Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Ме цензурираа

CensureМе цензурираа!

Видеото „Ти се Македонија – Проект на студентите на Р. Македонија“, (линк до цензурираното видео: http://youtu.be/P11uVKNRcNg), инаку, вторoто видео од трилогијата за студентските протести на тема ‪#‎СтудентскиМарш,‬ веќе не можете да го гледате на мојот канал на YouTube.

Од YouTube, ме известија дека извесен “zoreski” пријавил “copyright takedown notice”. Прво мислев да не се заморувам со интриги и дека “zoreski” е некој фиктивен акаунт, но откако и по сугестија и на моите Фејсбук пријатели проверив, се работи за лицето Љупчо Зорески, линк до неговиот Јутјуб акаунт.

Гугл вели дека Љупчо Зорески, човекот што пријавил на Јутјуб за да го тргнат видеото, до неодамна (според Марнет, до 07-05-2014) бил единствениот администратиевен и технички контакт на официјалниот сајт  на владеачката ВМРО ДПМНЕ

glavno

(линк до регистерот Марнет од каде е земен скриншотот http://reg.marnet.net.mk/registar.php?dom=vmro.mk

После ова, јасно ми беше сè и не продолжив понатаму, зашто нели, нема никаква потреба од дополнителни објаснувања.

Се сеќавам дека јас овој човек Љупчо, го знам (не лично) уште од она убаво време на Блогерај. Тогаш се појавуваше со никот „кичевчанец“ и ми беше така ок. блог пријателче – си комунициравме коректно, бар јас така сум мислел.

Инаку, прво не ми се веруваше, како е можно да ми биде избришан клипот, зашто речиси за сите битни материјали кои ги користев во клипот имав побарано дозвола од авторите, освен за аудиото од кампањата „Ти си Македонија – проект на Владата на Република Македонија“, зашто нели, тоа е правено со наши буџетски пари, а ова мое видео е некомерцијално – активистичко. Во еден клип од 1 минута користам десетици, а некогаш и стотици различни елементи и секако некаде на некого му го имам нарушено „авторското право“, но досега никогаш (освен кога се работело за копирајт на музика) сум немал случај Јутјуб да ми цензурира клип за да не се гледа.

Ако мислат дека така ќе ме замолчат, многу се излажале, напротив: БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

Видеото сега е хостирано на Вимео, и можете да го погледнете на следниот линк: http://vimeo.com/114385305

Пред да биде цензурирано, видеото беше преземено и од порталите: Окно, Канал 77, Плусинфо

Овде можете да го погледнете и првиот клип од трилогијата за студентските протести со наслов: „Заминуваме – проект на граѓаните на Р. Македонија“. линк: http://youtu.be/XN0ZtF_oNms

Линк до мојот канал на Јутјуб: https://www.youtube.com/ribarotube 

Следи ме и на Фејсбук: www.facebook.com/RibaroMK

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:

6 Responses so far.

  1. Sasho says:

    Друже Рибар, ми ти го накршија…
    Напротив, придадоа важност и причина да го споделуваме… Ти е гајле, сигурен сум дека со „цензурарта“, ти обезбедија минимум 3 пати поголем трафик и 5 пати фазла прегледи на видеото. Идемо даље!
    Кој копча како овие пробуваат да не еб.т, че си сподели, а на кој добро му иди од сексо, че си чути и че си продолжи да скрола

  2. […] Видеото хостирано на Јутјуб е цензурирано. На овој линк погледнете кој стои „ин флагранти“позади цензурата: http://ribaro.mk/me-cenzuriraa/   […]

  3. новица says:

    KEEP THE VIDEO ON THE INTERNETS
    http://novica.discindo.org/node/767

  4. Aleksandar says:

    Малку стара статијава но сепак интересна за читање! Ако го види некој ова таман да се потсетиме 🙂


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива