Ribaro MK

ништо не е наивно, само така изгледа

Влог: Досие – Именденска б.б.

Тониќ му испраќа писмо на Премиерот со детали од евентуалното исценирано гостување во емисијата…
Сценариото е обработено од повеќе аспекти и треба да ја прикаже наводната опсесивна љубов на народот спрема својот премиер.
Како дошол предлогот на Тониќ во рацете на интернетџиите…?

Што е превземено…?

Погледни:


(За превод на македонски, клик на стрелката во десниот долен агол на плеерот, и одбери “CC”)

линк, ако сакаш да ја видиш целата содржина на документот за која е врзано сижето во филмот.

Technorati tags: , , , , , , , , , , , , ,

Ви се допаѓа? Споделете го со вашите пријатели

Би можело да те интересира:

Коментирај со Фејсбук:

One Response so far.

  1. admin says:

    #
    hemicarot напиша:

    так нормално , таргет се туристите , и на заборавајте колеги на сс да кликнете за титлои Evil
    27 Декември, 2008 – 01:40 | избриши | одговори)

    #
    cOOOklOOOk напиша:

    Ribaro прати на Илинденска 80 и се ке биде ок!Smiling
    Поздрав
    27 Декември, 2008 – 01:44 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling
    Не си со сите, еве де! Стомак ме заболе од смеење Smiling
    Сепак – преостро е, компарацијата со Хитлер е интригантна, опасна и повеќеслојно имплицирачка, ама…. ужасно добро направено!

    п.с. биди спремен и за тужба. Ниш да не те изненаде. А и ние блогерите не ќе е лошо да отвориме еден солидарен фонд за секој случај Eye-wink Smiling
    27 Декември, 2008 – 01:46 | избриши | одговори)

    #
    GULIVER напиша:

    Рибар полтронов што прави вакви Гебелсови сценарија е Томиќ .

    А ако сакаш да го следиш твојот возљубен пастир Грујо денес Сабота од 21h пред ТВ-приемникот па да видиш до каде оди човековата бедотија.
    27 Декември, 2008 – 01:52 | избриши | одговори)

    #
    gocajaska напиша:

    … Smiling … Море Рибаро еден , шо рипчиња си нафаќал , ама ниедно не се јади бре море … Smiling …
    27 Декември, 2008 – 02:05 | избриши | одговори)

    #
    GULIVER напиша:

    Е мори Гоцо ти се занесуваш дека си некоја риба.

    Таквите риби како тебе јас на мачорот му ги давам.
    27 Декември, 2008 – 02:12 | избриши | одговори)

    #
    gocajaska напиша:

    … нермој Гуливер ме исплаши од твојо мачор … ха,ха … ииииииииииииииууууууууууууууууум ТУП … ( ПАДНАВ ВО НЕСВЕС ОД ТВОЈО МАЧЕНЦЕНЦЕ )
    27 Декември, 2008 – 03:27 | избриши | одговори)

    #
    bezpardon напиша:

    Хе хе хе стварно е дорбро друже…. Одлично направено поззз… 27 Декември, 2008 – 11:27 | избриши | одговори)

    #
    u pm напиша:

    Вие сте цц Smiling) не се срамете http://www.youtube.com/watch?v=vl4DFW5xGFw ајд пак на тренинг
    27 Декември, 2008 – 12:57 | избриши | одговори)

    #
    Lost series напиша:

    Хахаха, ова мислам дека ти е најдобро до сега. =))
    Посебно со тој што го направи дека се преобразил во жена, закон! Smiling Smiling Smiling
    27 Декември, 2008 – 13:30 | избриши | одговори)

    #
    виолетова напиша:

    …сигурно од пазарче го купил мобилниот!!! Smiling Sticking out tongue
    27 Декември, 2008 – 16:49 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ми јавија повеќе блогери дека не можеле да го видат преводот на клипот. Начинот е следен: Кликаш на стрелката од долниот десен агол на плеерот и потоа одбираш CC. Преводот стартува по првата минута од клипот.
    28 Декември, 2008 – 22:13 | избриши | одговори)

    #
    волан напиша:

    RIBARO,

    би било убаво твојот последен коментар да го едитираш во постот … не се сите стручњаци за ЈуТјуб … башка без текстот од титлот кој си го пишал влогот нема смисла …

    инаку си актуелен и супер идеја … која е користена и на други места во нашите простори … сличен влог имаше и еден хрватски твој колега на истиот филм … но со нивните јунаци министри и премиер …

    нормално ни на крај памет не ми паѓа да те обвинувам за плагијат … ке се потрудам утре да ти едитирам линк од хрватскиот влог на истата тема …

    проблем со влоговите е што многу долго време трае изработката па се губи актуелноста … овојпат си ептен актуелен и навремен …

    искрајно незнам дали Тониќ го направи интервјуто како што плаираше по сценариото … или некаде мостовите потонаа … можеби под притисок на интернет андерграудот – ја сменија режијата …

    поздрав.
    28 Декември, 2008 – 22:37 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Волан, јас пронајдов десетина клипови, а го видов денес и хрватскиот. Сите се на интересни теми. 28 Декември, 2008 – 22:46 | избриши | измени | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    И на сајтот на А1 има видео сторија каде се спомнува заговорот
    http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=377
    29 Декември, 2008 – 12:44 | избриши | измени | одговори)

    #
    vinetу-nl напиша:

    Е стварно Мохиканците никош не биле во помрачен период…
    30 Декември, 2008 – 00:43 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Guliver, признај дека не го гледаше спотот со subtitle, туку онака се залета?
    Индијански, дали гледаш каква остра реакција има на блогерајот повду тоа Smiling. Многу интересно ми е да споредам реакцијата тука со онаа на youtube каналот. Ми кажува тоа многу работи.
    Поздрав до остала дружина шо остави афирмативни коментари.
    30 Декември, 2008 – 11:41 | избриши | одговори)

    #
    alexandro напиша:

    Спотот е одлично направен и во право време!
    Е сега можи политички не ми е по ќеиф, ама… Eye-wink
    Уште не те викнале на информативен разговор Smiling?
    30 Декември, 2008 – 11:44 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Вчера на пресс. ме амнестираа 🙂 30 Декември, 2008 – 12:18 | избриши | измени | одговори)

    #
    gjurovski напиша:

    Батка, јас да го напраев ова, веднага ќе одев кај Шеќерка да ми искешира едно пет тисуча еврејчиња. Појак си од нивните платени новинарковци и медиумковци за цело копје…
    Ако не директно, бар преку Сорос нека ти дадат некое грантче!
    А и тие не мора да чекаат да појдеш. Па Нова Година е, башка Божиќ, нека се отчестат со некое поклонче.
    720 посети а 20 коментари? Пуууу блогерчињава шо се храбриииии…
    30 Декември, 2008 – 12:50 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Колку да си го имам во архива. пишале и во денешен Вест. Линк до написот
    30 Декември, 2008 – 13:42 | избриши | измени | одговори)

    #
    hemicarot напиша:

    а-аа , амнестираа 18 , другите ќе почекаат Evil
    30 Декември, 2008 – 13:46 | избриши | одговори)

    #
    ЛУДА ГЛАВА напиша:

    да те кажам? Smiling Smiling Smiling Smiling

    глеј:
    http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161571&idg=8&idb=2562&rubrika=Makedonija
    30 Декември, 2008 – 14:24 | избриши | одговори)

    #
    kibicer напиша:

    Рибаро,
    елементу непријателски. Признај дека Грците ти го имаат монтирано клипов. Признај дека работиш за странски служби. Признај дека зема пари за да ја минираш преродбата. Признај….

    поздрав.
    30 Декември, 2008 – 20:21 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    ЛГ, знаеш дека те… Smiling
    Кибиц, признавам сè ама не сакам да ми се прости ни пола… Smiling
    Признавам и дека бурно ја почнав, но не мислев вака бурно да ја завршам округлава година…
    Признавам, дека годинава и не ми го донесе тоа што најмногу го сакав…
    Признавам, не ми недостасува блогерајов ваков каков што сега е…
    Мене ми е доста од мене за годинава!
    Среќни празници на сите!
    30 Декември, 2008 – 23:21 | избриши | одговори)

    #
    gocajaska напиша:

    … Smiling … СРЕЌЕН ПРАЗНИК И НА ТЕБЕ … Smiling …
    30 Декември, 2008 – 23:30 | избриши | одговори)

    #
    jurak OT petrof напиша:

    клипов го видов еднаш. не ме насмеа, но јас сум тежок на смеење.
    мислам дека со ова не правиш никакво поместување – ниту на својот задник, ниту пак на задниците на инволвираните.
    има едно бајато клише, што го користат апсолутно сите кечери надвор од политичката сцена, а ја толкуваат истата – навистина ме мрзи да редам имиња – треба да бидеш опозиција!
    земи ко пр. билокој од нив, сеедно, сите се кријат зад грешките на др. тоа е неприфатливо. уметноста не е во трикот за голиот цар – тоа е бајка за народ. уметноста не треба да се занимава со политика на 1 место, но тоа апче е така слатко и секој би побрзал да го голтне.
    ангажирана уметност е утка на старт. мислам дека ВИП кажа нешо за Ацо – за дисциплината која ја ора – би можел да дотолкувам;
    Ацо е др. тип на ѕверка. Ацо фрла со др. камења и обично не се обидува неговата мета да биде нечија глава. се сеќавам на неговото шоу во Музеј на Современа, мислам беше, со семките – тоа е неверојатен ангажман затоа што експлодира од стил и нуди чиста порака.
    ти немаш порака, Рибар. каде е? јас не можам да ја видам. ти плукаш в празно. ако не’ носиш на серење, подели папир, конструирај шоља, дај писоар нешо – билошто. не знам дали ме следиш. не сакам зло. уметноста не смее да носи зло во себе. ниту ефтин паланечки шарм. уметноста не треба да ја посере од смеа Оксиморон, туку да ја удави во нејзините гомна. ова е обид за метафора, не знам колку е практично да објаснувам.
    30 Декември, 2008 – 23:39 | избриши | одговори)

    #
    oksimoron напиша:

    Незнаев дека толку ти значи моето мислење Јурак! Кажувај вакви работи, убаво е да се знае Smiling

    Иначе, не ми бери гајле… сум пливала јас во секакви гомна, и свои и туѓи. Па и во удав метафори. Eye-wink Smiling
    31 Декември, 2008 – 10:49 | избриши | одговори)

    #
    Natka напиша:

    Од секогаш сум почитувала авангарда, интелигенција,секнд опинион и сум сакала андерграунд сцена, живот, инфо… секоја чест! (y)
    Се’ најубаво во Новата Година! Smiling
    Се читаме!
    31 Декември, 2008 – 12:16 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Знам!
    Јурак, да, нема поместување овде на блогерај, факт. Да, не го поместив ни мојов многу, факт. Но мора да боцкам таму кај што ме чеша, оти ме сврби многу и од навика на сврбеж не се поместував ни за милиметар. Знаеш, она ко че навикниш и не го сеќаваш, се соживуваш со нештото.
    Уметноста е крик кој ангажира и ослободува!
    Секоја уметност е ангажирана, инаку ќе ја снема како балон од сапуница, ќе испари безцелно. Политички ангажираната уметност е депласирана до некаде (мислам на неа целеше), а и тоа е дискутабилно, зашто сè е политички ангажман, ако се земе така. Земи го џезот или блузот за попластично, што е тоа ако не политичка порака спакувана уметнички. Земи ги графитите за пример. Јас еве сакам да пишам графит, ама зашто не знам да го спакувам во една реченица го спакував во 5 минутно видео, ти го пакуваш во поезија или проза. Ништо не е на тацна. Човек кој сака да промени нешто, уствари да влијае на промените, мора да е инволвиран, не политички – партиски, ами политички свесно.
    Тоа што овде, кај нас, политиката, шарлатанизмот, популизмот… дај реди други девијации, се изедначуваат, е сосема друга ствар.
    За да гги развалиме тие вредности и приврзоци ќе треба побааѓи политичко-уметники ангаажман, колку и смешно да звучи формулацијава. Не за друго, така полесно се допира, или ајде ако сакаш така полесно се испраќа порака.
    Јасно ми е зошто не препозна порака овде, не ни требаше ти да препознаеш. Ако зборуваше погоре за таков ангажман, тогаш си прав. Реакциите на мејнстримот говорат дека се мрдна малку, за момент, нешто, повторно, не овде на платформава,ама се мрдна.
    Интерсно е што, овој пат реакцијата во мејнстримот беше поголема, или поконкретна отколку овде, никогаш не било така до сега. Не знам дали е арно или лошо тоа?!
    За пораката: не знам, мислам дека не сум способен за тоа. Повеќе сакам да посочам. Мислам дека знам тоа да го правам, или не, сеедно, сепак тоа го правам. Начинот кој го одбрав за да посочам, сега е адаптибилен, признавам, за поинаков ќе ми треба повеќе време.
    Изнарембав вака фрагмети, ама мислам дека сум јасен.
    1 Јануари, 2009 – 18:43 | избриши | одговори)

    #
    BejbiBlu напиша:

    да, иако фали поента, клипчево е добро, многу добро.

    некогаш е сосема доволно и да се посочи. посебно кога нешто од некаде смрди.

    поздрав, ова оди во мој избор, ко за сефте.
    4 Јануари, 2009 – 22:06 | избриши | одговори)

    #
    istoчna напиша:

    друже…
    ти си доказ дека човекот од храброста до лудоста го дели само еден чекор… Sticking out tongue
    6 Јануари, 2009 – 03:30 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    bejbiblu, шо знам дали ти е паметно тоа ко за сефте, но аирлија нека ти е Smiling
    источ, познавам многу такви заебани типци, а и типки и типаци и тупаци и типкаци, тупкаци, ту ту ру ту ту…. Smiling
    6 Јануари, 2009 – 23:29 | избриши | одговори)

    #
    tesakav напиша:

    Јас сум десничар
    Но, понеписмено и пољигаво писмо од ова на ТОМИЌ не сум сретнал. На што ке личеше ако тек премиерот беше “навлечен“ да гостува.
    Еден ИЌ неможа да ја сака МКД повеке од нас. Масерманга. Видел профит и лиже газ.
    Твојата сатира е сосема на место.
    6 Јануари, 2009 – 23:40 | избриши | одговори)

    #
    ристеее напиша:

    Клипов е супер. Само не треба да се остане на еден клип. Убаво би било и другите блогери да се активираат во ‘уметничкото‘ творење и изготвување на клипови. Материјал има … колку сакаш. И може најнакрај да се избере најинвентивен клип од македонскиот блогерај. 8 Јануари, 2009 – 18:52 | избриши | одговори)

    #
    RIBARO напиша:

    Ајде Ристеее, како предлагач завлечи прв нога 🙂 9 Јануари, 2009 – 16:11 | избриши | измени | одговори)

    #
    as roma напиша:

    хаххахахах браво мајсторе!

    сосема реално ја отсликуваш ситуацијата, а и споредбата со хитлер ти е на место!Eye-wink
    9 Јануари, 2009 – 17:29 | избриши | одговори)

    #
    Gringo de Sousa напиша:

    Браво Рибаро!!! Обожавам вакви работи! Im in!!!

    Најголема уметност од лошото да направиш добро…И сам кажа Џез, Блуз, Хип-хоп…Се е тоа уметност…

    Не е уметност да се опиеш и издрогираш и да напишеш песна и сите да се чудат шо сакал да каже поетот, или да го сватиш кога и ти ќе се опиеш и издрогираш…

    Најинтелегентните луѓе се тoкму оние кои во лошото ќе најдат забава за да ги насмеат и развеселат другите…

    Поздрав!
    9 Јануари, 2009 – 18:30 | избриши | одговори)

    #
    poenтирање напиша:

    За тој што неможи да ја најди поентата еве му еден виц па нека бара.
    Да не ги препричавам овде другите, идеме само со делот за македонецот.
    Фатиле канибали тројца, французин, германец и македонец. Се најале, седнале и препричаваат кој каков бил по вкус. Делот за македонецот е.
    Канибалов прича, што јадење сум тргнал, мераци, глава мека, празна, стигам до рбет, кога таму нема рбет, мераци само мевце, стигам до газот уште поголеми мераци, таму наоѓам уште двајца напикани.
    Накратко тоа е, Тониќ и другата боранија, браво за претходниот коментар.
    Рибаро, цепи и остај боранија нека бара поента во квази уметност.
    9 Јануари, 2009 – 20:01 | избриши | одговори)


Sponsors

  • Лиценца

    Creative Commons License
    Овој блог - дело by ribaro е лиценциран со Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално 2.5 Macedonia License.
    Засновано врз работата на блогот: ribaro.mk.
  • Пик

  • Категории

  • Архива