логика, е па сеа види логика #timemk @darko156

  18. therealpsmst says:

    @mkrobot коа пишав дека тезгарите http://t.co/LXpkfVNd велевте какам и не разбирам пазарна логика, е па сеа види логика #timemk @darko156

  19. edencoek says:

    @mkrobot коа пишав дека тезгарите http://t.co/LXpkfVNd велевте какам и не разбирам пазарна логика, е па сеа види логика #timemk @darko156

  20. Bozidar says:

    @mkrobot коа пишав дека тезгарите http://t.co/LXpkfVNd велевте какам и не разбирам пазарна логика, е па сеа види логика #timemk @darko156


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива