Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Како понатаму?

Stop-Torture-edit31404233914

Никогаш до сега немам споделено цел текст од некој друг на мојов блог, но нели, за сè има прв пат.

Ова е текст на Арсим Зеколи:

Длабочината и ширината на колапсот на една држава во режија на ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и нивните странски спонзори е веќе вртоглава и невозможна да се опфати со коментари и анализи. Македонија е веќе класифицирана за Case Study за последиците на де-факто нихилизмот на власта опфатена во криминал и амнестирана од времените кратковиди де-јуре амнестии на меѓународната заедница, првенствено САД и ЕУ.

Секоја држава има своја мафија, некои мафии имаат свои држави, но нашиот пример е патологија без преседан и дијагноза за што може да се случи кога државата, мафијата, расизмот, национал-социализмот, психо-патологијата на болни умови и интересите на меѓународната заедница се сплотат во создавањето на една дебело-слојна и скапа пропагандна лага и ментална манипулација наметнато врз цело едно општество. Скандал е мал збор, ниту приближно адекватен за барем делумна илустрација на грозоморноста на злосторството сторено врз нас.

Хистерични кикотења на незрели личности, крвнички шкргутања со заби на искомплексирани типови, уживање во улогата на одлучувач за нечиј живот и смрт, пазарење со луѓе како кванташка стока, отворено фалење со својата духовна скапаност – што да се издвои како капитален шок ефект кога по се судејќи најшокантното допрва треба да го слушнеме? Како понатаму кога по секое преслушување на компилациите на зверството се тресеме пред сознанието дека ние не само што немаме република или демократија туку немаме ни цивилизацијски минимум на човечки стандарди а камоли базичен политички бон-тон?

Македонија веќе не мора да чека на следниот вторник или петок за да во себе донесе решителна и конечна одлука дека ниту еден лик, маж или жена, од сегашните први, втори, ешалони на ДПМНЕ, ДУИ, ДПА не смеат да бидат веќе никогаш ставени во било каква служба од интерес на граѓаните. Дека сите министри, пратеници, партијски функционери на централно и локално ниво треба да бидат ставени под службена забрана за државна и општествена служба и појавување во јавноста за барем следните 30 години. Се помалку од тоа е предавство на човештвото во нас и заблуда која пак повторно ќе треба циклично да ја доживееме и пропатиме. Сите овие ликови, скотови на нашите македонски и албански заблуди, предолго време беа модели за иљадници млади луѓе. На крај, сите тие, до еден, мораат – апсолутно и беспоговорно – да завршат како предупредувачки доказни модели за сегашните и идни генерации за каде завршуваат оние кои поради лични интереси и ментални заболувања едно цивилизирано општество сведуваат на животињска фарма на страв, терор, смрт.

Неприфатливи се, потполно, тврдењата дека никој од надвор не знаел за барем добар дел од ова што ни се има правено од страна на владејачките партии. Едноставно неприфатливо. Невозможно е да се одбегне чувството дека луѓето на една земја биле намерно подврганти на еден патолошки, длабоко болен социален експеримент во име на стабилноста, во чие име не си имаат инсталирано и сервирано расисти, шовинисти, психопати кои ни ги имаат фалено како надежни демократи, како морални величини, како политички модели. Како да се избегне очајот на освестувањето дека САД и ЕУ во земјата со години го промовирале и бранеле токму она што го исмејуваат и осудуваат во путинистичка русија или ердоганска турција. Како да не ви се изобличи лицето во кисела гримаса на гадливост кога истите тие странски “партнери” сега буткаат раце во понтие-пилатски легени за миење раце, глумејќи “шокираност”.

Што уште треба да “увреѓените и изненаѓените” спонзори од САД, ЕУ, Германија допрва слушнат за главните ликови од ДПМНЕ и ДУИ ги стават и вратат на сопствените црни листи, за ЕПП ја избрка ДПМНЕ од своите редови, за да ги затворат портите на своите амбасади за сите нивни членови и членки? Кој “добронамерен” изговор ќе измислат за да си го покријат својот докторски удел во склопувањето на овој Франкештајн без никаква контрола? Или пак веќе спремаат решение во кое “конструктивно” ќе ги убедат и нуткаат сегашните психички пореметени и ислужени скотови да се истават надвор од политичката сцена и на нивно место насадат нови марионети кои ем ќе ги штитат интересите на политичките татковци ем ќе бидат доволно “секси плавуши” за меѓународната заедница.

Нивното мислење е веќе од секондарна, дури и терцијарна важност. Нашето мислење е најважно, токму поради тоа што кога предупредувавме – не етикетираа со најцрни епитети (и сеуште продолжуваат). Предолго се поведуваме според нивните интегративни визии и стратегии, за кои сега гледаме каде и во што не донесоа. Отсега понатаму – ако не се со нас, тие се со крвниците.

Arsim Zekolli

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Колумни

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива