Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Social_MediaВо петок, 11-ти декември 2009 год. во организација на Центарот за нови медиуми ќе се одржи обука: Основи на Интернет огласување. Наталија Трајчевска и Дарко Булдиоски се предавачите на оваа обука што се одржува во Македонија, поточно во просториите на Клубот на новинари во Скопје.

Ексклузивно за овој блог, Дарко Булдиоски – комуниколог и активен учесник во локалната, регионална и глобалната интернет сфера и двигател на многу семинари, конференции од областа на новите медиуми,  познат на нет просторот како Дарко156, коавтор на блоговите Комуникации и Интернет маркетинг блог, а од пред две години и асистент на Њујорк Универзитетот Скопје, каде предава вовед во нови медиуми, социјални медиуми и онлајн новинарство,  одговори на неколку прашања:

Мислите ли дека во Македонија е создадена критичка маса на консументи за овој начин на промоција?

Зависи за кој тип на производ или услуга станува збор, но сепак за да решите да се рекламирате на Интернет не е потребна голема маса. Потребно е вашата целна публика да е таму и вие да знаете како да ја најдете и да и ја прикажете вашата реклама, се разбира и како да го направите тоа за малку пари со максимален ефект.

Кои се искуствата и ефектите од интернет презентацијата во регионот и пошироко?

Сè зависи од тоа колку добро е подготвена и управувана кампањата. Имам и позитивни и негативни примери. Можностите се големи, како ќе се искористата зависи од познавањето на целокупниот процес и од способноста за адаптирање. Позитивни ефекти и бројки секако дека има. Не секогаш се тие врзни за класичните банер реклами, туку за контекстуалното рекламирање и рекалмирањето на социјалните медиуми. Секој од овие канали носи различен ефект кој треба да се знае, очекува.

За кого е наменета оваа обука?

Интернетот е место како измислено за малите играчи. За компаниите кои немаат голем годишен буџет за рекламирање и за компаниите кои имаат производи и услуги кои се наменети за помала публика до која тешко може да се допре преку масовните медиуми. Токму за нив во прв план е наменета оваа обука. Секако, тука се и поголемите компании кои сега за сега доминираат во нашиот интернет простор кога станува збор за огласувачи, но тие најчесто одат преку своите агенции кои исто така се целна група на оваа обука.

Што повеќе се добива со ефикасна интернет презентација. Која е разликата помеѓу класичниот и интернет маркетингот?

На Интернет можете да го следите однесувањето на вашиот потенцијален купувач со повеќе детали. Може да следите каде се откажал: во процесот на нарачка, во процесот на одлучување… Може да ја видите неговата директна реакција, брзо и едноставно и веднаша да отпочнете некој вид на директна комуникација за да му понудите нешто повеќе и поразлично.

Како се создаде тимот кој стои позади оваа обука?

Како Центар за нови медиуми веќе некое време се подготвуваме за старт со вакви обуки. Едноставно, дојде време и решивме дека може да се започне. Изборот на тоа кој ќе биде активен дел од оваа обука не беше воопшто тежок. Секој од нас во тимот си има свој домен во кој повеќе има искуство и знаење. Јас и Наталија сме поблиски со овие теми, тоа може и да се види и со основањето на емаркетинг блогот. За следните обуки, кои ќе ги има и на други теми, тимот ќе биде друг, зависно од темата секако.

Не ми преостанува ништо друго освен да се надевам дека нема да се пропушти оваа ретка шанса, од прва рака и од искусни презентери, да се навлезе во тајните на интернет презентацијата, што се наметнува како  неминовност во време кога пенетрацијата на интернетот и популарноста на социјалните медиуми во Македонија е со вртоглав раст.

За детална агенда околу тоа што ќе опфати оваа обука и потполнување на пријавата за обуката, одете на официјалниот сајт на newmedia.org.mk

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

29 Responses so far.

  1. RT @ribaro: Обука за интернет оглсување, интервју со Дарко Булдиоски http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/ [блог пост #RibaroМК]

    • Marylouise says:

      "Don't forget Goolagong's contemporary Kiri Te Kanawa, an opera suqetstar.&puor; She's been Dame Kiri for thirty years. It's my impression that writers and actors get that sort of honour often, opera singers rarely.

  2. RT: @ribaro: Обука за интернет оглсување, интервју со Дарко Булдиоски http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/ [блог пост #RibaroМК]

  3. Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски – http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/

  4. Natalija says:

    Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски – http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/

  5. Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски – http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/

  6. kihuPotru says:

    интересна тема, провокативна во денешно време. обучувачите полни со знаење – се на се одлично искуство за тие што ке присуствуваат.

    p.s. квалитетни новинарски прашања.

  7. sead93 says:

    RT @velkov: Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски – http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/

  8. Благодарам за укажана можност. Ај честито нов жанр постови на блогов 🙂

    • Kindsey says:

      oye he eliminado porque me daba la secnasión que el enlace no quedaba bien y al ponerlo otra vez ,me he dado cuenta que pasa igual,si no puedes llegar te lo mando por correo,no se dime algo guapa,un besazo

  9. Nadamo se nekom stream-u ili barem twitter PRenosu!
    Pozdrav za prijatelje 😉

  10. сега за сега немаме во план такво нешто 🙂 затвоена е, комерцијална. ќе снимаме сигурно, може подоцна ќе извадиме best of 🙂

    за твитови верувам дека ќе има 🙂 ако не од учесниците од нас сигурно 🙂

    поздрав Драгана 🙂

    • Nevaeh says:

      I simply want to mention Iࢋm new to blogs and really loved your blog. Probably I’m likely to bookmark your site . You actually have perfect articles. Thanks a bunch for sharing your web site.

  11. ribaro says:

    Nice to see you here Dragana. Поздрав, најголем! 🙂

  12. Одлична тема.
    Македонските компании сеуште не се свесни и го потценуваат интернетот како нивен терен за работа, но сепак, можеби бавно работите одат во позитивна насока.

    • ribaro says:

      потребна е мејнстрим поддршка, само така сè уште кинисуваат работите кај нас, за жал. инаку, не знам дали следеше, конференцијата беше организирана беспрекорно!

    • River says:

      I still have not fully recovered from seeing your baby picture taken with Pippi Loikstocgnng. Oh, my! My genetic sister, Marion, has red hair…and Pippi was our favorite book character growing up…so it brought back so much for me, a rush of tenderness and laughter. Thank you for being among us, and for that precious photo of you, and many blessings.

  13. Aбе друже каква поддршка очекуваш, кога сакате да им го земете лепчето. На и онака сиромашниот рекламен колач и интернетџиите му се навртиле… 🙂

    Не може тоа така… А во моментов кога во Македонија картичното работење преку интернет го нема секоја реклама на интернет е безполезна.

    Информирање ДА, но рекламирање и маректинг – НЕ!

  14. Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/

  15. kapsarovb says:

    Нема што да додадам освен добро интервју… море дај почесто вакви 🙂

  16. Goran Mitev says:

    ♻ @kapsarovb: Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски http://2tu.us/1njf

  17. Martin Spa says:

    RT @goranmitev: @kapsarovb: Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски http://2tu.us/1njf

  18. RT: @kapsarovb: Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски http://ribaro.mk/intervju-so-darko-buldioski/

  19. RT @moondowner RT @goranmitev: @kapsarovb: Обука за Интернет огласување, интервју со Дарко Булдиоски http://2tu.us/1njf

  20. Па батка менувај… Што да ти кажам друго…

  21. Bertha says:

    Thank you so much for this i have many beads and this is something i will be making to stay focused and conenctrated on my Sir although i will substitute Master with Sir *grins* we are apart right now and it has been very hard for me to stay focused and get thru this trying time.


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива