Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

M‘чам… уште тро

Мораш прво да го погледнеш клипот!

Остај шо кажуваат и не/зборуваат овие од видеово, туку, ќутат бе, мумии. А толку многу мислат дека имаат да кажат, или кажале чинат. На кого ве потсеќа ова, а? Можеш да изнаремпаш милион прашања и извичници да констатираш, комплетираш, редови да корегираш, но…
… Но друго е кога ќе се чуе глас, кога ќе се погледнат очи. Тогаш се има чувство на доверба, некоја блискост или одбивност… сеедно, бар си начисто ебате, ако не друго. Одам така – талкам од клик на клик, читам, препрочитувам, пастирам, линкам, влегувам од замка во офсајд, па ме наткреваат на волеј, па со пет(иц)а, ме дриблаат, дриблам, па пак волеј. Одам и букмаркирам. Сакам се‘ да примам и малку ми е денот, ноќта не е моја, на соништата е ноќта. А мислиш дека тие се твои? Надвор паѓа снег…
Значи гласот: рапав, млитав, баритон, сопран… преку куров – каков сака нека биде гласот важно да струни и бранува нешто човечко. Можеби не е до гласот, може да е до слухот?
Таман имам сега време да го „озвучам“. Ај понатака…

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Разно

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    katika напиша:

    Битно е да имаш избор…што ќе направиш со него те прави поразличен или ист со другите! 26 Декември, 2007 – 03:55 | избриши | одговори)

    #
    istoчna напиша:

    aj да си ќутам… Sticking out tongue
    u pravo si druze
    26 Декември, 2007 – 04:25 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    За мене си подобар кога “мрчиш“ … “M‘чам“ – не е за тебе …
    26 Декември, 2007 – 11:33 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Имаме ли избор Катика?
    Источ, би молчел со тебе секогаш Smiling
    Волан, … уште тро Eye-wink
    26 Декември, 2007 – 19:46 | избриши | одговори)

    #
    no_one напиша:

    фино…. 26 Декември, 2007 – 19:49 | избриши | одговори)

    #
    KLIKER напиша:

    Богами, треба да имаш слух за да поентираш со макази Smiling
    26 Декември, 2007 – 21:36 | избриши | одговори)

    #
    виолетова напиша:

    ме потсети на еден стих:
    `едни молчат секој сам за себе,
    други ја негуваат заедничката тишина…
    но, само со молчење можеш до бога
    не можеш со викање…`
    27 Декември, 2007 – 00:23 | избриши | одговори)

    #
    katika напиша:

    Па да…освен ако не си условен,… ако нешто не ти се доапѓа на ignore го ставаш….не користиш мобилни, не гледаш ТВ…ја и такви луѓе знам…имав професор на факултет кој и ден денес не користи мобилен…што повеќе индивидуалци во секое поле, и нема да биде чудно ништо од ова… 27 Декември, 2007 – 00:36 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Kliker, ама сепак со шут мора да се поентира, а не да си Шут, нели? Smiling
    Вајолет, е затоа ќе си кажам/викам јас, не ми се среќава со Него сеуште… ма ќе си кажувам и таму сигур…
    Кати… Јас јас јас… секој за своето ЈАС.
    Ма ќе го озвучам.
    Не со bug
    него перстројка ќе му дам
    Не со дум
    туку со ум
    ум
    ум
    уум?
    ууууууууу!
    у у у у у у!
    28 Декември, 2007 – 03:04 | избриши | измени | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Рибаро, како и обично добра поента! Smiling Многу добар клип, екстра!
    Мислам дека тие барем “нешто” кажаа со своето молчење…. Нешто има и во молчењето, на некој начин. Ние овде (МК) само молчиме, ама буквално. Smiling Или можеби сме далеку од вакво “молчење”…. не знам.,
    Поздрав!
    П.С. Сакам стално вака да молчиш цела наредна година. Eye-wink Ќе знам дека си жив и здрав! Eye-wink Smiling
    28 Декември, 2007 – 10:17 | избриши | одговори)

    #
    funky junky напиша:

    Срекна нова 2008 батосе најфино.Поздрав РИБАРО!! 31 Декември, 2007 – 16:02 | избриши | одговори)

    #
    encyclopedia ga… напиша:

    Среќна Нова година, блог-пријателе!
    Срдечно!
    31 Декември, 2007 – 16:13 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива