Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Јас – соросоид

Пролет.

Ми стои насловов во драфт постови на блогот уште од пролетта. И пост на ѕидот на Фејсбук виси со истиот наслов уште од не знам веќе која беше пролет наназад. Од пролетта, па наваму, ништо се нема сменето, освен што архивата на блогов, а посебно таа на Фејсбук и Твитер, ми се има мултиплицирано ко за којзнае уште колку пролетти. а и јас сум уште оној истиот од минатата пролет и таа пред неа.

Оваа пролет, сакав да ви раскажам која е „мојата улога“ во ова „злосторничко здружение“ состваено од индивидуалци, групи, критичари, неформални и формални креативци и борци. Едноставно, пролет ми се виде убаво време за да си ја раскажам мојата приказна. Ми се виде како во пролет да е најубаво да кажам дека од мене си побарав да бидам само Јас – соросоидот(!) и ништо повеќе од тоа, па се тагнав на белата слика подолу. Сега пак, пролет или не, не знам дали сте забележале, но последниве 9 години ви ја раскажувам истата приказна, што преку раскази, што преку постови, или преку видео монтажи, секогаш тука на блогот. Ме етикетирате да се чувствувам виновен за тоа дека сум се препознал и во ликот на моите соборци, со кои често знаеме очи да си извадиме само за да ја сочуваме нашата индивидуалност? Или ви пречи тоа што никако не се предаваме и не се откажуваме од вас, од нас, иако се обидувате да нè ставите во трло? Ме етикетирате зашто…

Оваа пролет сакав и да ви се извинам за мојата активност или активна пасивност, но тогаш пак, наредната пролет ќе треба да ви се извинам зашто ви се извинував, па се откажав. Оваа пролет сакав да се извинам и за вашата пасивна пасивност, па после ми текна дека ќе треба да ви се извинам за мојата доследност, па пак се откажав од извинувањето.

Можеби некоја убава пролет, ти ќе успееш да побегнеш од своите стравови и ќе се тагнеш на белата слика подолу? Можеби некоја нормална пролет ќе ги надминеш и ти срамовите кои насилно се обидуваат да ти ги наметнат медиумските битанги, па ќе се тагнеш на белата слика подолу? Можеби некоја убава пролет и ти ќе успееш да ги истресеш од себе предрасудите и да се пронајдиш себеси подолу во белата слика, па ќе се тагнеш? Таа убава пролет ќе нема потреба од извинувања, верувај.

А можеш и да не се тагнеш. Пролетта и тогаш ќе биде убаво годишно време за прераскажување, а јас уште ќе бидам оној – соросоидот, кој ќе ви е виновен за сè и пу за тебе и пу за сите спас. А, ако треба и ќе мижам еве… Ама па ич не сум виновен пичкатилепаматеринадатијаебам, зошто да мижам јас, кога ти таков – загурлавен, мижиш со отворени очи?

Еден убав пролетен ден, можеби ќе ти се извинам за овој пролетен пост што го пишувам во доцна есен. Е, тек тоа ќе биде убава пролет за паметење.

white

 

Борбата продолжува!

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Categories: Став

Коментирај со Фејсбук:


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива